Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
1Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
3Продолжува амандманската расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба
ЖивотГенијален трик со помош на кој на авион ќе можете да понесете повеќе багаж бесплатноАко ви пречи тоа што не можете да понесете доволно облека бидејќи вашата авионска карта вклучува само рачен багаж, еве едно интересно решение.Една корисничка на Тикток открива генијален трик за избегнување на трошоците за багаж, а за сето тоа ви е потребно само една навлака за перница. 21-годишната Белгијка секоја година оди на одмор со авион и со тек на време научила неколку трикови за своите авантури. Отсекогаш и пречело тоа што не може да понесе доволно облека, бидејќи нејзината карта вклучувала само рачен багаж. На видеото кое го сподели на социјалната мрежа Тикток, таа шета низ аеродромот со полна навлака од перница, а персоналот на авиокомпанијата воопшто не ја прегледува. Подоцна во видеото, таа пристигнува во хотел и ја отвора навлаката фрлајќи ги парчињата облека на креветот, покажувајќи всушност што имало внатре. Таа ги советува нејзините придружници, навлаката да ја полнат исклучиво со меки работи за во текот на летот да ја користат. Исто така, додава и да не се однесувате сомничаво зашто не правите ништо погрешно. Корисниците на Тикток беа воодушевени од нејзината идеја. Видеото има повеќе од 40 милиони прегледи, но и коментари: - Ја надмудри авиокомпанијата, генијална идеја! –напишал еден од корисниците. - Многу паметно, ќе го пробам на следното патување со авион – додала друга корисничка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државатаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Перински ќе даде отчет за активностите и проектитеМинистерот Перински ќе даде отчет за активностите и проектите кои Министерството за локална самоуправа ги реализираше во изминативе две години.Денес во 11.30 часот, по повод две години Влада, министерот за локална самоуправа, м-р. Златко Перински, ќе одржи прес - конференција во Медија центарот на Владата.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува амандманската расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска службаВо Собранието денеска заседава комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.Во Собранието денеска заседава комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е продолжувањето на амандманската расправа за предлог-законот за судска служба и предлог-законот за јавнообвинителска служба, двата во второ читање. За предлог-законот за судска служба се поднесени над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, додека за законот за јавнообвинителска служба се доставени 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. Заменик-министерот за правда Ален Деребан во своето образложение истакна дека законските решенија се резултат на подолготраен и инклузивен процес, усогласен со актуелната правна рамка и реформските приоритети на државата. Тој посочи дека работните текстови биле изработени пред околу една година и ставени на јавна консултација преку ЕНЕР, при што пристигнале бројни забелешки од институции, експерти и засегнати страни, кои биле разгледани и делумно вградени во финалните предлози.Тагови: собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter