Гатузо ја напушти клупата на Италија - Канал 5

Гатузо ја напушти клупата на Италија

Италијанската фудбалска федерација денеска со взаемна согласност го раскина договорот со селекторот Џенаро Гатузо (48), три дена откако Азурите трет пат едноподруго останаа без учество на мундијалските турнири.

Гатузо ја напушти клупата на Италија

„Со тешко срце, имајќи предвид дека не успеавме да ја постигнеме целта што си ја поставивме, сметам дека моето време како селектор е завршено“, наведе Гатузо во соопштението.

Италија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство, што ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико, во вторникот загуби од Босна и Херцеговина на пенали во Зеница во финалето од плејофот.

„Дресот на Азурите е највредниот капитал во фудбалот, поради што е исправно да се олеснат идните технички промени од самиот почеток. Беше чест да се води репрезентацијата и тоа со група на играчи кои покажаа посветеност и лојалност кон дресот“, рече Гатузо, кој мина девет месеци на италијанската клупа.

Гатузо ја напушти функцијата ден откако претседателот на Италијанската фудбалска асоцијација, Габриеле Гравина, и директорот на националниот тим, поранешниот голман Џанлуиџи Буфон, поднесоа оставки.

Во последните три квалификациски циклуси за Светското првенство, Италија загуби во плејоф натпреварите против Шведска, Македонија и Босна и Херцеговина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз

Новиот реформски Изборен законик не се донесе затоа што СДС, Левица и ДУИ бараат алиби на следните избори да се претставуваат како жртви и оштетени партии.

ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз

Овие три политички партии се здружија за да го блокираат еден од најважните закони од Реформската агенда, поради нивниот страв од изборен пораз, кој е сè поевидентен и поизвесен со оглед на нивните слаби рејтинзи и поддршка од граѓаните.

И покрај тоа што, како никогаш до сега, имаше простор за широк политички консензус, слух и подадена рака од Владата за изнаоѓање решение кои на нив им одговара согласно препораките на меѓународните институции и право дијаспората да гласа, тие избраа опструкции и блокади.

Како никогаш досега во македонската историја, на власт има политичка партија која на опозициските им вели да се договорат меѓу себе за се што сакате и сето тоа ќе им биде прифатено, тие одбија и блокираа.

Македонија е лидер во регионот во исполнувањето на обврските од Реформската агенда, за што и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст и тоа го потврдуваат европските функционери и претставници.

Истите тие повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС и ДУИ кои од уста не ја вадат Европската Унија, и политичката партија Левица одлучија да го блокираат напредокот на државата кон евроинтегративниот пат.

На СДС, Левица и ДУИ им порачуваме дека се прочитани и разобличени. Политиката на жртва која сакаат да ја применат нема да им помине, затоа што граѓаните добро знаат дека тие се извор на проблемите и блокадите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати

Најмалку 21 лице, меѓу кои 20 ученици и едно возрасно лице, загинаа во несреќа со училиштен автобус во Уганда. 

Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати

Возилото излетало од патот, удрило во карпа и се превртело.

Најмалку 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа со училиштен автобус во источна Уганда, кој се враќал од училишна екскурзија, соопшти денеска локалната полиција, наведувајќи дека возачот најверојатно изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот, удрило во голема карпа и се превртело.

„Се чини дека возачот изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот, удрило во голема карпа и се превртело“, соопшти полицијата во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X), додавајќи дека во несреќата се повредени уште три возрасни лица и неколку деца, пренесува „Фигаро“.

Училишниот автобус на основното училиште „Кинг Дејвид“, во близина на главниот град Кампала, се враќал – според првичните информации – од патување до водопадите Сипи во областа Капчорва, во источниот дел на земјата, соопштија безбедносните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колина соопшти, Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство!

 Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра во недела во 21:00 часот во Њу Џерси.

Колина соопшти, Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство!

ФИФА објави видео во кое претседателот на Судиската комисија на ФИФА и легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина го известува Винчиќ дека е избран за главен судија на финалниот натпревар.

Словенечкиот судија емотивно реагираше на веста дека ја добил најголемата чест во својата кариера и не можеше да ги скрие емоциите, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

За 46-годишниот Винчиќ, ова е врвот на неговата судиска кариера. Тој претходно судеше на финалето во Лигата на Европа во 2022 година, во кое Ајнтрахт го победи Ренџерс по изведувањето пенали, како и на финалето во Лигата на шампионите во 2024 година, кога Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд.

Винчиќ исто така стекна искуство на Светското првенство во Катар во 2022 година, а на овогодишното Светско првенство судеше на натпреварите од групната фаза меѓу Бразил и Мароко и меѓу Јордан и Алжир, како и на натпреварот од осминафиналето меѓу Мексико и Еквадор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер