Гаши: Нема потреба од паника, ниту од вонредни парламентарни избори - Канал 5

Гаши: Нема потреба од паника, ниту од вонредни парламентарни избори

Парламентарното мнозинството е стабилно и нема да се случи голема промена во бројот на пратениците, дури и доколку Алијанса на Таравари излезе од Владата, смета собранискиот спикер Африм Гаши. 

Гаши: Нема потреба од паника, ниту од вонредни парламентарни избори

Според него паралементарни избори треба да има во редовниот термин и тие не треба да се мешаат со локалните. Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Гаши не сакаше да коментира околу следните чекори на Вреди по несогласувањата со Таравари, ниту околу можноста крилото на Села од Алијанса да се приклучи кон Коалицијата Вреди.

„Ќе треба они (лидерите на Вреди) да одлучат по тоа како ќе се однесуваат во делот или одлуките на АА, што они ќе одлучат во однос на нивната политичка определба. Но мислам дека во овој дел би се апстрахирал, имам право да го направам. Сепак, мислам дека што и да се случи нема суштински да ги поремети политиките кои ги градиме на централно ниво. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Од друга страна, локални избори се наближуваат, но мислам дека не треба да не фаќа така секогаш изборна треска и адреналин дека мора да правиме избори за се„– Африм Гаши, претседател на Собрание

Во интевјуто Гаши се осврнува и на уставните измени и отпочнувањето на преговорите, за кои вели дека треба да започнат веднаш, но сепак смета дека поважни се меѓуетничките односи во земјава и заштитата на македонскиот идентитет, јазик и историја. Вели членството во Унијата останува стратешка определба на Македонија, но дека тоа не зависи само од уставните измени туку и од спороведувањето на реформската агенда, на која треба да и се даде приоритет.

„Не може да оставаме се на уставните измени. Ние имаме многу, многу работа и со усогласувањето на легислативата и со реформската агенда. Треба да направиме се околу тоа за да уставните измени останат, можеби, ако останат последни, штом ќе ги направиме се друго да биде скоро завршено. На штета на евроинтеграциите мора да секогаш да внимаваме на меѓуетничките односи, затоа што е тоа столбот, најголемиот столб на стабилност во оваа држава. Ние прво треба да се грижиме за таа компонента, а сите заедно потоа да го продолжиме патот кон Европската Унија “– Африм Гаши, претседател на Собрание

Во однос на Законите од правосуството и измените во Кривичниот законик кои се дел од реформската агенда, Гаши вели дека се работи интензивно и дека се формирани работни групи кои постапуваат по забелешките од Уставниот суд. Најавува и дека до крајот на месецот очекува во Собранието да биде доставен Законот за правична заставеност, кој треба да го замени таканаречениот „балансер“ и дека тој ќе биде изгласан во најкраток можен рок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со студено утро

Времето денеска според УХМР ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. 

Сончево со студено утро

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 24. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 24. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 24. ноември 2026 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи.

Кариера

Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува.

Здравје и совет

Зацврстете си го телото.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов.

Кариера

Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден.

Кариера

Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка.

Здравје и совет

Смирите се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го.

Кариера

Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики.

Кариера

Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи.

Здравје и совет

Нервоза и немир.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли.

Кариера

Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство.

Здравје и совет

Радувајте се на личните успеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти.

Кариера

Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму.

Здравје и совет

Не се брзајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок.

Кариера

Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму.

Здравје и совет

Ќе бидете среќни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми.

Кариера

Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив.

Здравје и совет

Побарајте весели содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери.

Кариера

Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува.

Здравје и совет

Ќе бидете малку забавени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување.

Кариера

Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро.

Здравје и совет

Посетете стоматолог.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите.

Кариера

Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни.

Здравје и совет

Ограничете ги калориите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бисера Костадиновска Стојчевска и Бране Петрушевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Бисера Костадиновска Стојчевска и Бране Петрушевски

Бисера Костадиновска Стојчевска и Бране Петрушевски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер