Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
2Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
БалканГенерал-мајор Аленка Ерменц, прва жена началник на ГШ на словенечките вооружени сили Словенија прва од земјите членки на НАТО назначи офицер жена за водач на армијата. Генерал-мајор Аленка Ерменц е началник на Генералштабот на словенечките вооружени сили. Во интервју за МИА, генерал-мајор Ерменц, нагласува дека во врска со фактот дека има значително повеќе мажи отколку жени во војската, жената навистина мора да се докажува малку повеќе. Но, истакнува, постои само еден рецепт – да се следат своите верувања со напорно работење, професионално и со посветена работа. Колку труд треба да се вложи за да се оправда дадената доверба за прва жена на чело на вооружените сили не само во Словенија, туку и во сите земји-членки на НАТО ? – Да се биде началник на Генералштабот на вооружените сили се разбира дека е исклучително тешка задача и бара целосна посветеност. Овде човек може да се стекне со долгогодишно професионално и животно искуство, како и образованието и обуката која е потребна да се заврши војската и да се искачи на хиерархиската скала во војската. Исто така, е важно да се докажете во најдобро светло во секојдневната работа во единиците, мисиите и вежби. Сето ова погоре кажано е задолжително без оглед на полот. Сепак, во врска со фактот дека има значително повеќе мажи отколку жени во војската, жената навистина мора да се докажува малку повеќе. Но, постои само еден рецепт – да се следат своите верувања со напорно работење, професионално и со посветена работа. Вие претставувате пример за да ги охрабрите и инспирирате жените во светот за тоа дека војската не е само машка професија, во која само тие може да успеат. Што мислите во врска со ова? Привилегија е ако мојата кариера може да послужи како инспирација за жените. Сепак, од суштинско значење е да се каже дека компетенциите на поединците се единствениот фер и точен критериум што треба да се примени во воената кариера. Кои Ви беа предизвиците досега за сите години во Армијата, а кои сега како прв човек на словенечката Армија? Мојата кариера, како и многу други, е обележана со предизвици. Од формирањето на вооружените сили на Република Словенија, преку нејзините транзиции и трансформации, до полноправното членство во НАТО, отсекогаш сум давала сѐ од себе. Работев на голем број одговорни работни позиции, дома и во странство, можам да именувам неколку, началник на Одделот за персонал во седиштето на КФОР, Заеднички сектор за операции. Секоја од овие позиции вклучуваа нов и комплексен збир на предизвици, особено во организација која е многу традиционална и многу отпорна на значајни промени. Како напредувате во својата воена кариера така се соочувате со по потешки предизвици. На позицијата началник на Генералштабот, предизвиците се поголеми од кога било досега. Секоја одлука директно или индиректно влијае, не само на членовите на вооружените сили, но и на општеството, па дури и НАТО алијансата. Предизвиците со кои се соочуваат нашите вооружени сили се слични на оние во повеќето НАТО земји членки. Во таа смисла, тоа е одговорност на главниот кој носи одлуки во рамки на вооружените сили ресурси – финансии, персонал, материјал. И тука, мора да се каже дека чувството за достигнување кога успешно се справувате со предизвикот, ги надминува потенцијалните негативни аспекти на тој процес. Како Ве доживуваат дома и надвор на средбите со Вашите колеги? Дома, моите колеги се навикнати да ме гледаат наоколу, бидејќи сум во униформа веќе речиси 30 години. Исто така во други вооружени сили, не е невообичаено да се видат жени на високи позиции. Сепак, вистина е дека јас сум првата жена-началник на Генералштабот. Ова доби голем публицитет во светот. Сепак, јас не се занимавам со тоа. Она што е важно е работата што ја работам. Сепак, со нетрпение очекувам уште еден женски висок офицер која би превзела слична позиција во блиска иднина. Каква е соработката со нашата Армија? Во кој дел се одвива најтесната билатерална соработка, дали е модернизација на опремата, обуки… Со посетата на ниво на началници на одбраната, Словенија ја демонстрира својата цврста поддршка на амбициите на Република Северна Македонија. Членството во Алијансата бара соодветен развој на сите нивоа што ги споменавте. Бидејќи Словенија е членка на НАТО веќе 15 години, претставува чест да биде во можност да ја искористи нашата билатерална соработка за споделување искуства што ги стекнавме за време на пристапувањето во НАТО и нашите активности како членка на НАТО. Ова е дополнително поддржано од нашите членови кои работат во седиштето на НАТО во Скопје. Се надеваме и веруваме дека нашите совети и искуства се корисни. Друга важна област на соработка е секако обуката. Од големиот број активности кои се спроведени во оваа област, можам да споменам дека припадниците на словенечките вооружени сили обезбедија обука за вашата земја и вашите официри присуствуваа на курсеви на командното и штабно училиште на вооружените сили на Словенија. Контактите кои се воспоставени преку такви обуки се непроценливи и исклучително важни во остварувањето на нашата мисија. Разговаравте ли за време на средбите за поголема процентуална застапеност на жените во нашата Армија, Вие како мотив и пример? Ние имаме жена министер за одбрана Радмила Шекеринска. Ние ја споменавме оваа тема, иако не беше главен фокус на нашата разговори. За време на разговорите, јас го потенцирав и значењето на Резолуција 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која повикува на усвојување родовата перспектива, како и важноста на нејзината имплементација во рамки на вооружените сили. Исто така го истакнав фактот дека словенечките вооружени сили нудат еднакви можности за доделување на сите должности, без оглед на полот. Зошто последната Ваша посета и средби на ГШ на Армијата не беше транспарентна? Ние не чувствувавме дека е така. Целата посета беше реализирана на високо професионално ниво и на конструктивен и пријателски начин. Аленка Ерменц дипломирала на Факултетот за општествени науки во Љубљана и на Кралскиот колеџ за воени науки во Лондон. Во 2009 година завршила постдипломски студии на Универзитет во Лондон. Во словенечките вооружени сили, Ерменц е веќе 27 години./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЕвропаТелефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен. Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните. Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews. Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.Тагови: телефоните софтвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00