Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
МакедонијаГаши на Конференцијата на ЈЈИ: Посветени сме на јакнење на регионалната соработка, коридорите 8 и 10 се едни од најважните инфраструктурни проекти-Посветени сме на јакнење на регионалната соработка, коридорите 8 и 10 се едни од најважните инфраструктурни проекти. За нашата држава, чија главна стратешка цел е полноправно членство во Европската Унија, многу е значајно да биде дел и да учествува активно во процесите на регионалната соработка и да црпи искуства и знаења што ќе ги примени во рамките на евроинтегративниот процес. Како што е наведено и во самата декларација на Јадранско-јонската иницијатива од Анкона, јакнењето на регионалната соработка помага да се промовира политичка и економска стабилност, со што се создава солидна основа и за процесот на европска интеграција - порача денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето воведно обраќање како домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива. Гаши потенцира дека Македонија е посветена на евроинтеграциите и од тоа не отстапува, но додаде дека, за жал, низ тој процес се соочува со низа препреки, кои го прават патот уште потежок и понеизвесен, но тоа не нè обесхрабрува да се откажеме од европските вредности и стандарди. Тој нагласи дека фокусот останува на реформите во правосудството, образованието, здравството, социјалната заштита, унапредувањето на економскиот стандард на граѓаните, создавањето поволни услови за домашни и странски инвестиции, како и градењето толеранција и афирмативен пристап кон јакнење на добрососедските односи. Како мала држава, додаде тој, за нас од особено значење е зачленувањето во НАТО во март 2020 година, кога станавме 30-та земја членка, со што беше исполнета една од нашите најважни стратешки цели, дефинирана со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година. Истакна дека тоа претставува значаен исчекор кон зајакнување на нашата безбедност и стабилност и е силна гаранција за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на државава. -Покрај ова, сакам да нагласам дека како држава сме особено посветени во јакнење на регионалната соработка, но и регионалната поврзаност што, за нас, исто така значи предуслов за развој и просперитет. Од тој аспект Коридорите 8 и 10 се еден од најважните инфраструктурни проекти. Оваа капитална инвестиција, освен што ќе ја поврзе земјата со две нови пристаништа, ќе направи безбедна и модерна патната инфраструктура, воедно ќе ја развие и економијата, ќе ги зближи луѓето и ќе отвори нови можности за сите нас - рече Гаши. Тој истакна дека во услови на големи геополитички предизвици со кои се соочува целиот свет фокусот треба да остане на соработката, прогресот, јакнењето, како и негувањето на вредностите кои промовираат мир, толеранција и меѓусебно разбирање. -Сите ние сме свесни дека живееме во време кога се соочуваме со предизвици на сите полиња. Некои се слични, некои се различни, некои се заеднички, а некои се поединечни. Некои држави се поотпорни на нив, а некои држави се пофрагилни. Некои предизвици се во доменот на безбедноста, а некои се закана за економската стабилност и директно влијаат на квалитетот на животот на граѓаните. Предизвици има многу, како на политички, на безбедносен и на економски план, но и во делот на заштитата на животната средина, во делот на миграцијата, во делот на поддршка на социјално загрозените...Но, она што е најважно и за што сите ние сме тука е дека секој предизвик, секој момент на криза, побрзо и поуспешно се надминува само ако дејствуваме заеднички, независно од тоа дали имаме координиран регионален пристап, или, пак, станува збор за меѓусебна поддршка или размена на искуства. Само заеднички можеме повеќе, полесно и поуспешно да одговориме на новите предизвици - порача Гаши. Тој додаде дека промената на геополитиката ја наметнала потребата да се дефинираат дополнителни приоритети на Иницијативата. -Тесната поврзаност на државите, како резултат на глобализацијата и огромниот технолошки напредок, придонесува заканите и предизвиците, особено во однос на безбедноста, да бидат глобални и да ги чувствуваме сите, независно од тоа на кој регион или континент припаѓаме. Токму затоа се јавува потребата од заеднички решенија за заеднички проблеми кои влијаат не само на Јадранско-јонскиот регион, туку и пошироко - истакна Гаши и додаде дека придобивките од демократијата не се дадени еднаш засекогаш, на нив мора постојано да се работи, да се унапредуваат и да се негуваат, бидејќи многу лесно можат да се загубат. Нагласувајќи дека една од сесиите на денешната Конференција е „Промоцирањето на мирот и стабилноста преку парламентарната дипломатија“, рече дека парламентарната дипломатија, преку различните форми на соработка, независно дали станува збор за билатерални или мултилатерални процеси, може да даде значаен придонес во градењето на стабилноста на меѓународната политика. -Затоа треба да ја промовираме на сите можни начини и да придонесеме во градењето праведен и демократски меѓународен и домашен поредок, бидејќи тоа е единствената алтернатива - изјави собранискиот спикер. Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски во своето воведно обраќање до присутните истакна дека како држава ги потврдуваме и принципите утврдени во заедничките изјави од претходните состаноци, кои ја нагласуваат суштинската улога на парламентите во зајакнувањето на регионалната соработка. -Како институции најблиски до граѓаните, парламентите имаат клучна одговорност да промовираат стабилност и безбедност, да поттикнуваат дијалог меѓу државите и да обезбедат стратешките цели да се преточуваат во конкретни политики во интерес на граѓаните. Токму затоа, зајакнатата меѓупарламентарна соработка и координираното дејствување се неопходни за консолидирање на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот - нагласи тој. Претседавањето на земјава со Иницијативата, додаде Димитровски, доаѓа во исклучително значаен момент – пет години по нашето приклучување кон стратегијата, седум години членство во иницијативата и 25 години од Анконската декларација, која ги постави темелите на нашата соработка. -Водени од мотото „зајакнување на регионалното единство, унапредување на европската иднина“, ја реафирмираме нашата посветеност на зајакнување на позицијата на регионот во пошироките европски и мултилатерални рамки. Во време на глобална неизвесност, нашето единство претставува нашата најголема сила - рече тој. Димитровски истакна дека при преземањето на претседателството земјава се надоврзала на добрите практики на претходните претседателства, но и ќе остави свој белег, придонесувајќи кон подинамична и поефикасна регионална соработка во интерес на граѓаните. Во тој контекст тој напомена дека на прво место е евроинтеграцијата, односно афирмацијата дека ЕУ е двигател на развојот и затоа е неопходно да се потврди нашата стратешка определба, да се зајакнеме пристапот до инструментите како ИПА III и граѓаните да ги почувствуваат придобивките уште пред членството. Во фокусот на агендата посочи дека се и дигиталната трансформација, потоа зајакнувањето на поврзаноста и надминувањето на инфраструктурните разлики, културната соработка и заштитата на културното наследство, младите и демографските предизвици. Генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива, амбасадор Џовани Кастеланета истакна дека оваа конференција е еден од клучните столбови на Иницијативата, бидејќи го потенцира значењето на парламентарната димензија. -Јакнењето на односите меѓу парламентите во денешно време е клучно и обезбедува дека регионалната соработка се темели на демократски легитимитет, но и на споделена регионална визија. Со тоа се осигурува дека процесот на интеграција навистина ќе биде одржлив. Во време кога политиката на моќ повторно употребува сила и одново ја обликува меѓународната политика, инвестирањето во мултилатерални рамки како нашата станува сè поважно - рече тој. Кастеланета додаде дека денес сведочиме на фаза во која мултилатерализмот повторно е на тенка линија, меѓутоа токму поради оваа причина регионалната соработка станува поважна од кога било. -Во овој контекст, особено е важно да се градат мостови меѓу ЕУ и земјите-кандидати, меѓу различните политички реалности, меѓу институциите и граѓаните, и да се демонстрира дека преку Јадранско-јонската иницијатива додаваме вредност на сите вакви иницијативи, рече тој. Истакна дека Иницијатива има две димензии: прво, да го промовира проширувањето на ЕУ преку интегрирање на Јадранско-јонскиот регион, и второ да го јакне дијалогот и соработката меѓу сите релевантни фактори во регионот – од институциите до цивилното општество, од локалните власти до економските актери. -Ние сите зборуваме за проширување на ЕУ, но овој процес не е исклучиво технички. Проширувањето е стратешки избор, тоа е политичка одлука и бара инвестиција во иднината на Европа. Денес сите треба да инвестираме во проектот наречен ЕУ. Од една страна, тоа значи забрзување и поедноставување на процесот, кој сè уште се перципира како спор, бирократски, а понекогаш и непредвидлив. Од друга страна, потребни се внатрешни промени во ЕУ. Потребни се три елементи за да се движиме напред: прво, надминување на предизвиците поврзани со едногласното донесување одлуки, кое понекогаш го парализира одлучувањето преку вето од една држава, второ, напредок кон пофлексибилна ЕУ и трето унапредување на соработката во регионите, што ќе им овозможи на земјите-членки и на кандидатите да спроведуваат подлабоки реформи, нагласи Кастеланета. Во овој контекст, продолжи тој јасно е дека Западниот Балкан не смее да остане назад. -Овие држави чекаат интеграција во ЕУ уште од Самитот во Солун во 2003 година. Додека европската перспектива за Молдавија и Украина е целосно оправдана и политички важна, мора да избегнеме создавање перцепција дека се заобиколува реалноста на Западниот Балкан. Со вакво сценарио ризикуваме поткопување на проектот наречен ЕУ и намалување на стабилноста во регионот - но и во Централна Европа, порача Кастеланета. На денешната Конференција е најавено присуство на претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на ЈЈИ – Република Македонија, Република Албанија, БиХ, Хрватска, Република Грција, Црна Гора, Италијанска Република, Сан Марино, Република Србија и Република Словенија, како и претставници од Секретаријатот на ЈЈИ. Учесниците на Конференцијата ќе се фокусираат на две клучни теми на кои ќе бидат посветени двете сесии: „Промовирање на мирот и стабилноста преку парламентарната дипломатија“ и „Зајакнување на регионалната поврзаност: Коридорите VIII и X и улогата на парламентите“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПаника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“. Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина. Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење. „На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“. Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави. TERRIFYING MIDAIR SCARE: A twice-deported illegal immigrant allegedly claimed to have a bomb and tried to storm the cockpit of United Flight from Newark to New Orleans, triggering an in-flight hijacking alert. Authorities say Honduran national Rony Alexander Gomez-Alberto—previously deported in 2011 and 2014, then released by an immigration judge in 2020—was arrested upon landing and faces terrorizing and false arson charges. ICE has placed a detainer as federal investigators weigh additional charges. — FOX & Friends (@foxandfriends) November 11, 2026 Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација. Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред. Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците. Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето. „Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата. Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.Тагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса. Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“. Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро. Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил. Mulher é atropelada por criminoso durante roubo de carro na Barra Funda, em SP; vítima está em estado grave https://t.co/1YgWxOzUul #g1 https://t.co/u3s3bC5oFw — g1 (@g1) November 10, 2026 Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште. Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил. Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот. Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега. „Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот. Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената. „Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот. Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло. До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.Тагови: автомобил разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter