Гаши му честита на Радев за изборната победа, очекува стабилна Влада во Бугарија и затворање на отворените прашања меѓу двете земји - Канал 5

Гаши му честита на Радев за изборната победа, очекува стабилна Влада во Бугарија и затворање на отворените прашања меѓу двете земји

 Нормално е дека за нас како држава е во полза да имаме стабилна политичка Влада во Софија. За да можеме да ги затвориме прашањата што се отворени. 

Гаши му честита на Радев за изборната победа, очекува стабилна Влада во Бугарија и затворање на отворените прашања меѓу двете земји

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска му честита на Румен Радев за победата на парламентарните избори и изрази надеж дека конечно во Бугарија ќе има стабилна политичка Влада и ќе се затворат отворените прашања меѓу Софија и Скопје.

- Нормално е дека за нас како држава е во полза да имаме стабилна политичка Влада во Софија. За да можеме да ги затвориме прашањата што се отворени. Знаете дека оваа Влада од почетокот има јасна заложба дека европскиот пат е дел од нашата агенда и приоритет. Но, секако, дилемите за кои е веќе јасно кои се, требаше да ги решиме заедно со политичка Влада во Бугарија, истакна Гаши, одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот на Собранието се надева и очекува што побргу да се формира Влада и да се стапи во контакт и „да се фати возот", да се почне со отварање на поглавјата и во првиот круг на проширување, ако го има, нашата држава да биде дел од тоа проширување на ЕУ.

Прашан околу уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот, тој одговори дека Собранието е подготвено и може веднаш да почне со постапката, но, само е потребен политички договор и гаранција дека нема да има такви прашања во однос на идентитетот, во иднина.

- Јасни се процедурите за менување на Уставот и се знае кој може да биде предлагач, истакна Гаши.

Притоа посочи дека може да предложат и пратеници, Владата, претседателот на државата.

- Само да се дојде до договор, потоа процедурата мислам дека ќе биде полесниот дел, подвлече претседателот на законодавниот дом.

Сите пратеници Албанци во Собранието, истакна Гаши, го сакаат тоа што побргу. Но, потсети дека се потребни 80 пратеници за да се менува Уставот.

Претседателот на Собранието, Гаши, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи, денеска одржa средба со новинари, на која информираше за тековните собраниски активности, по што одговараше на новинарски прашања.

- Разговаравме главно за текот на седниците оваа недела и следната. Во среда имаме редовна седница, во меѓувреме стигнати се некои закони за скратена постапка. Им реков дека ќе го дополниме дневниот ред, ќе ги ставиме на дневен ред, а тие што се во редовна постапка, ќе ги оставиме за наредна седница, на почетокот од месец мај, според Деловникот, информираше Гаши по редовната координација со координаторите на пратеничките групи.

Разговарале и за поднесената интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

- Денеска ќе биде доставена до пратеници и ќе биде согласно закон и Деловник, роковите ќе бидат испочитувани, ќе ја ставиме како точка на дневен ред штом се исполнат условите, појасни собранискиот претседател.

Гаши се осврна и на неодамнешниот состанок со претседателите на сите собраниски комисии, чија цел било да се отвори Собранието, а тој сакал да ги мотивира претседателите да организираат надзорни, јавни расправи, да вклучат невладини организации и да има повеќе дебати за секој закон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пресвртница: Одобрен првиот „China VI“ мотор

„Weichai Power“ доби сертификат за првиот тежок мотор со внатрешно согорување на водород кој ги исполнува кинеските стандарди за емисии „China VI“.

Пресвртница: Одобрен првиот „China VI“ мотор

Моторот „WP15“ е тестиран во сите клучни услови на работа, вклучувајќи ладно стартување, големо оптоварување, работа со голема брзина и услови на променливо оптоварување при возење.

Моторот од 14,6 литри користи директно вбризгување на водород и палење со искри. Развива 447 kW (600 КС) и максимален вртежен момент од 2.800 Nm.

Максималната термичка ефикасност достигнува 46,8 проценти, а компанијата нагласува дека овој дизајн овозможува високи перформанси со мала потрошувачка на гориво, додека моторот не испушта јаглерод диоксид за време на работата.

Една од најголемите предности на новиот мотор е фактот што споделува повеќе од 90 проценти од своите компоненти со постојните дизел мотори. Ова треба значително да ги намали трошоците за производство, одржување и можна конверзија на постојните возила.

Каде ќе се користи?

„Weichai“, исто така, вели дека „WP15“ може да користи водород со пониска чистота од конкурентските решенија, што би можело да ги намали трошоците за гориво за корисниците и да го олесни преминот од фосилни горива на водород во секторот за тежок транспорт.

Новиот мотор е наменет за широк спектар на апликации, вклучувајќи меѓународни и домашни транспортни камиони, рударски дампери, пристанишни машини, возила за челичарници, како и големи единици за производство на енергија.

Според производителот, моторот е дизајниран да обезбеди носивост и автономија споредливи со дизел моторите, особено во областите каде што електричните возила на батерии сè уште имаат ограничувања поради масата и дометот на батеријата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бура ја парализира Словенија: Бегале од град и предизвикале хаос (ВИДЕО)

Се случила сообраќајна несреќа во еден од тунелите поради возила што застанале.

Бура ја парализира Словенија: Бегале од град и предизвикале хаос (ВИДЕО)

Бура проследена со град, силни ветрови и обилни дождови погоди делови од Словенија попладнево, а најлошата ситуација е забележана во областа околу Драмаљ и Плетоварј, во близина на Словенске Коњице, каде што граѓаните пријавуваат големи материјални штети.

Во овие области падна град со големина на лешник, а фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат овоштарници и лозја покриени со мраз, како да наврнал лесен снег.

Според порталот „Siol.net“, околу 15 часот бурата ги зафатила и другите делови на Штаерска, каде што возачите, плашејќи се од град, застанале под надвозници и во тунели.

„Reševalni pas“ објави на Фејсбук дека, според неофицијални информации, се случила сообраќајна несреќа во еден од тунелите поради возила што застанале.

„Исклучително глупав, опасен, неразумен и луд потег, особено затоа што, според снимките од камерата во близина на Драмаљ, возачите имале можност да се тргнат од автопатот само неколку секунди пред надвозникот“, соопшти институтот, додека некои корисници на социјалните мрежи изјавија дека на несовесните возачи „треба доживотно да им се одземат возачките дозволи“.

Неколку помали бури се движеа југоисточно од Словенија во текот на попладнето, над Вараждинската, Крапинско-Загорската, Загребската и Карловачката жупанија во Хрватска, но засега нема информации за голема бура.

Словенечката агенција за заштита на животната средина (ARSO) објави дека се очекуваат нови врнежи од дожд со грмотевици во текот на попладневните и вечерните часови, но дека временските услови треба да се смират во текот на ноќта.

Во некои низински подрачја во внатрешноста на земјата е можно и краткотрајно формирање магла, објави „ARSO.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечка забележана на една од патеките на Водно

Платформата Ски-Македонија предупредува дека на Водно е забележана мечка, поради што апелираат до посетителите да бидат внимателни при движењето низ шумските патеки.

Мечка забележана на една од патеките на Водно

Според објавените информации, мечката е забележана над Нерези, во близина на селото Горно Крушопек, а информацијата брзо се прошири и меѓу планинарските друштва. Според нив, животното се движи по рутата Јасен – Матка – Нерези.

Засега не биле пријавени напади или други инциденти, но сепак, велат присуството на мечка во овој дел од Водно е доволна причина посетителите да бидат внимателни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер