Гаши од Вашингтон: Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД - Канал 5

Гаши од Вашингтон: Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност на тема „Инвестирање од 5% во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. 

Гаши од Вашингтон: Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

На овој значаен настан учествуваа светски лидери и претставници на Американскиот конгрес, при што се дискутираше за безбедноста и зајакнувањето на трансатлантската соработка.

Во продолжение е целосното обраќање на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

“Почитувани екселенции, почитувани колеги, дами и господа,

Ми претставува чест да се обратам во име на Собранието на Македонија, со чувство на одговорност за иднината на нашата заедничка безбедност.

Посветеноста на нашата земја кон НАТО е силна, водена од убедувањето дека ниту една нација не може сама да ја гарантира својата безбедност. Македонија придонесува со дисциплина, стои покрај своите сојузници, ги исполнува преземените обврски и го докажува партнерството преку дела.

Во време на глобална неизвесност, соработката во рамките на НАТО е поважна од кога било, особено за земји како нашата, во срцето на Балканот. Зајакнувањето на институциите, инвестициите во одбраната и заедничката интероперабилност се од суштинско значење за нашата колективна отпорност.

Ние стоиме како лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на Соединетите Американски Држави. Како што има истакнато претседателот Џон Ф. Кенеди: „Им ветуваме лојалност на лојалните пријатели. Бидејќи обединети, има малку нешта што не можеме да ги направиме; поделени, има малку нешта што можеме да ги направиме.“ А децении подоцна, претседателот Џорџ В. Буш го потврди овој двопартиски принцип, потсетувајќи нè дека „за да го обновиме нашето единство, доволно е да се потсетиме на нашите вредности“.

Во истиот дух, Македонија ја избира одговорноста наместо двоумењето и единството наместо поделбите. Ова е нашето ветување кон заедничките вредности, заедничката безбедност и силната Трансатлантска алијанса.

Ви благодарам!”

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер