Гаши: Ќе се договара нов Изборен законик, а за измените на Кривичниот законик уште нема предлог од Владата - Канал 5

Гаши: Ќе се договара нов Изборен законик, а за измените на Кривичниот законик уште нема предлог од Владата

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал координација со координаторите на пратеничките групи по паузата поради одржувањето на локалните избори. 

Гаши: Ќе се договара нов Изборен законик, а за измените на Кривичниот законик уште нема предлог од Владата

Нагласи дека потребни се или измени на Изборниот законик или да се донесе целосно нов закон, информира Гаши на неделниот брифинг со новинарите. Како што потенцира Гаши, на координацијата сите се согласиле дека треба да разговараат со цел консензуално да се донесат новите законски решенија.

-На координацијата прва по паузата за изборите, разговаравме да се донесе нов Изборниот законик, на консензуален начин. Нов Изборен законик треба меѓу другото и поради финансирањето на партиите. Беше проблем, бидејќи со одредбите напишани во 2021 година, две партии имаше само, што не соодветствува со реалноста. Имаше три на власт, три во опозиција. Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде една изборна единица, рече спикерот.

Со измените на Изборниот законик или со новото законско решение треба да се надминат сите проблеми што досега се евидентирани во изборните процеси, без разлика дали се работи за парламентарни, претседателски или локални избори. Препораките на ОБСЕ, начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независни кандидати, цензусите, предвремената кампања, но и теми како изборниот модел или организирање во една изборна единица – сите прашања во врска со изборите се очекува да бидат опфатени, рече Гаши.

Претседателот на Собранието информира дека на координацијата со координаторите не зборувале за Кривичниот законик кој амнестира и ослободува функционери од корупција и од злоупотреба на службената положба и овластувањата.

-Вратата за новиот Кривичен законик и за измените што ги бара Управниот суд во однос на амнестирачките членови во него за извршена корупција, во Собранието е отворена. Уште нема предлог, тоа зависи од Владата, рече Гаши, кој кога ги распиша локалните избори во август, потенцира дека новиот Предлог- кривичен законик „само што не пристигнал во Собранието, бидејќи така му било најавено од министерот за правда Игор Филков и од Владата“.

Прашан околу распишувањето на локалните избори во четирите општини каде не беше постигнат законскиот цензус од една третина излезност, Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, Гаши истакна дека ќе одржи консултација со Државната изборна комисија, затоа што, како што рече, има нејаснотии околу рокот за распишување.

Според Изборниот законик, повторените избори треба да се распишат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори, Гаши рече дека дилемата е дали тие 60 дена се бројат од конечноста на резултатите во првиот круг, кога ДИК констатираше дека во четири општини не е постигнат цензусот или по конечните резултати после вториот круг.

Претседателот на Собранието информираше дека на 15 јануари следната година истекува мандатот на актуелниот состав на Државната изборна комисија (ДИК), што се поклопува со времето кога треба да се одржат повторените избори во четирите општини. Гаши вели дека е во комуникација со ДИК за решение на ситуацијата.

- Според законот, мандатот на член на ДИК трае пет години, до избор на нов член и со оваа формулација „до изборот на нов“ ќе се продолжи мандатот на актуелните членови додека завршат изборите во четирите општини, рече тој.

Прашан за законот за локална самоуправа кој не се донесе пред локалните избори поради немање Бадентерово мнозинство, спикерот истакна дека повторно ќе се отвори расправа. Но не можеше да каже дали ќе се тргне тоа „овој закон ќе стапи во сила од следните локални избори”, зашто ако не се смени тоа, а целта на законот е да може со референдум да се отповикуваат градоначалниците ако не си ја вршат работата, ќе значи дека законот ќе се донесе за да ги заштити градоначалниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа зависи од волјата на пратеничките групи. Штом ќе има волја, веднаш ќе биде ставен во собраниска процедура, рече тој.

Засега нема најава на отворање на Уставот по ниту едно прашање, потенцира Гаши одговарајќи на новинарско прашање околу мислењето на Венецијанската комисија дека потребни се уставни измени за поголема независност на Јавното обвинителство.

Гаши соопшти дека Предлог-буџетот за 2026 година стигнал вчера во Собранието и оти на пленарна седница ќе се најде на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер