3Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството
КошаркаГечевски не се враќа во репрезентацијатаКошаркарскиот фокус полека се префрла на репрезентативните случувања пред претстојниот Евробаскет.Во овој контекст, капитенот на МЗТ Скопје Тодор Гечевски за порталот МКД.МК изјави дека неговата одлука за пензионирање од репрезентативниот дрес е непроменлива и покрај враќањето во националниот дрес на Илиевски и Антиќ, кои претходно исто така најавија напуштање на тимот. Легендарниот центар смета дека на оваа возраст му е потребен одмор, уште еднаш потврдувајќи дека не планира да настапи во Словенија. Останува да се види дали Пипан и КФМ ќе успеат да го разубедат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоднесено обвинение против Артан Груби Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице акционерско друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на македонија во значителна вредност од над 8,2 милиони евра. Според обивнителството, тие биле свесни дека акционерското друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на друштво за приредување игри на среќа државна видеолотарија на Република Македонија-Касинос Аустриа ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото. Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ФудбалСо гаранција од 500 илјади евра екс претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притворПоранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од домашен притвор, со гаранција од 500 илјади евра и мерки на претпазливост како што потврдуваат од скопскиот Кривичен суд Ѓорѓиоски депонирал банкарскаДополнително и Обвинителството дало позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата и укинување на притворот. По ова Ѓорѓиоски ќе го очекува продолжувањето на судската постапка со определените мерки на претпазливост. Притворот е укинат и за уште две лица – Томислав Младеновски и Ѓоко Чубриновски. И кај нив притворот е заменет со гаранција и мерки на претпазливост. Во истиот предмет е опфатен и поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој претходно обезбеди гаранција во висина од 1.000.000 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканШумски пожари беснеат во АлбанијаАлбанското министерство за одбрана синоќа соопшти дека во земјата и натаму се активни девет жаришта на шумски пожари, при што пожари се регистрирани во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и во Ѓирокастро.Според министерството, околу 450 припадници на службите моментално се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарите и во справувањето со активните жаришта. Најголем број сили се распоредени во областа лура во регионот Дебар, каде што се ангажирани околу 200 луѓе, додека властите продолжуваат со напорите да го стават пожарот под контрола. Најновите информации од министерството доаѓаат во момент кога противпожарните екипи и натаму се ангажирани на повеќе места низ земјата. Властите ја следат состојбата и ги координираат активностите во погодените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter