Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата - Канал 5

Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата

Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата, смета дека политиката не треба да се меша во судството.

Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека политиката не треба да се меша во судството и дека како прв човек на законодавниот дом нема да го коментира враќањето на Артан Груби во земјата, кој е поранешен вицепремиер од ДУИ осомничен за злоупотреби, и како тоа би се одразило врз опозициските партии, но и во коалицијата „Вреди“.

- Собранието и јас како негов претседател не е добро да коментирам политички одлуки, но она што сум го изјавил јавно и што е принципиелно и можам да го повторам е тоа дека е крајно време да престанеме да се мешаме во судството. Таа перцепција кај граѓаните дека има некаков договор остава лошо чувство кај сите граѓани, така што мојата порака би била, конечно, секоја институција да си ја врши својата работа, во овој дел судството и Обвинителството. Има процес, нека си ја вршат својата работа совесно и професионално. Тоа ќе биде доволно сите граѓани да бидат задоволени. На крајот на краиштата, битна е правдата - изјави Гаши.

Гаши, како што истакна, не мисли дека враќањето на Груби е политичка одлука. - Немам никакви информации, не можам да тврдам нешто што не го знам - рече тој.

Дојдено е времето, според претседателот на Собранието, „сите да се свестиме дека немаме време веќе за губење за воспоставување на правната држава“.

- Ова е повик кон сите институции, актери во општеството, и судството и Обвинителството, и извршната и законодавната власт, ако секој си ја извршува својата работа професионално и совесно, мислам дека не е тешко да се дојде до тоа. Конечно сите ние кои сме повикани, вклучително и вие како новинари, за кои сметам дека сте битен фактор во општеството, ако сите работиме во една насока мислам дека ќе постигнеме позитивни ефекти во побрзо време, рече Гаши.

Додава дека секоја институција треба да работи совесно и професионално и, вели, ако се водиме од овие два принципа убеден е дека ќе имаме позитивни ефекти.

За утре е закажана седница на работната група за Изборниот законик во Министерството за правда и се очекува да биде избран нејзин претседател. Гаши информираше дека во следните недели во Собранието би требало да пристигнат нови закони од реформската агенда.

-Интенцијата е работата да биде динамична и за што поскоро време да имаме Изборен законик кој би бил прифатлив за сите инволвирани страни во изборниот процес. Што се однесува до реформската агенда очекуваме деновиве да видиме кои се законите кои се планираат да се достават од страна на Владата за Собранието да биде спремно и да направи календар и предвидливост во процесот на носење на овие закони од реформската агенда, рече Гаши.

Во однос на Кривичниот законик, претседателот на Собранието рече дека неформално е информиран дека ќе има нов Кривичен законик, но нема информација кога ќе биде доставен до нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер