Гаши ги распиша локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа - Канал 5

Гаши ги распиша локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Собранискиот спикер Гаши ги распиша повторните локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, а ДИК отпочна со подготовките за нивно одржување. 

Гаши ги распиша локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Ќе се гласа на 11 јануари в недела, а изборната кампањата ќе стартува на 22 декември и ќе трае до 9 ти јануари на полноќ. Изборите во овие четири општини не беа успшени и пропаднаа уште во првиот изборен круг на 19-ти октомври поради тоа што не беше исполент цензусот од најмалку една третина излезност на гласачките места. Право да се канидираат освен партиите ќе имаат и независни кандидати. Собирањето потписи ќе стартува од 21 ноември и ќе трае до 30-ти ноември. Роковите за повторените избори, освен изборната кампња која е трае 20 дена ќе бидат скратени за по 5 дена, а Избирачкиот список ќе биде заклучен на 20-ти декември.

„Рокот за поднесување канидатури според роковникот е најдоцна до 11 декември до почноќ. Ждрепката ќе се одржи најдоцна на 17-ти декември. Само изборната камапња нема да биде скратена и таа започнува 20 дена пред избори, односно на 22-ри декември. Го задолжуваме МВР да изврши ажуриање на податоците во Избирачкиот список“– Борис Кондарко, претседател на ДИК.

Собраникиот спикер Гаши по потпишувањето на указот ги повика партиите да водат мирен, фер и демократски изборен процес, а граѓаните на овие општини масовно да излезат на гласање.

- Ги повикувам сите политички субјекти и кандидатите учесници да водат мирен, фер и демократски изборен процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности. Исто така, им се обраќам на граѓаните на овие општини да го остварат своето право и масовно да учествуваат на гласањето. Повторувањето на изборите ја потврдува важноста на учеството на секој граѓанин во локалното одлучување и во зајакнувањето на институционалниот легитимитет, се наведува во писмената изјава на спиекрот Гаши.

Во првиот круг од локалните избори кои се одржаа на 19-ти октомври во општините Гостивар и Врапчиште убедливо најмногу гласови освоија кандидатите на Националната алијанса за интеграција, пред кандидатите на Вреди. Во Маврово Ростуше разликата во гласовите беше тесна во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со оклку 600 гласови пред кандидатот на СДСМ, додека во Центар Жупа на 19-ти октомври најголем број од гласовите освои кандидатот на Демократска партија на Турците пред канидатот на Партијата за движење на Турците во Македонија. Дали и на повторните избори во јануари догодина партиите ќе излезат со истите градоначалнички кандидати засега не се знае, но извесно е дека овие опшптини сигурно ќе добијат градоначалници, бидејќи за разлика од редовните локалани избори, на повторените не е предвиден цензус во Изборниот законик. За да биде избран градоначалник еден од кандидатите ќе треба да освои мнозинство од гласовите. Со општините дотогаш ќе раководат владини повереници, кои наскоро треба да ги именува Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер