Газда Деко принудувал дел од вработените во „Пулс“ да се кријат од инспекции - Канал 5

Газда Деко принудувал дел од вработените во „Пулс“ да се кријат од инспекции

Дејан Јовано Деко, газдата на дискотеката Пулс, терал дел од вработените да се кријат од инспекции, инструкции пак често давал преку син му Михаил. 

Газда Деко принудувал дел од вработените во „Пулс“ да се кријат од инспекции

Ова е наведено во исказот на сведок даден на обвинителството кој денеска беше прочитан во судница. Станува збор за девојка која работела таму а подоцна и во кафулето Класик. Нејзиниот и уште еден исказ се читаа во судница откако обвинителството достави психијатриско вештачење според кое тие се со нарушена психичка состојба и не можат непосредно да сведочат. Одбраната реагираше но судот одлучи да се прочитаат исказите.

„Јавна тајна беше дека газда Деко има заштита од луѓе во полиција и иснпекции затоа што не работеше како што треба. Деко беше многу алчен за пари, не оптоваруваше со се и сешто за работа, хигиената беше на најниско ниво, во кафичот имаше мал простор каде се чуваше вино и имаше пукната цевка која не тераше да ја чистиме. Парите ни ги даваше на рака, син му Михаил Јованов ни ги даваше инструкциите. Никогаш не одлучуваше за нешто без да го праша. Кога ќе куцневме на терминал, место фискална излегуваше сметка- испратница. Тие сметки ги чуваа келнерите. Тие ги викавме „црни пари”. Спрема нас се дереше и беше многу лицемерен, а кога имаше корист од нас беше коректен. Во диското не не пуштаа ако имаше најава за инспекции а после 12 часот не пуштаа сите.“

За овој исказ реагираше и обвинетиот Михаил Јованов тврдејќи дека е неточен. Другото сведочење беше фокусирано на кобната ноќ.

Во судница обвинителството презентираше и фотографии и видео снимки од фејсбук профилот на групата ДНК од претходни настапи во други дискотеки низ земјава. Посочуваше на користењето на пиротехниката, дека била поставувана пред настапите а ја активирал сега починат член на бендот со далечински управувач. Беа презентирани и видео снимки од мобилни телефони од Пулс на кои се гледа моментот на настанувањето на пожарот. Дел од снимките пак го покажаа излегувањето на гостите по настанувањето на пожарот, за што обвинителот Дарко Јакимовски посочи дека оневозможувањето на протокот на лицата е заради влезот на самата дискотека.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција

Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата. 

Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција

Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа претходните говорници, само сакам да кажам дека дојде редот и на калето да се среди.

Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата.

Очекувам во периодот којшто следи практично калето да го добие оној лик и функционалност каква што ја заслужува, тоа е она што ќе биде наша цел како Влада заедно со институциите коишто се за различни делови надлежни.

Очекувам кога сето ова ќе биде завршено да имаме навистина исклучително квалитетен објект во Скопје којшто ќе претставува една од неколкуте исклучително ретки и важни туристички атракции тука во Скопје.

Ако биде се како што треба тоа ќе се случи следната година нормално од оваа година ако почнеме. Сега е веќе средено, тука знаете имаше трева, колку толку хортикултурно е потсредено за да можат колку толку посетителите да се запознаат со Скопското Кале, но не сме задоволни од ова што во моментот се случува. Знаеме дека Калето има повеќе можности и ние како Влада ќе застанеме позади институциите и финансиски и логистички и секако да скопското Кале го добие оној лик којшто го заслужува и да биде дел од Скопје-европска престолнина на културата.

Благодарност до сите институции коишто досега беа вклучени, благодарност до професорите, до професорот, до експертите, до сите оние коишто до сега работеа на истражување на скопското кале, мислам дека ќе бидат исклучително изненадени граѓаните од сето она коешто ќе биде изложено. Зборувам не само за скопјани туку би рекол и светот.

Така што еве тука ќе застанам, уште еднаш благодарам и заедно да продолжиме и натаму да ги решаваме работите и скопското кале следната година да ја добие онаа физиономија којашто ја очекуваме дека треба да ја добие и којашто ја заслужува.

Благодарам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев

Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев

Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.

Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова.

Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ.

Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари.

Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио.

Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место.

Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција.

Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место.

Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо.

Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика.

Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер