Гаши им врачи благодарница на волонтери од Црвен крст за придонесот по пожарот во Кочани - Канал 5

Гаши им врачи благодарница на волонтери од Црвен крст за придонесот по пожарот во Кочани

Иле Матеничарски од Црвен крст - Кочани во изјава за медиумите рече дека волонтерите се херои, вистински пример во заедницата и секој треба да ги следи нивните чекори.

Гаши им врачи благодарница на волонтери од Црвен крст за придонесот по пожарот во Кочани

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска им врачи благодарница на волонтери од Црвениот крст на Република Македонија, во знак на признание за севкупниот придонес и поддршка во надминување на последиците и предизвикани од катастрофалниот пожар во Кочани што се случи годинава на 16 март. Благодарницата беше врачена во рамки на настанот во Собранието по повод 5 декември - Светскиот ден на волонтерството.

Иле Матеничарски од Црвен крст - Кочани во изјава за медиумите рече дека волонтерите се херои, вистински пример во заедницата и секој треба да ги следи нивните чекори.

- Самата благодарница што денеска ја примивме претставува огромна поддршка и признание дека сме признаени и видени од страна на населението и на Собранието и претставува патоказ на нашите волонтери за нивна мотивација за понатамошни успеси, истакна Матеничарски.

Тој рече дека вратите на Црвениот крст се отворени, секој кој сака може да се приклучи, а се со цел заедно да се направат општествени промени во заедницата.

Александра Соколова, исто така, волонтер во Црвен крст - Кочани, изјави дека по несреќата во градот, со многу брза реакција, волонтери од цела држава биле распоредени и во здравствени установи и насекаде каде што биле потребни.

- Присутни сме по повод Денот на волонтерите. Ми претставува особено чест тоа што јас сум токму таа која го прими ова признание денеска од претседателот на Собранието. Благодарница што претставува признание за сите волонтери кои несебично учествуваат, ги даваат најдрагоценото време и енергија и со цело свое срце се вклучени во сите активности на терен, подвлече Соколова.

Собранискиот претседател Гаши во изјава за медиуми се осврна на настанот од утрово, кога пратеници и волонтери од Црвениот крст во Скопје излегоа заедно на терен за да помогнат таму каде што е потребно.

Како што беше појаснето, активностите опфаќале пакување и дистрибуција на хуманитарна помош, поддршка за бездомници, помош на стари и изнемоштени лица во домашни услови, социјални активности за поддршка на лица од третата доба, поддршка за лица со попреченост, промотивни активности од областа на првата помош и крводарителство и други хуманитарни и социјални активности во заедниците.

- Заедно со пратеници од сите политички партии, сите кои сакаа да учествуваат и имаа можност, бевме поделени во неколку групи и ние, како пратеници, учествувавме активно во волонтерството и бевме дел од таа армија на волонтери во државата, која е над пет илјади. Сакам да искажам голема благодарност кон оние, кои секогаш се подготвени да помогнат на луѓе без никаков надомест, туку само затоа што сакаат да бидат луѓе, да останат луѓе и да им помагаат на луѓе кога тоа им е најпотребно, додаде Гаши, истакнувајќи дека за првпат се организира ваков настан, и изрази надеж оти ќе ги има и многу повеќе во иднина.

Тој потсети дека идната година е година посветена на волонтерството, но, ги повика сите пратеници постојано да ја покажуваат хуманоста.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити рече дека сакаат да испратат порака оти волонтерството е вредност и капитал на секое општество, па и на нашето.

- Беа вклучени околу дваесетина пратеници, толку и побаравме, затоа што капацитетите и можностите на просториите каде се волонтираше отприлика тоа го бараат. Интересот беше навистина на потребното ниво, одговори тој на новинарско прашање.

Саити беше дециден дека денот се слави меѓу другото и за благодарност до волонтерите за нивните придонес и труд и да се поттикне и да се потсетат општествените чинители кои се одговорни за одлуките во државата, да го поддржат волонтирањето и напорите на волонтерите.

- Денеска отпочнуваме со потпишување на парламентарната декларација за поддршка на волонтирањето, на потпишување локални декларации по општините од страна на градоначалници и советите, и секако, ќе оди една повелба граѓанска што ќе биде објавена на веб-страницата на Црвен крст. Секој граѓанин ќе може во текот на 2026. да ја потпише, во смисла на поддршка, додаде Саити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. 

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс.

Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот.

Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс.

Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан.

Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа.

Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума.

Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства.

ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа.

Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики

Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.

Мерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики

Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt.

Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците.

Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците

Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап.

„Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе.

Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок.

„Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа.

Тие бараат подолга работа за иста плата

Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените.

Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела.

Затворањето на објектот во моментов е можност

Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер