Гасперини: Еден месец работа е веќе многу, а гледајќи наназад, чувствувам дека сме направиле многу - Канал 5

Гасперини: Еден месец работа е веќе многу, а гледајќи наназад, чувствувам дека сме направиле многу

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини се осврна на сработеното со тимот досега.

Гасперини: Еден месец работа е веќе многу, а гледајќи наназад, чувствувам дека сме направиле многу

- Еден месец работа е веќе многу, а гледајќи наназад, чувствувам дека сме направиле многу. Ако гледам напред, имаме многу повеќе да направиме. Нашата цел е да стекнеме доверба, пред сè во очите на нашите навивачи, со надеж дека ќе бидат задоволни. Се надеваме дека ова ќе потрае што е можно помалку време, но ние сме амбициозен клуб и се надевам дека ќе докажеме дека сме на вистинскиот пат.

Мора да погледнеме што постигна Рома досега на трансфер пазарот, со голем број нови играчи, сите на возраст од околу 21-23 години, од кои некои веќе имаат искуство. Сопствениците на клубот ми се обратија да работам во оваа насока, изјави 67-годишниот Италијанец за „Скај Спорт Италија“.

На 23 август, во првото коло од Серија А во сезоната 2025/26, Рома ќе биде домаќин на Болоња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Живееме во регион каде многу пати низ историјата се покажа дека судирите, освен болка и загуба, не носат ништо добро. 

МОН: Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Тие оставаат празнини во семејствата, рани во заедниците и сенки врз иднината. Тие искуства нѐ учат дека мирот има највисока вредност, но и дека е избор. Затоа се значајни постојаните заложби за негово чување, рече државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска во обраќањето по повод Меѓународниот ден на мирот и одбележувањето на 15 години спроведување и развивање на мировното образование во училиштата, во соработка со Првата детска амбасада Меѓаши.

„Бројни наставници поминаа обуки и потоа во училиштата реализираа содржини за ненасилно решавање на конфликти, прифаќање на различностите и охрабрување на младите да поттикнуваат дијалог, толеранција и соработка а не поделби и раздор. Ако од мали децата учат да решаваат несогласувања со разговор, слушање и компромис наместо со кавга, да ги контролираат своите емоции и да ги почитуваат ставовите на другите, тогаш ќе пораснат во граѓани што имаат култура на мир и ја практикуваат во релациите со другите“, посочи Ивановска.

Таа се заблагодари на „Меѓаши“ за ангажирањето во овој чувствителен сегмент и ги повика сите други чинители да помогнат во градењето образование кое оваа држава ќе ја развива во современа и напредна демократска заедница.

Двете средни училишта, „Ванчо Прке“ од Виница и „Зеф Љуш Марку“ од Скопје добија признанија за придонесот кон мировното образование.

Државниот секретар нагласи дека наставниците се тие кои имаат најголема задача сѐ тоа што стекнуваат на обуките за мировно образование, да го пренесат во училниците и да го доближат до младите. За нив, признанијата се потврда за посветеноста и трудот што го вложиле но вистинската награда се учениците кои израснале во граѓани полни со почит, толеранција и одговорност за градење мирна иднина на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“

Втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, беше меѓу присутните на синоќешниот натпревар од Серија А меѓу Милан и Лече (3–0). 

Видео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“

Џери Кардинале, првиот човек на „росонерите“, беше домаќин на белоруската тенисерка. Клубот од Милано ѝ подари дрес со нејзиното име и бројот 1.

Таа исто така имаше можност да се запознае со тренерот на Милан, Рубен Аморим.

Како една од најголемите ѕвезди во светскиот тенис, оваа посебна гостинка на „Сан Сиро“ привлече големо внимание на трибините.

Медиумите пренесуваат дека Арина носела луксузен ѓердан од американскиот бренд „Material Good“, чиј официјален амбасадор е таа.

Ако се земат предвид и алките и часовниците што ги носела, вкупната вредност на накитот и другите модни додатоци надминува 100.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси

На министерката Сања Божиновска многу ѝ се зборува за рубини. 

СДСМ: Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси

И таа како и Мицкоски се фокусира на националните богатства.

Операцијата за распродажба на Македонија, водата, земјата, рудите е главен фокус на Мицкоски и кримналната банда.

Македонија не е на распродажба а граѓаните кои стравуваат за сметките за струја чекаат Божиновска да проговори за „Руднап“, бизнис-мрежата на Мицкоски и новата зделка од 13,2 милиони евра за броила за српската фирма „METER&CONTROL“ .

Божиновска е клучниот линк во оваа мрежа, била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа.

„Руднап“ била во сопственичката структира, партнер е и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“.

Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски.

Затоа Божиновска е поставена за министерка.

Се е бизнис за Мицкоски.

Граѓаните чекаат одговори!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер