3Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна
3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
БалканГаздата стави катанец на клубот во Хрватска, каде седуммина се повредија од запален шанк(ВИДЕО)Во ноќен клуб во Карловац ноќеска имало инцидент.Ноќеска, нешто по 2 часот по полноќ, келнерка го „запали“ локалот со пијалок во кој што имало 80 отсто алкохол и се користел во коктели. Според неофицијални информации, се запалило шише во кое имало популарен пијалок, а пожарот од локалот зафатил и неколку лица, како што може да се види на видеото кое кружи на социјалните мрежи. Од полицијата го потврдија инцидентот. Тие велат дека четири лица се тешко повредени. „Рано утринава околу 2 часот и 30 минути полицијата добила дојава дека неколку лица се повредени во ресторан во населбата Шварча во Карловац. На местото на инцидентот е спроведена истрага, при што е утврдено дека четири лица се тешко повредени, а три полесно се здобиле со изгореници предизвикани од нестручно ракување со алкохолни пијалоци од страна на 23-годишен вработен во угостителскиот објект со цел запалување на шанкот, при што со изгореници се повредени лица кај шанкот. Ќе следи натамошна кривична истрага за да се утврдат сите околности на овој настан“, велат оттаму. Сопственикот на клубот Гордан Фанчев накратко изразил жалење за Индекс и рече дека го затвора клубот. "Одлучив дека по 12 години работа ќе го затворам клубот. Нема да се затвори две недели, како што некои толкуваат, туку трајно. Немаше притисок. Луѓето дури и ја изразија својата поддршка. Моите пријатели ме поддржаа . Во моментот на инцидентот не бев во ноќниот клуб, но живеам блиску до него. Дојдов за две минути. Кога пристигнав, луѓето веќе беа надвор. Веднаш ги вклучив светлата во клубот и ја исклучив музиката. Видов женско лице кое имаше изгореници. Сето тоа изгледаше грдо. Полицијата дојде што е можно поскоро. Направена е истрага и дадовме изјави“, изјави тој за Индекс. Ноќниот клуб Монако се огласи на социјалните мрежи и го изрази своето жалење за инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасиштаЈавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието. Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен. Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата. Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен. Конкретна работа. Конкретни резултати. Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасиштаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часотНа ден 12.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола се 3 пожари, а 1 пожар е изгаснат.Активни пожари: Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума); Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација); Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума); Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација). Пожари под контрола: Општина Делчево – градска депонија (депонија); Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација); Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми). Изгаснат пожар: Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивнаДо сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните. СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна. Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени. Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата. До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното. Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание. Ова веќе ја помина секоја граница. Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00