ЖивотГенетичарот Тодор Арсов меѓу најзаслужните за слободата на „мајката убиец“ од АвстралијаКатлин Фолбиг позната како „мајката убиец“, австралијанката која пред 20 години беше обвиниета за смртта на своите четири деца првото починато било во 1989 година, а последното во 1999 година денес е на слобода. Таа добила вкупно 40 години затворска казна за убиство. Тогашната истрага покажала дека смртта на првото дете е несраќа, смртта на второто дете предизвикало соменж кај обвинителите. Откако починале и третото и четвртото било пресудно дека Катлин е виновна. Но, во овој случај победи науката велат генетичарите. Македонскиот професор по генетика Тодор Арсов бил дел од тимот на истражувачи во Австралија кои докажаа дека децата имале генетско нарушување „Синдорм или нагло необјаснета смрт во детството“. Арсов во тоа време живеел и бил на австралискиот национален универзитет каде со професорката Карола Винуеса која денеска работи во Лондон Англија и биле повикани од адвокатскиот им на Фолбиг да најдат биолошко објаснување за смртта на децата. Професорите Арсов и Винуеса веќе работеле на таков случај каде истражувале скоро ист случај на смрт кај деца со семејство од Македонија. „Проблематично на некој начин за судот и обвинителството е да разберат дека и смртниот исход кај некои од овие генетски болести е исто така валидна болест да кажаеме, која може да се повторува. Тоа нешто што била необјаснета смрт во семејството од рана детска возраст тој т.н синдорм за нагла смрт определен дел од овие семејстава имаат монгогенски болести кои се пренесуваат на предвидлив начин и го зголемуваат ризикот за болеста со смртен исход да се повторува“, вели проф.д-р Тодор Арсов Универзитет „Гоце Делчев“ Штип Арсов вели дека се почнало како една невозможна мисија. Тој секој ден бил во затворот во Сиднеј каде била Фолбиг со земање на биолошки материјали од неа, па потоа ги истражувал оставените анализи од четирите бебиња. „Од нејзиниот геном можевме да бараме пристап до примероците од децата. За некои од починатите деца имаше биолошки материјал во смисол на замрзнато ткиво. Во Австралија многу години назад постои новороденички скриниг за наследни болести и се чуваат овие крвни дамки на филтер хартија. И ние од тие мали мали дамки со користење на новите технологии во генетиката да дојдеме до резултати“, обајснува Арсов за канал 5. Но, ова не е прв случај, по многуте во минатото кога многу жени биле осудувани како „мајки убијци“. Арсов вели дека Катлин во целиот процес никогаш немала омрза кон никого. Тоа за него било дополнителен мотив да ја докаже нејзината правда со помош на науката. Таа денеска живее кај нејзината пријателка, која била единствена која и верувала дека таа не ги убила своите чеда. Сопругот и по пресудата не верува во сега докажната невиност и не ја контактирал. Ова медицинско истражување е објавено и во истражувањео „Scince“ со посебен акцент на истражувањето на доктор Арсов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста ценаОд полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар..Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада. Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта КосКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook