3Им ги корнеле косите и им ги кршеле коските на близначки од Иран поради протестите- едната е осудена на смрт (ВИДЕО)
МакедонијаГаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформиГаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос.Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Африм Гаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваа и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска. На средбата се разговараше за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската агенда. Претседателот Гаши изрази благодарност за Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи го како значаен инструмент за поддршка на реформите, кој ќе придонесе за забрзан економски и социјален развој на целиот регион. Во текот на средбата беше потврден напредокот на Република Македонија во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на кој на земјата ѝ беа одобрени 142,1 милиони евра во рамките на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Исто така, беше нагласена важноста од конструктивен политички дијалог и обезбедување широка меѓупартиска поддршка за спроведувањето на реформите поврзани со процесот на европска интеграција. Соговорниците ја оценија посетата на еврокомесарката за проширување како силна потврда на континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Република Македонија, како и дополнително охрабрување за продолжување на реформскиот процес и спроведувањето на клучните реформи. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанче Тошковски во „Вести плус“ Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Панче ТошковскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЖивотЗошто некои мажи остануваат во врска иако не се емотивно присутниПовлекувањето, молчењето и недостатокот на блискост често имаат длабоки причини, од стрес, нерешени проблеми до научени обрасци на однесување.Во долгите врски и браковите не е невообичаено едниот од партнерите да делува физички присутен, но емотивно оддалечен. Според стручните лица за односи, ваквото однесување не мора нужно да значи и крај на љубовта или неверство, туку последица на различни животни околности, стрес или нерешени проблеми во односот. Емотивната оддалеченост се развива постепено, поради што партнерите промената не ја забележуваат веднаш. Кога разговорите ќе станат површни, нежноста ќе исчезне, а заедничкото време повеќе не носи чувство на блискост, важно е да се открие причината, наместо да се носат избрзани заклучоци. Според психологот Џона Готман од институтот Готман, мажите кои емотивно се отсутни, остануваат во врска поради овие пет причини. Тешко ги изразуваат чувствата Некои мажи од детството се научени да ги контролираат емоциите и да не покажуваат ранливост, сметајќи го тоа за слабост. Поради тоа делуваат ладно, резервирано и незаинтересирано, иако всушност имаат чувства кои не умеат и не сакаат да ги изразат. Стресот ја одзема енергијата во односот Проблемите на работа, финансискиот притисок или големите животни промени може да доведат до повлекување на личноста. Кога некој постојано е оптоварен во грижи, често му останува помалку енергија за нежност, разговор и емоционална поврзаност. Насобраните проблеми ги оддалечуваат партнерите Кога конфликтите постојано се одложуваат и не се решаваат преку отворен разговор, меѓу партнерите може да се создаде емоционален ѕид. Наместо разговор, некои избираат молк и повлекување, што со тек на време дополнително ги оддалечува партнерите. Остануваат поради чувство на обврска Понекогаш мажите остануваат во односот поради децата, заедничкиот живот, финансиската стабилност или чувството на одговорност кон семејството. Иако и понатаму може да чувствуваат приврзаност кон партнерката, односот може да се претвори во заедница која функционира од навика наместо од емотивна блискост. Ја изгубиле навиката за искрен разговор Без отворена комуникација партнерите со тек на време може да престанат да ги делат своите мисли, желби и стравови. Кога ќе исчезне размената на емоции и кога разговорите ќе се сведат на секојдневни обврски, чувството на поврзаност може значајно да ослаби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Зошто жените носат поголем ментален товар во семејството?За партнерскиот или семејниот живот да функционира, потребен е голем ментален напор што честопати останува незабележан. Станува збор за паметење ориентирано на иднината, која вклучува сè, од планирање на лекарски преглед и купување до усогласување на работните обврски и организирање на дружбите. Ова когнитивно оптоварување, познато како проспективна меморија, е од суштинско значење за стабилноста на врската, но неговата нееднаква распределба може да создаде фрустрација и стрес, пишува Psychology Today. Проспективната меморија подразбира способност намерата да се спроведе во дело. Процесот честопати бара повеќекратно потсетување пред да се изведе. Понекогаш, некој надворешен знак ќе нè поттикне да извршиме задача - на пример, средба со соседот ќе нè потсети дека треба да доставиме пакет кој погрешно бил доставен на нашата адреса. Во контекст на врските и семејствата, оваа ментална работа се одвива во четири фази: планирање, потсетување себе и другите, извршување на задачата и на крај, проценка на извршената задача. Бидејќи овој напор е претежно невидлив за оние околу нас, може да се смета за невидлива работа. Поделба на менталниот товар во семејството Во студија од 2022 година, психолозите Ерин Харингтон и Селинда Рис-Меланкон ја анализирале распределбата на проспективната меморија во домаќинствата со деца. Во прашалниците, родителите го оцениле сопствениот напор и напорот на партнерот при планирање, потсетување, извршување и оценување на задачите поврзани со децата и самиот партнер. Различни перцепции на татковците и мајките Резултатите покажале значителен јаз. Татковците сметале дека поделбата на работата е рамноправна. Мајките, пак, изјавиле дека носат значително поголем когнитивен товар, особено во задачите поврзани со децата. Интересно е што проценките на мајките за придонесите на татковците се поклопувале со она што татковците го навеле. Сепак, татковците значително го потцениле напорот што го вршат мајките. Анализата потврди дека мајките навистина извршуваат поголем дел од проспективната меморија, особено во почетните фази на планирање и потсетување. Сличен образец се повторил и кај задачите поврзани со партнерите - мајките сметале дека почесто им помагаат на своите партнери отколку што тоа го перципирале татковците. Истражувањето спроведено од Линдзи Робертсон, Тамара Андерсон и Кристина Ким, исто така, потврдило дека мајките извршуваат постојана ментална работа за да го одржат домаќинството во функција. Причини за нерамнотежата Се поставува прашањето зошто постои таков јаз во перцепцијата и зошто когнитивниот товар кај мајките е поголем. Одговорот е веројатно поврзан. Една претпоставка е дека татковците едноставно не забележуваат голем дел од менталната работа што ја извршуваат мајките. Овде не се работи за намерно избегнување одговорност, туку за тоа дека татковците го потценуваат трудот на својата партнерка и сопствениот придонес го прилагодуваат на таа погрешна проценка. Видливи и невидливи задачи Студијата на Робертсон и нејзините колеги попрецизно ги дефинира разликите. Менталниот напор на татковците се однесува на конкретни и видливи задачи, како што е косењето трева или фрлањето ѓубре. Мајките, од друга страна, се одговорни за различни помали, невидливи задачи, како што се организирање на семејниот распоред, следење на земањето лекови или плаќањето сметки на време. Една мајка во студијата ги опишала своите задачи како „работа во позадина“ што бара постојано ментално присуство. Исто така навела дека нејзиниот сопруг почнал да го разбира нејзиниот когнитивен напор дури кога му го објаснила користејќи деловна терминологија. Ова сугерира дека партнерите можеби не ја ценат менталната работа ако не видат колку често се планираат и поддржуваат семејните активности. Како да се балансира менталниот товар Наместо да се потпираат на помнењето, семејствата можат да користат алатки како заеднички календар, список со обврски и задачи. Така сите членови во домаќинството би биле информирани за обврските и ќе се намали притисокот врз одреден поединец. Партнерите можат да се согласат меѓусебно да се потсетуваат на задачите. Овој пристап ја поттикнува соработката и ја зголемува веројатноста дека обврската ќе биде исполнета. Дигиталните алатки можат да ја преземат и улогата на потсетници. Можете да поставите аларми за дневните обврски или да користите потсетник базиран на локацијата, што ќе се активира, на пример, кога ќе пристигнете во продавница. За алатките, како на пример, календарот да биде корисен, прво е потребно да се идентификуваат и наведат сите мали, често неформални задачи што го оптоваруваат памтењето. Првиот чекор е овие обврски да се направат видливи. Клучно е да разговара редовно за менталниот труд во домаќинството. Овие разговори треба да се сметаат за важна обврска и да се внесат во заедничкиот календар. Видлива работа за поздрав однос Планирањето, потсетувањето, извршувањето и анализата на семејните обврски ја сочинуваат невидливата работа што ги одржува односите. Кога овој ментален напор станува видлив и кога партнерите отворено зборуваат за тоа, се отвора простор за подобра комуникација, пофер поделба и, на крајот, за посилен однос и постабилно семејство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook