Генетиката на партнерот влијае и врз здравјето на личноста со која е во љубовна врска! - Канал 5

Генетиката на партнерот влијае и врз здравјето на личноста со која е во љубовна врска!

Запрепастувачки резултати од научни истражувања

Генетиката на партнерот влијае и врз здравјето на личноста со која е во љубовна врска!

Фокусот на истражувањето биле три аспекти: телесна тежина, пушење и консумирање алкохол

Според резултатите од новото истражување, група стручњаци дошле до заклучок дека на здравствените навики и исходи на поединецот може да влијае генетската структура на партнерот. Резултатите, кои беа објавени во списанието „Behavior Genetics“ ги изненадиле и самите научници.

Студијата „Партнери во здравството: Истражување на социјалните генетски ефекти помеѓу брачни партнери и помеѓу парови кои живеат заедно“ била спроведена од Каспер Отен и Јорнт Ј. Мандемејкерс.

Истражувачите спровеле студија за да откријат како партнерот може да влијае врз здравјето на личноста со која е во врска. Целта била да се истражи концептот на социјалниот генетски ефект, односно да се открие како влијаат генетските фактори од опкружувањето на една личност, како што е генотипот на партнерот врз сопствениот фенотип (забележливи карактеристики или особини).

- Мојот главен интерес беше да ја истражам комбинацијата на социјалните навики и генетиката. Очигледно е дека однесувањето делумно е генетски определено, но повеќето општествени науки не се занимаваат со овие биолошки факти. Ако ги земете предвид доказите од општествените науки за тоа како опкружувањето влијание врз однесувањето меѓу партнерите и фактот дека однесувањето има генетска компонента, ќе добиете интересна импликација дека гените на вашиот партнер исто така треба да влијаат на вашето однесување - објаснува Каспер Отен од Универзитетот во Утрехт.

Тежина, пушење и консумирање алкохол

Истражувачите се фокусирале на три здравствени резултати: индекс на телесна маса (БМИ), пушење (број на цигари дневно) и консумирање алкохол (број на пијалоци неделно). Тие користеле полигенски индекси (ПГИ) за мерење на генетската предиспозиција за овие резултати. Полигенските индекси собираат многу мали генетски ефекти ширум геномот за да го предвидат фенотипот на поединецот.

Ако партнерот има генетски предиспозиции за прекумерна тежина, поголема е веројатноста и личноста со која е во врска да има повисок индекс на телесна маса (БМИ). Слично на тоа, ако нивниот партнер имал гени поврзани со зголемено консумирање алкохол или пушење, поголема е веројатноста и личноста со која е во љубовна врска да ги прифати овие навики.

- Станува очигледно дека гените не влијаат само на поединецот, туку и на луѓето околу него. Тоа значи дека врз вашето однесување не влијаат само на вашите гени, туку и гените на луѓето околу вас. Ваквите социјални генетски ефекти се широко утврдени кај неколку животински видови, но доказите за нивно влијание и врз луѓето досега беа ограничени. Овие резултати ја нагласуваат важноста да се земе предвид генетското влијание на партнерите при проучување на здравствените навики и социјалната средина. Разбирањето на социјалните генетски ефекти може да има импликации врз здравствените интервенции и програмите за превенција, како и врз идентификувањето на поединецот кој би можел да е почувствителен на влијанието на партнерот - заклучува Отен.

Сепак, како и сите истражувања, и ова истражување има некои ограничувања. Испитаниците биле главно повозрасни лица, така што резултатите можеби нема да бидат целосно генерализирани и врз помладата популација. Покрај тоа, студијата опфаќала само луѓе со европско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер