3Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
КошаркаГасол му оддаде особена почест на семејството на Коби Брајант (ФОТО)Пау Гасол уште еднаш покажа колку го сака Коби Брајант и му оддаде врвна почест.Гасол и неговата сопруга Кетрин Мекдонел добија ќерка која ја нарекоа Елизабет Џана. Името го доби по трагично загинатата ќерка на Коби Брајант, која почина заедно со легендарниот кошаркар во хеликоптерската несреќа, на возраст од само 13 години. Шпанецот играше седум години со Брајант во Лејкерс и заедно освоија две титули во НБА-лигата, а воедно станаа големи пријатели и кумови. Гасол минатото лето се дружеше со вдовицата на Коби, Ванеса и нивните две други ќерки, а доаѓањето на малата Џана беше поздравено од госпоѓа Брајант. Our little one has finally arrived!! The delivery went really well and we couldn’t be happier!! Elisabet Gianna Gasol 😍, a very meaningful name for our super beautiful daughter!! ❤️👨👩👧 #girldad pic.twitter.com/rmXWk0BTFz — Pau Gasol (@paugasol) September 13, 2020 "Моето кумче пристигна! Честитки. Ве обожавам сите тројца. Толку ме трогна вашето барање да и оддадете почит на мојата Џиџи. Едвај чекам да ја прегрнам Елизабета Џана Гасол", напиша Ванеса Брајант.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Град Скопје со помош за Венецуела - Скопје, град на солидарноста!Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот.„Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела. Тоа Скопје не го заборава. Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка. Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти. Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела. Затоа Скопје денес е светски град. Скопје памети. Скопје сочувствува. Скопје помага.“- објави на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКуба сè уште во мрак: Милиони луѓе чекаат струјаКуба се бори да ја врати струјата откако колапсот на националната мрежа еден ден претходно остави милиони луѓе низ карипската островска земја без струја, објави Ројтерс.Струјата постепено се враќа Националниот оператор на мрежата „UNE“ соопшти рано во вторник дека повторно ја поврзал централна Куба, од западното пристаниште Мариел до покраината Санкти Спиритус. Сепак, источните и западните делови на островот остануваат без струја. Во главниот град Хавана, струјата беше вратена во околу една третина од градот до вторник наутро, но снабдувањето сè уште беше прекинато и големи делови од градот останаа во темнина. Трет голем прекин оваа година Властите сè уште не ја објасниле целосно причината за прекинот на струјата што се случи во понеделник. Тоа беше трет голем колапс на мрежата што ја погоди земјата оваа година, оставајќи исцрпено население од речиси 10 милиони луѓе без струја преку ноќ. Зголемен притисок од САД Најновиот колапс на мрежата доаѓа во време кога САД значително го зголемија притисокот врз Куба. Администрацијата на претседателот Трамп ги прекина испораките на гориво на островот и воведе строги санкции во обид да наметне промена во комунистичката влада на Куба. Куба и Обединетите нации ги оценија овие мерки како нелегални и како кршење на човековите права на жителите на островот. Извор: Индекс.хрТагови: куба струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаЛишени од слобода девет лица, кај нив при преглед е пронајдена дрогаПо целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.На 06/07.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Ч.(32), З.Т.(26), Д.М.(22), Б.Е.(20) и Е.Ш.(30), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана. На 07.07.2026 во 00:30 часот во с. Леуново, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.Л. (27) од с. Шипковица, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. На 06.07.2026 во 15:20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.П.(41) и Н.Н.(25), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П., а во кое сопатничка била Н.Н., пронајдена е марихуана. На 06.07.2026 во 18:00 часот во Прилеп, во близина на вештачкото езеро, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Ц.(31) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07