Гаши се сретна со поранешни претседатели на Собранието - Канал 5

Гаши се сретна со поранешни претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши  одржа средбата со досегашните претседатели на Собранието Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески. 

Гаши се сретна со поранешни претседатели на Собранието

Ова е втора по ред ваква средба, организирана со цел размена на искуства и мислења. На почетокот на средбата Гаши се заблагодари за присуството, повторно искажа голема почит кон Собранието, според него една од најзначајните институции во државата. Накратко сподели информации за активности што се одвиваат во Собранието, а што не се толку познато во јавноста.

Имено, посочи на колективнiте договори на петте државни универзитети склучени декември 2025 година и на преговорите што се во тек за склучување на колективен договор со Македонската академија на науките и уметностите. Претседателот Гаши ги информира присутните за процесот на донесување на нов етички кодекс за пратениците, како и за процесот на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажа на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата.

Целосната дигитализација на работењето на Собранието присутните го поздравија, имајќи го предвид неговото значење во градењето на државата, особено за седниците на Собранието за периодот од 1991 година до 2002 година, со оглед на тоа што за овој период видео записите ги има само МРТ. Господинот Петковски го поздрави ваквиот однос и предложи во процесот да биде вклучен и Државниот архив, како институција основана за таа намена, а господинот Вељаноски напомена дека Собранието мора да има одговорен однос кон зачувувањето на целокупниот материјал од седниците за неговото работење. Во прилог на ова претседателот Гаши и Митрески напоменаа дека Советот на Собранискиот канал, исто така во рамките на своите надлежности може даде свој придонес во овој процес.

Во однос на колективните договори на државните универзитети и на високото образование во целина, како еден од најзначајните сегменти на една држава присутните напоменаа дека Собранието мора да овозможи високо образовани што ќе продуцира квалитетен кадар потребен на државата во разни области: здравство, образование, стопанство, општествен дејности и слично. Целосните реформи во високото образование се предизвик на Собранието, за донесување квалитетен закон за високо образование, кој ќе биде во интерес и на професорите и на државата и ќе нуди одржливи решенија што нема да се менуваат зависно од промената на власта. Беше посочено дека треба многу да се внимава при колективното договарање за да се избегнат можностите од погрешно толкување и Собранието да биде вклучено во колективно договарање за институции за коишто не се однесува Законот за работните односи.

Беше посочено дека постојниот Етички кодекс скоро и да не се примени во пракса, па затоа донесување на нов етички кодекс се оцени како можност за зголемување на интегритетот на пратениците и на Собранието и за зајакнување на довербата на јавноста во функцијата пратеник.

На крајот од средбата претседателот Гаши повторно ја искажа идејата преку формирање на советодавно и консултативно тело да се обезбеди континуитет на институционалната меморија на Собранието, а се во функција на унапредувањето на парламентарната практика и демократијата. Ги замоли присутните да дадат свои видувања и напомена дека оваа идеја ќе ја сподели и со претседателите на Собранието што не се присутни на оваа средба, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Војна“ меѓу двете најсекси „ангели“ на „Викторијас сикрет“ – дали причината е Том Брејди?

 Судејќи според најновите објави на социјалните мрежи, се води „вистинска војна“ меѓу две од најбараните „ангели“ на „Викторијас сикрет“, а причината за тоа е поранешната НФЛ-ѕвезда Том Брејди.

 „Војна“ меѓу двете најсекси „ангели“ на „Викторијас сикрет“ – дали причината е Том Брејди?

Манекенките Џоан Смолс и Кендис Свонпул моментално се во конфликт, а според информациите на социјалните мрежи, главна причина за нивната кавга е односот на Кендис со Том Брејди.

Сè започнало минатата недела, кога порталот „Just Jared“ на Инстаграм објави вест дека двете супермодели веќе не се „следат“ меѓусебно на таа мрежа.

Ова поттикна шпекулации дека тие не се во добри односи и дека зад сцената се случува нешто сериозно.

Смолс набргу се вклучи во коментарите и, како што се чини, ги потврди сомнежите. Таа напиша само: „Два збора: ’Summer House‘! Тоа објаснува сè.“

Иако не појасни што точно значи оваа реченица, последната сезона од реалното шоу „Summer House“ го прикажа прекинот на пријателството помеѓу Аманда Батула и Кјара Милер.

До кавгата дојде бидејќи Батула тајно започнала врска со поранешното момче на Милер, Вест Вилсон.

И тука драмата не завршува... Смолс ја нарече Кендис „предавничка“ во нова бурна објава на Инстаграм.

Еден корисник на Инстаграм ја праша познатата манекенка дали може да ја потврди информацијата дека таа и Кендис веќе не разговараат, на што Смолс кратко одговори: „Не се дружам со предавници“.

Иако официјалната причина за конфликтот не е позната, коментарите се појавија истовремено со веста дека Кендис Сванепул е во врска со Том Брејди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси.

Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година.

„Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето.

Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование.

За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“

 Младата и атрактивна српска пејачка Теа Таировиќ откри дека ја игнорирала болката, а сега ги предупредува другите да го слушаат своето тело.

Пејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“

Теа Таировиќ се јави од болница по операцијата, откривајќи дека во неделата, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот.

Пејачката призна дека ја игнорирала болката и одбила хоспитализација по концертот во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна медицинска помош.

– Драги мои, голем поздрав до сите вас – за жал, од болнички кревет. Сакам да ве известам дека, за жал – веројатно повеќе за мене отколку за вас – нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми – изјави Теа Таировиќ, додека во позадина случајно свиреше „тажна музика“, на што таа се пошегува и се насмеа.

„Имав операција и се чувствувам добро; се надевам на што е можно побрзо закрепнување. Значи, ќе бидам добро – закрепнувам – и ќе објаснам што се случи, за да спречам какви било измислици или конструирање дополнителни дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова за мене претставува сериозен повик за будење; исто така, ова може да биде порака и за сите што го гледаат ова: мора да го слушате своето тело и да се грижите за него“, изјави пејачката, а потоа додаде:

„По концертот во Франкфурт, стомачната празнина ми се наполни со крв. Дури и одбив хоспитализација во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребна и дека сум добро.“

Таа додаде дека се чувствува добро по операцијата и се надева на брзо закрепнување, а своето искуство го опиша како одличен потсетник.

– Морате да го слушате своето тело и да се грижите за него – рече пејачката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер