Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“
1Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
2 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
СветГенералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на ТрампГенералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека ОН соработува со Одборот за мир во Газа, што го основа американскиот претседател Доналд Трамп, но ја опиша пошироката улога на тоа тело како „личен проект“ на американскиот лидер.Во интервју за „Политико“, Гутереш рече дека ОН ја поддржува целта на Одборот за финансирање и спроведување план за реконструкција на Газа, што вклучува обнова на палестинските домови и инфраструктура. „Постои цел што е дефинирана и одобрена од Советот за безбедност и ние активно работиме со структурите што ги создаде Одборот за мир“, рече Гутереш. Сепак, тој ги доведе во прашање пошироките амбиции на организацијата, која Трамп ја основа во септември 2025 година како алтернатива на она што тој го нарече „неуспешни“ меѓународни институции, прогласувајќи се за „доживотен претседател на тоа тело“. Постојаното членство во Одборот бара придонес од милијарда долари. Обединетото Кралство, Канада, Франција и Германија „останаа настрана“, додека Русија и Кина исто така одбија членство, оставајќи ја организацијата претежно со други земји, вклучувајќи ги Белорусија и Азербејџан. Гутереш рече дека, освен планот за реконструкција на Газа, не гледа потреба од Одборот на Трамп. „Се друго сега е личен проект на претседателот Трамп, во кој тој има целосна контрола врз се“, рече тој, додавајќи дека тоа не е ефикасен начин за решавање на меѓународните кризи и дека меѓународното право и принципите на Повелбата на ОН треба да се почитуваат. Гутереш ги даде коментарите за време на посетата на Брисел по повод состанокот на Европскиот совет, каде што една од главните теми беше ситуацијата во Иран. Генералниот секретар на ОН, исто така, истакна дека организацијата може да игра улога во деескалацијата на тензиите во Ормутскиот теснец. Како пример, тој ја наведе Иницијативата за извоз на жито од Црното Море, која ОН ја посредуваше во 2022 година за да овозможи извоз на украинска храна и ѓубрива преку хуманитарен коридор.Тагови: Антонио Гутереш Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаСтоле Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ ќе гостуваат Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо ТасевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МагазинНедостатокот на овој витамин го зголемува ризикот од вирусни инфекции и воспаленијаВитаминот Д игра важна улога во правилното функционирање на телото, а во последниве години, сè повеќе внимание се посветува на неговото влијание врз имунолошкиот систем.Витаминот Д е еден од важните хранливи состојки што придонесуваат за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Телото може да го произведува кога кожата е изложена на сончева светлина, но во текот на зимските месеци, оваа можност е значително намалена. Затоа, доволната количина на витамин Д може да се обезбеди и преку храна или додатоци во исхраната. Покрај учеството во бројни процеси во телото, витаминот Д игра важна улога и во одбраната од инфекции. Неговото дејство е поврзано со неколку механизми што му помагаат на имунолошкиот систем правилно да реагира на различни закани. Витаминот Д придонесува за зачувување на природната заштитна бариера на телото. Мукозните мембрани претставуваат една од првите линии на одбрана од вируси и други микроорганизми, а нивното правилно функционирање е важно за заштита на телото. Витаминот Д, исто така, му помага на имунолошкиот систем правилно да реагира на разни предизвици. Тој придонесува за способноста на телото да се справи со респираторни инфекции, како што се настинки и грип. Ниските нивоа на витамин Д може да бидат почести во текот на зимата, кога изложеноста на сончева светлина е ограничена. На ова посебно се изложени постарите лица, луѓето со потемна кожа и луѓето кои поголемиот дел од времето го поминуваат во затворен простор. На нивото на витамин Д може да влијае и на начинот на живот. Ако поминувате помалку време на отворено и не внесувате доволно од овој витамин преку вашата исхрана, неговите резерви може да се исцрпат. Што значи недостатокот за имунитетот? Кога на телото му недостасува витамин Д, имунолошкиот систем може да нема оптимална поддршка за извршување на своите функции. Ова може да влијае на способноста на телото ефикасно да се заштити од одредени инфекции. Ниските нивоа на витамин Д се поврзани и со потешки симптоми кај одредени респираторни инфекции, како и со подолг период на закрепнување во одредени случаи. Затоа, важно е да водите сметка за внесувањето на овој витамин. Сончева светлина, соодветна исхрана и, кога е потребно, додатоци во исхраната можат да помогнат во одржувањето на оптимални нивоа на овој витамин во телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизамИстражувањето е спроведено на глувци.Според истражување објавено во списанието „Nature Neuroscience“, истражувачи откриле механизам во мозокот кај глувци мажјаци што би можел да поттикнува поголема желба за алкохол кога животните се социјално изолирани. Истражувачите, предводени од Риша Пател од Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, ја проучувале врската помеѓу два дела од мозокот - амигдалата и префронталниот кортекс, пренесува „Шпигел“. Кога глувците што претходно живееле во групи биле изолирани, оваа невронска врска станала значително поактивна, додека пак, мажјаците покажале поголема склоност кон консумирање алкохол. На животните им било дадено да бираат помеѓу две чинии за пиење - едната со чиста вода, а другата со раствор од 15 проценти алкохол. По изолацијата, мажјаците почесто избирале алкохол, додека женките ја намалиле консумацијата. „Нашето истражување покажува дека одреден сигнален пат станува преактивен за време на изолацијата и директно доведува до зголемена консумација на алкохол, и дека мажјаците и женките прибегнуваат кон различни невронски стратегии кога се сами“, изјавила Пател. Истражувачите веруваат дека наодите би можеле да придонесат за подобро разбирање на алкохолизмот кај луѓето. Тие велат дека нарушувањата во слични невронски патишта кај луѓето покажуваат одредени обрасци поврзани со желбата за алкохол и враќање на консумирањето алкохол, додека клиничките истражувања сугерираат дека префронталниот кортекс игра важна улога во овие процеси. Слично и кај луѓето Слични разлики во половите се забележани во истражувања врз луѓето. Минатата година, научници анализирале податоци од околу 17.800 учесници во три големи студии во Германија и откриле дека осамените мажи се посклони кон почесто пиење алкохол и имаат поврзани здравствени ризици. Од друга страна, осамените жени се помалку склони кон пиењето од жените кои не пријавиле осаменост. Сепак, истражувачите нагласуваат дека сè уште не е познато до кој степен наодите извршени врз глувците би можеле да влијаат и кај луѓето, и дека тоа е предмет на идни истражувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45