Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
СветГенерален штрајк во Белгија Според синдикатите, со новите владини планови Белгијците ќе мора да работат подолго за пониски пензии, ќе се еродира Законот за државни службеници и ќе се намали помошта за невработените и за хронично болните лица. Во организација на двата најголеми белгиски синдикати, Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ) денеска во Белгија се одржува еднодневен генерален штрајк поради плановите на Федералната влада за намалување на буџетските трошоци за социјални цели и за реформи во пензискиот систем. - Овие владини мерки ги поткопуваат правата на работниците и темелите на социјалната солидарност во Белгија, се наведува во заедничката синдикална најава за штрајкот. Според синдикатите, со новите владини планови Белгијците ќе мора да работат подолго за пониски пензии, ќе се еродира Законот за државни службеници и ќе се намали помошта за невработените и за хронично болните лица. - Соочени со Влада која ги штити интересите на големите компании и најбогатите на сметка на работниците, пензионерите, младите, жените и најранливите граѓани, повикуваме на масовен отпор низ целата земја, се додава во пораката. Во рамки на штрајкот предвидени се протестни маршови во Брисел, Антверпен, Гент, Шарлроа, Турне, Ајпен, Вервје, Лувјер, Лиеж и Намур. Централниот протест ќе се одржи во Брисел. Тој ќе започне во 10 часот од пред железничката станица „Брисел-Север“, од каде демонстрантите ќе се упатат кон плоштадот Монт де Арт, кој се наоѓа во централното градско подрачје во реонот на Кралската палата и зградите на Федералниот парламент и на повеќе државни институции. На плоштадот е предвидено да се одржи собир на кој ќе се обратат неколкумина синдикални претставници. За време на претходниот генерален штрајк на 31 март беше блокиран поголем дел од земјата, но на денешниот протест нема да учествуваат вработените во јавните комунални служби и општините, кои се очекува да функционираат нормално, како и во образовниот сектор. Поради штрајкот се очекува да бидат откажани 30 до 50 проценти од летовите на бриселскиот аеродром „Завентем“, додаде останатите слетувања и полетувања се очекува да се реализираат со можни доцнења. Од друга страна, откажани се сите летови од аеродромот „Брисел-Шарлроа“, од каде сообраќаат и авионите на релација Скопје-Брисел и обратно. На патниците за Скопје им е препорачано да го презакажат патувањето за друг ден, а во случај на неопходност за патување во текот на денов да се пренасочат кон аеродромот во Мастрихт. Се очекуваат и прекини и застои и во јавниот превоз низ Белгија. Белгиската државна железница СБЦБ/НМБС соопшти дека очекува прекини на железничкиот сообраќај до вечер до 22 часот, додека бриселското јавно сообраќајно претпријатие СТИБ/МИВН предвидува „сериозни нарушувања“ на автобуските, трамвајските и метро линиите. Операторите за јавен превоз, сепак, информираа дека „ќе работат на обезбедување алтернативни услуги“. /МИАТагови: Белгија генерален штрајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметриГо информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација. Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме. Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Што велат овие меѓународни институции? Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен. И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter