Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик - Канал 5

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре во Рејкјавик ќе се одржи годишниот состанок на генералните секретари на европските национални федерации.

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

На собирот кој е закажан за 15. мај, во главниот град на Исланд, главните оперативци ќе разговараат на повеќе важни теми

На состанокот, кој во ваков формат се организира веќе трета година по ред, претставува важна платформа за размена на искуства, идеи и зајакнување на соработката меѓу националните федерации ширум Европа.Ќе бидат присутни генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Стојчевски, и потпретседателот, Младен Ѓуроски.

На агендата на состанокот се предвидени повеќе актуелни и значајни теми за европската и светската кошарка, меѓу кои полова подобност, судењето, осигурување, 3x3 кошарката, новиот изглед на ФИБА Евро Купот како и новитетите поврзани со ФИБА Европскиот Куп, процесот на ЛОК/НЦАА лига, односно трансфери на европските играчи во европските лиги.

Годишниот состанок во Рејкјавик претставува уште една можност за продлабочување на соработката и координацијата меѓу европските федерации, со фокус на идниот развој на кошарката на континентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓаните

​СДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓаните

СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт.

ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години има јасна доверба од граѓаните. Оттука, секојдневно работи за секој еден граѓанин за неговиот животен стандард, за подобра околина, за околина во која важат европските стандарди.

И кога станува збор за избори, СДС нека не измислува, нека не зборува за алиби. Или како што вели Филипче, од СДС немало да бидат алиби за избори.

ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето постоење прави само едно, мисли и работи за граѓаните, не бара никакво алиби.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба „имерзивна трансформација на глаголицата“ во музејот на современа уметност

Изложба насловена  „имерзивна трансформација на глаголицата“ на дизајнерот, уметник и интердисциплинарен истражувач Лазе Трипков е отворена во музејот на современата уметност во Скопје. 

Изложба  „имерзивна трансформација на глаголицата“ во музејот на современа уметност

Неговите истражувања траеле 6 години, а досега изложбата била претставена во Словачка, Малта и Скандинавија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар

За половина година – реализирани речиси половина од планираните капитални инвестиции.

За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар

Заклучно со 30 ти јули, според податоците објавени на министерството за финансии расходите на буџетските корисници наменети за патишта, училишта, студентски домови, болници, здравствени апарати, спортски објекти, опрема, софтвери, се реалзизирани со 47,74 % од вкупно предвидени околу 659 милиони евра.

Со висок процент на реализација на листата на министерството за финансии, која брои вкупно 85 буџетски корисници, е министерството за транспорт. Од предвидени нешто над 168 милиони евра, за 6 месеци реализирани биле над 165 милиони или 83,73%, а за трошење имаат само уште 30-тина милиони евра.

Владата и СОЗР искористиле по 67% односно 59,95% од вкупните средства кој им биле на располагање, со што на Владата и остануваат уште околу 6 милиони еввра додека во Службата за општи и заеднички работи преостануваат уште 2 милиони.

Со по околу 38 % искористеност на средствата се министерствата за образование и здравство. Со многу низок процент на реализација на капиталните расходи се издвојуваат министерството за финансии со само 3,86 %, потоа економија, правда како и министерството за одбрана, кое има еден од повисоките буџети за оваа намена, како дел од обврските од членството во НАТО. Сепак, ресорното министерство од вкупнопредвидени околу 150 милиони евра има искористено само 43 или речиси 30%.

За разика од овие, десетина буџетски корисници, немаат потрошено речиси ниту едно евро од предводените пари за капитални инвестиции, такви се фискалниот совет, оперативно техничката агенција, агенција за иновации, биро за судски вештачења.

Инаку со ребалансот на Буџетот, кој беше донесен минатиот месец, капиталните расходи се зголемија за 14,5 %, согласно фискалните правила, тие иснитуции што нема да ги исористат парите, истите ќе им бидат одземени и прераспрелени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер