3МФ: Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизија
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
1Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
МакедонијаГаши за имунитетот на пратеникот Јанчев, кој предизвика тешка сообраќајка: Не е доставено барање од официјален орган Во врска со новинарските прашања упатени до Собранието на Македонија, со кои се поставува прашањето дали ќе се преземат какви било мерки кон пратеникот Сашко Јанчев во однос на неговиот пратенички имунитет, ја информираме јавноста. Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање на имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган, и тоа во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник. Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми. Во оваа насока, Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, го проследи доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот г. Сашко Јанчев, во согласност со начелата на транспарентност и целосно информирање. Доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски, соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието Претходно, родителите на девојчето (13) кое беше тешко повредено во сообраќајката во која учествуваше пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, со неговиот СУВ „хјундаи тусон“ рано утрото на 14 септември, годинава, кај селото Марино, побараа од претседателот на Собранието, Африм Гаши, да се почне соодветната парламентарна постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот од Гевгелија, за да се овозможи фер и непристрасно судење, ако до тоа дојде – оти досега не е ниту поднесено обвинение. Во несреќата беше тешко повреден и возачот на мотоциклот, момче (16) од Идризово, кое по помалку од еден месец, на 9 октомври, почина од задобиените повреди. Јанчев беше уапсен по несреќата, му беше одземена возачката дозвола, но досега против него не е поднесено обвинение, а постојат индиции и сомневања дека пратеникот може да ја злоупотреби функцијата за да избегне евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки, се вели во барањето од родителите на девојчето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
МакедонијаЈаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформаМинистерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување.Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот организиран од ИНОВА, посветен на запознавање на средношколците со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување. „Добро е да имаме што повеќе настани кои на младите им ги отвораат вратите кон иднината. Овој е еден од нив. Благодарност до тимот на ИНОВА што им овозможува на средношколците директна средба со светот на иновациите и претприемништвото и ги поттикнува да ги откријат своите интереси и таленти“, рече Јаневска. Таа посочи дека брзиот технолошки развој, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но истовремено поставуваат и нови барања во однос на знаењата, вештините и квалификациите што им се потребни на младите за успешно да се вклучат на пазарот на трудот. Во таа насока, Министерството спроведува реформи насочени кон усогласување на образованието со современите потреби на општеството и економијата. Од оваа учебна година, над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, во кои се интегрирани СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За поддршка на спроведувањето на реформата, обучени се 569 наставници, а дополнително е зајакната соработката со приватниот сектор. Кариерното советување е вториот важен сегмент во поддршката на младите. Министерката укажа дека преку измените на регулативата за основно и средно образование и соодветните подзаконски акти, кариерното советување во училиштата е системски регулирано. Воспоставени се два регистра: Регистар на координатори за професионална ориентација на учениците во основните училишта и Регистар на кариерни советници во средните училишта. Во нив се впишуваат стручни соработници и кариерни советници кои поминале соодветни обуки и се оспособени да им обезбедат на учениците ефективна поддршка при изборот на понатамошното образование и професионалниот развој. „Не ни е целта само да ја оствариме Реформската агенда на хартија, туку да создадеме функционален систем на кариерно советување што вистински ќе им помага на младите да го пронајдат својот пат“, рече министерката Јаневска. Изрази очекување дека искуствата и примерите на успешните професионалци со кои средношколците ќе имаат можност да се запознаат на настанот, ќе бидат дополнителна инспирација за нивниот личен и професионален развој, како и поттик својата образовна и професионална иднина да ја градат во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!, порача преку Фејсбук, првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев. На површина од 2.700 м² се реализира современа картинг патека со придружни објекти, со вкупна инвестиција од 35.247.407 денари. Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика. Извршено е тампонирање на теренот, со што просторот постепено го добива својот конечен изглед, додека во наредната фаза е предвидено поставување на осветлувањето на картинг центарот. Новиот Картинг центар ќе претставува дополнителна атракција која ќе ја збогати туристичката понуда на градот и ќе отвори нови можности за спорт, рекреација и забава. Кавадарци продолжува да се развива – со нови инвестиции, современа инфраструктура и содржини за сите генерации!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
ЗдравјеПотпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 годинаМинистерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка .Министерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија за периодот 2026–2028 година. Со Планот се потврдува определбата на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес. Планот предвидува размена на информации и искуства, размена на специјалисти за обуки и консултации, учество на научни и медицински настани, реализација на заеднички научни и практични проекти, како и соработка при организирање курсеви и семинари. Како приоритетни области на соработка се утврдени примарна и специјализирана медицинска заштита, болничка здравствена заштита, превенција и контрола на заразните и незаразните болести, како и епидемиолошки надзор, медицинска статистика, организација на здравствен одговор при вонредни состојби, електронско здравство, како и други области од заемен интерес. Во рамки на посетата на Софија, министерот Клековски го посети и Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде се запозна со работата на установата и со современите практики во областа на мајчиното и детското здравје, особено во делот на неонатологијата и грижата за новороденчињата. Во разговорите со медицинските тимови беа разменети искуства и можности за унапредување на соработката, со посебен акцент на неонаталниот скрининг и рано откривање состојби кај новороденчињата. „Мајчин дом“ располага со најголемата клиника по неонатологија во Бугарија, со оддел за интензивна нега и современа медицинска опрема, додека Националната генетска лабораторија во рамки на установата спроведува скрининг на новороденчиња, вклучително и метаболички и генетски испитувања. Потпишувањето на Планот за соработка претставува дополнителен чекор во јакнењето на добрососедските односи и институционалната соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаења и добри практики и унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓанитеТагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook