Генералното собрание на ОН му дозволи на Зеленски виртуелно да им се обрати на светските лидери

Генералното собрание на ОН денеска гласаше да му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да им се обрати на светските лидери виртуелно, во однапред снимен говор.

Генералното собрание на ОН денеска гласаше да му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да им се обрати на светските лидери виртуелно, во однапред снимен говор, следната недела, поради потребата да биде во земјата која е под руска инвазија.

Со тоа е направен исклучок од важечката обврска на Генералното собрание дека сите лидери мора да зборуваат лично.

Телото од 193 членови го одобри виртуелното обраќање на Зеленски со 101 глас за, седум против и 19 воздржани, меѓу кои беше и Кина. Седумте земји кои беа против се Белорусија, Куба, Еритреја, Никарагва, Северна Кореја, Русија и Сирија.

Во одобрениот документ се изразува загриженост што лидерите на „мирољубивите“ суверени земји-членки на ОН не можат лично да учествуваат „од причини надвор од нивна контрола поради тековната странска инвазија, агресија, воени непријателства кои не дозволуваат безбедно заминување и враќање во нивните земји или потребата од извршување на нивните национални одбранбени и безбедносни должности и функции“.

Документот предложен од Украина и кој имаше повеќе од 50 коспонзори му дозволува на Зеленски да поднесе претходно снимена изјава што ќе се пушти во Генералното собрание. Во него се наведува дека нема да претставува преседан за идни состаноци на високо ниво на Генералното собрание.

Поради пандемијата на Ковид-19, годишниот собир на светските лидери во Генералното собрание беше целосно виртуелен во 2020 година и хибриден во 2021 година. Оваа година Генералното собрание одлучи сите обраќања да бидат лични.

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. 

Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.

Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.

Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности. /МИА

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита./МИА

Колумбија најави прекин на дипломатските односи со Израел поради војната во Газа

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави синоќа дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Појасот Газа. 

Петро претходно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.

„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има геноциден претседател“, нагласи синоќа Петро во Богота на собир по повод Меѓународниот ден на трудот. Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, нагласи тој. /МИА

притисни ентер