Георгиев: Уставните измени само прв, но не и единствен услов за земјава - Канал 5

Георгиев: Уставните измени само прв, но не и единствен услов за земјава

Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев изјави дека впишувањето на Бугарите во Уставот е прв, но не и единствен услов за почеток на преговорите на земјава за членство во ЕУ 

Георгиев: Уставните измени само прв, но не и единствен услов за земјава

Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев изјави дека впишувањето на Бугарите во Уставот е прв, но не и единствен услов за почеток на преговорите на земјава за членство во ЕУ и оти тоа не е билатералност туку спроведување на европскиот консензус.

-Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов. Односно, не е добро да се испушта во целиот тој разговор, со евентуална цел - за која се надевам дека не е така, ако впишувањето се случи и се исполни условот за уставни измени согласно европскиот консензус, некој да рече: „ете ви кажавме дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“, изјави Георгиев за емисијата „Брисел 1“.

Тој оцени дека освен уставните измени, европски консензус има и спроведување на Договорот за добрососедство во Бугарија и протоколите кои произлегуваат до него, како и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата.

-Сето тоа треба да биде факт, во спротивно нема да има исполнување на европскиот конесуз, нема да има исполнување на заклучоците на Советот, а доколку тоа не е факт нема да може да се пристапи кон отворање на првиот Кластер, каде што се човековите права, изјави Георгиев.

Шефот на бугарската дипломатија оцени дека уставните измени само ќе го отворат патот за европската интеграција, а тука треба да се исполнат и другите услови кои и ги поставила ЕУ, додавајќи дека тоа не е никаква билатералност или отворено меѓудржавно прашање.

Георгиев исто така истакна оти не сфаќа зошто македонските политичари молчат пред своите граѓани и уставните измени ги претставуваат како единствено, а не како прво барање во процесот.

-Затоа постојано добронамерно им велам на колегите, навистина не сакам да дозволам да се мисли дека тоа се прави тенденциозно и со некаква задна намера. Спротивно на тоа има многу јасно црно на бело напишани услови преку кои процесот се движи, изјави Георгиев.

Бугарскиот министер додаде дека позицијата на Софија е кристално јасна и таа нема да го смени својот став, ниту има нешто кое ќе го побие европскиот консензус постигнат во 2022 година за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, зад кој, како што вели, стои целата ЕУ.

Вчера високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, истакна дека ако се погледне на мапата, Западен Балкан географски е во Европа и затоа земјите од тој регион треба да бидат во Европската Унија, што го прави процесот на проширување многу важен и треба да продолжиме со него.

На прес-конференцијата по завршувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, каде синоќа се одржа и неформална вечера на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и на државите од ЗБ посветена на безбедноста и одбраната, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, Калас истакна дека е јасно оти стабилноста и безбедноста на регионот е од суштинско значење, а најдобар начин за намалување на тензиите е сите земји од Западниот Балкан да се вклучат во ЕУ.

- Тогаш ќе има помалку тензии, затоа што Европската Унија е мировен проект и работи на смирување на тензиите меѓу тие земји, рече Калас, додавајќи дека пораките се многу јасни, бидејќи и анкетите покажуваат дека поддршката за ЕУ во државите од регионот е генерално многу висока.

Во неделата шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Луксембург оствари средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која се разговарало за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес.

-Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ, соопшти Миистерството за надворешни работи и надворешна трговија, соопшти МНР.

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката  пештера во САД, а снимката е застрашувачка и неверојатна.

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решиле и да го повторат неверојатниот подвиг.

Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштање камера во пештерата на нивниот профил.

Ова е фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабока јама за слободен пад, со пад од неверојатни 179 метри.

Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решиле таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.

На снимката се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што и камерата полека се ротира како резултат на тоа што е спуштена на долга жица закачена на електрична дупчалка.

Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да се појави и излезе од длабочината на јамата.

YouTube video

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Долф ручал со сопругата 28 годишната Ема Крокдал и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс.

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Сите биле во опуштени модни комбинации.

Долф носи фармерки и црна маичка, над која има кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носи фармерки и црна маица.

Инаку мајка на Ајда и Грета е Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година.

Актерот познат по своите улоги во акциони филмски хитови инаку во брак е со 40 години помладата Ема од јули 2023 година додека водеше битка со ракот. на неговата битка со ракот.

Долф Лунгрен ја доби битката со тешката болест .

Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.

притисни ентер