Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху - Канал 5

Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху

Тој нагласи дека ИДФ „создале соодветни услови за постигнување договор“ и дека сега е на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја донесе конечната одлука, објави „Тајмс оф Израел“.

Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Ејал Замир изјави за време на посетата на поморската база во Хаифа дека Израел треба да го прифати договорот за ослободување на заложниците и дека сега сè е во рацете на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави Канал 13.

„Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме“, рече Замир.

Тој нагласи дека ИДФ „создале соодветни услови за постигнување договор“ и дека сега е на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја донесе конечната одлука, објави „Тајмс оф Израел“.

Семејствата и роднините на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа протестираа вчера пред домовите на израелските министри барајќи договор за прекин на огнот, објавија локалните медиуми.

Милитантите на Хамас држат 50 заложници во окупираната палестинска енклава, вклучувајќи 49 киднапирани од терористи предводени од Хамас во напад врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Се верува дека 20 заложници се уште се живи, но постои сериозна загриженост за состојбата на двајца заложници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

БМВ подготвува одговор на Г- Класата на Мерцедес (ФОТО)

Mercedes G-Class практично нема директен германски конкурент со децении, но тоа би можело да се промени во следните неколку години.

БМВ подготвува одговор на Г- Класата на Мерцедес (ФОТО)

Откако се појавија информации дека Audi размислува за развој на робустен SUV кој ќе се натпреварува со G-Class, BMW наводно има слични планови.

Иако засега нема официјална потврда од Минхен, во последните месеци се почесто се споменува дека BMW размислува за развој на луксузен SUV кој би можел да се натпреварува со G-Class, но и со Land Rover Defender и идниот модел на Audi.

Добро познатиот дигитален дизајнер Келсоник, чии рендери често се појавуваат во специјализирани медиуми, се обиде да покаже како би можел да изгледа таков автомобил.

Рендерите прикажуваат модерен, но сепак многу робустен BMW со исправен став, проширени браници, големи гуми за сите терени и резервно тркало на задната врата. Предниот дел е украсен со помали „бубрези“ на BMW и тенки LED светла, додека целиот автомобил изгледа поелегантно од Mercedes G-Class, но доволно сериозно за возење надвор од патот. Неговиот дизајн е поблизок до новиот Lexus GX отколку до класичен, целосно коцкест SUV.

Според авторот на рендерот, големите предни отвори за вентилација би можеле да послужат за ладење на двоен турбо V8 моторот на BMW, кој би се вклопил совршено во таков автомобил. Секако, електричниот погон не е исклучен како опција.

Според досегашните информации, евентуалниот SUV на БМВ би можел да пристигне околу 2029 година, доколку проектот добие конечно одобрение. Во меѓувреме, наводно, Audi работи и на сопствена интерпретација на луксузен SUV, што значи дека G-класата конечно би можела да добие двајца сериозни германски конкуренти по многу години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана

По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби.

Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана

По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби, но не и за пиење, ниту пак за подготвување на храна. Ова на прес конференција го кажа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој посочи дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење.

„Во координација сме со Општината во делот на сето она кое треба да се преземе понатаму. Сакам лично да изразам благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа и на сите експерти кои помогнаа да дојдеме до оваа фаза, техничка вода. Се надевам до сите одговорни во рамки на опшините, се надевам дека ова ќе биде за памет и дека ќе постапуваат максимално професионално и во делот на квалитетот на водата, затоа што играње со здравјето на граѓаните нема“, рече Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците ги нападнаа руските градови Ростов и Белгород- има загинати (ВИДЕО)

Украински беспилотни летала го нападнаа рускиот пограничен регион Белгород и градовите во јужна Русија во текот на ноќта, објавија локалните власти и каналите што ги следат воените настани.

Украинците ги нападнаа руските градови Ростов и Белгород- има загинати (ВИДЕО)

Оперативниот штаб на регионот Белгород објави на Телеграм дека 12 лица се повредени во Белгород. Во нападот беа запалени станбена зграда и 15 паркирани автомобили. „Покрај тоа, една куќа беше делумно уништена, а неколку станбени згради беа оштетени“, објави штабот.

Регионот Белгород се наоѓа по должината на границата со Украина, а градот Белгород е оддалечен само околу 27 километри од североисточниот дел на Украина.

Експлозии и во градот на брегот на Азовското Море

Подоцна во текот на ноќта, експлозии одекнаа и во јужниот руски град Ростов на Дон, објави Телеграм каналот Егзиленова Плус.

Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, го потврди украинскиот напад и рече дека една станбена зграда е оштетена. Гувернерот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, рече дека две лица се убиени во градот, додека уште пет се повредени. Тој додаде дека во нападите биле запалени магацини и неколку куќи.

„Две лица, брачна двојка, беа убиени во Ростов на Дон. Пет лица беа повредени, од кои двајца во тешка состојба, вклучувајќи и тинејџер. Прозорци беа скршени во неколку куќи, како и на горните катови од станбена зграда и социјален објект“, рече Шљусар.

Експлозии беа пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море, според каналот на Телеграм Супернова Плус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер