БалканГеоргиев демантира дека Бугарија влегува во воениот сојуз со Косово, Албанија и ХрватскаБугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев ги демантира информациите за неофицијален интерес на Бугарија за приклучување кон заедничката декларација за одбрана на Албанија, Хрватска и Косово.Демантот на бугарскиот министер за надворешни работи доаѓа по изјавата на министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, кој во интервју за ТРТ Балкан кажа дека имаат потврда од Бугарија, која претходно разговарала со хрватскиот министер за одбрана, за да се придружи кон тројниот договор, што беше потпишан на 18 март во Тирана. Одговарајќи на пратеничко прашање, Георгиев нагласи дека Бугарија е запознаена со иницијативата и дека внимателно го анализира текстот на документот, но во ниту еден момент не била консултирана или официјално поканета да се приклучи кон иницијативата. во врска со неодамнешниот договор за одбранбена соработка меѓу Србија и Унгарија, Георгиев изјави дека Бугарија не може да го коментира, бидејќи станува збор за билатерален документ во кој Бугарија не е страна.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава за полициски службеник: Испукал повеќе истрели од огнено оружје (ВИДЕО)Кривична пријава за полициски службеник за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик. Имено на 22.05.2026 пријавениот полициски службеник во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против З.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево со мала облачностВремето денес ќе биде сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
ХороскопДневен хороскоп за 10. јули 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 10. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска на својата најдрага личност би можеле да и рааскажете цел еден роман. Внимавајте да запрете на време. Кариера Некои ќе заминат на кратко службено патување, каде ќе наидат на добра шанса за проширување на дејноста со која се занимаваат. Здравје и совет Претерувате со консумирања. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете почувствителни отколку вообичаено , па ќе ја покажете својата ранлива особина. Сепак , немојте да станете патетични. Кариера Вашите надредени денеска би можеле да покажат наклонетост кон вас , а таквиот став би можел малку да ве изненади. Здравје и совет Денот е создаден за убави работи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед што во вашите односи има мала дистанца , денешниот ден ќе ви донесе подобрување и романтика. Кариера на никого ништо не му замерувате , па сепак лесно ги откривате завидливците. Ги нзате ,но немојте да им обрнувате внимание. Здравје и совет Имате сила за двајца. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе размислувате дали една љубовна фаза да ја приведете кон крај , па да свртите нов лист. Засега само ќе размислувате. Кариера Денеска конечно ќе созреат условите за една деловна соработка , а вие самите од тоа ќе научите нешто. Здравје и совет Слушајте ги луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата интуиција денеска правилно ќе ве води и ќе ви покажува дали да тргнете или да застанете. Потпрете се на неа. Кариера Ќе го направите она што морате да го направите, зашто од вас се очекува да играте по правилата на играта. Тоа не значи дека ќе загубите нешто лично. Здравје и совет Немојте постојано да се провлекувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе сонувате за нешто што го нема , но тоа ќе ве извлече од љубовната летаргија во која сега се наоѓате. Кариера Денеска веројатно ќе бидете пофалени и тоа ќе ви извлече насмевка на лицето. Ќе работите уште подобро. Здравје и совет Расте вашата самодоверба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Чувството дека се ќе биде добро ќе ве наведе на поголема отвореност во личните односи , а потоа ќе дојде и до подобрување. Кариера Веројатно ќе ја проширите соработката со млади сработници на работното место. Тие ќе бидат конструктивни , а вие инспиративни. Здравје и совет Ќе бидете трезвени во секој аспект на делувањето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние во врска ќе се договараат околу некои заеднички навики , а оние кои живеат заедно ќе постават правила. Кариера Доколку сте чекале вработување , нови работни услови или слично , денеска состојбите ќе созреат за такво нешто. Здравје и совет Ослободете се од нездравите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Они кои се во стабилни врски денеска имаат шанси за да го подобрат својот однос преку сексуалност. Кариера За жал , не можете ништо да прескокнете или да заобиколите. Утврдете ги јасно правилата на работата , па ќе ви биде полесно. Здравје и совет Оддалечете се од непријатните места и луѓе. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние во стабилни врски денеска ќе поработат на својот еротски живот и така ќе настојуваат да се зближат со партнерот. Кариера Малите тековни задачи се решаваат добро , а денеска ве посматраат лица кои би сакале да вложат средства во она што го работите. Здравје и совет Обидете се да се наспиете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ја враќате романтиката во својата врска. Партнерот е воодушевен. Некои тоа го прават преку убава вечераз а двајца. Кариера Ќе прифатите секаква работа и ќе бидете благодарни што е така. Станувате свесни дека сте среќник кому нешто му се нуди. Здравје и совет Мали грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се чувствувате кајко да сте исфрлени од игра. Не тагувајте поради тоа , зашто ќе помине како што дошло. Кариера Не дозволувајте други да манипулираат со вас. Дури и кога ви упатуваат слатки зборови , не заборавајте кои се крутериумите на професионалност. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter