Гаши в сабота на 9 август ќе ги распише локалните избори, првиот круг е на 19 октомври - Канал 5

Гаши в сабота на 9 август ќе ги распише локалните избори, првиот круг е на 19 октомври

Собранискиот спикер Африм Гаши и официјално ќе ги распише локалните избори во сабота, на 9 август, потврди тој за Канал 5.

Гаши в сабота на 9 август ќе ги распише локалните избори, првиот круг е на 19 октомври

Со тоа ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Првиот круг од изборите ќе се одржи на 19 октомври, а таму каде што нема да бидат избрани градоначлници по првиот, ќе има втор круг на 2 ноември.

Рокот за поднесување на листите е најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, што значи подносителите имаат рок најдоцна до 15 септември за да ги поднесат листите со советници и градоначлници. Државната изборна комисија потоа ќе има неколку дена да ги провери и најдоцна 23 дена пред изборите да ги утврди, односно на 27 септември. Изборната кампања ќе трае 20 дена и започнува на 30 септември.

Партиите во меѓувреме ги комплетираат кандидатите. За главниот град досега извесни се четворица Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, Башким Бакиу од Вреди, и последно Скендер Реџепи Зејд како кандидат на Европскиот фронт.

Тој во изјава за Канал 5 кажа дека одлуката за него во Фронтот била донесена консензуално, а тој ваквиот повик одговорно го прифатил, иако како што вели е свесен дека го очекува жестока изборна битка.

Иако, изборите ќе бидат распишани в сабота, останува незивесно дали потоа ќе се промени Изборниот законик, за да се надмине правната празнина за кандидатурите на независните.

Премиерот Мицкоски во последните изјави кажа дека веќе е доцна, иако лани Изборниот законик претрпе измени само 2 месеци пред одржувањето на изборите.

Како опција се споменува и автентично толкување, со оглед дека некои од експертите овој период излегоа со став дека и вака како што е сега Изборниот законик, тој им дава можност на незаисните да поднесат кандидатури. Во меѓувреме, некои од нив, веќе се одлучија да почнат постапка за собирање на потписи за да ги регистрираат партии..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите?

ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња?

Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард?

Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научниците од Германија, САД и Канада работат заедно за да направат стакленици за зеленчук на Месечината

Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA).

Научниците од Германија, САД и Канада работат заедно за да направат стакленици за зеленчук на Месечината

Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA), кој треба да обезбеди свежа храна за астронаутите за време на долгите мисии во иднина.

Проектот, наречен „Лунарен земјоделски модул - демонстратор за тестирање на земја“ (LAM-GTD), има за цел да развие контролиран систем за одгледување растенија во услови без атмосфера погодна за живеење, плодна почва и лесно достапна вода, со големи температурни флуктуации и изложеност на космичко зрачење, објавува Euronews.

Планирано е стаклена градина да биде поврзана со симулираниот животен и работен простор на астронаутите, за да можат истражувачите да ги испитаат можностите за меѓусебно снабдување и функционирање на двата система.

Првиот демонстративен модел ќе биде изграден на Земјата, а трите партнерски институции треба да одлучат за неговата евентуална изградба на Месечината најдоцна до 2032 година.

NASA веќе спроведе бројни експерименти за одгледување растенија на Меѓународната вселенска станица (ISS), каде што, меѓу другото, се одгледуваат зелена салата, кинеска зелка и чили пиперки. Новиот проект е чекор кон развој на поголеми и посложени системи што би можеле да обезбедат храна за цели екипи.

Германскиот центар DLR го носи во проектот искуството стекнато преку претходниот проект EDEN ISS, во чии рамки на Антарктикот работеше специјално дизајнирана стаклена градина од 2018 до 2023 година.

Во екстремни услови, без почва и природна сончева светлина, со помош на LED осветлување, хранливи раствори и систем за наводнување, истражувачите произведоа околу еден тон свеж зеленчук, вклучувајќи зелена салата, домати, краставици, ротквици и јагоди.

Истражувачите истакнуваат дека технологиите развиени за одгледување храна на Месечината би можеле да имаат примена и на Земјата, особено во сушните области и регионите со ограничени резерви на вода. Контролираните системи за одгледување би можеле да овозможат поефикасно користење на водата, енергијата и просторот, како и да ја намалат употребата на пестициди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер