Гаши: Да застанеме заедно против омразата - Канал 5

Гаши: Да застанеме заедно против омразата

Тој на неговиот фејсбук профил посочува дека навредливите извици и говорот на омраза што се слушнаа таа вечер не го претставуваат духот на спортот, ниту духот на нашите граѓани.

Гаши: Да застанеме заедно против омразата

„Почитувани граѓани,

Кога спортот, кој треба да биде мост на обединување, се претвора во сцена на омраза и поделби, сите треба да застанеме на момент и длабоко да размислиме за тоа што се случува со нашето општество.

Со длабоко чувство на одговорност и голема загриженост, како Претседател на Собранието, внимателно го следев јавниот одѕив и реакциите на надлежните институции кои веќе преземаат активности за да го адресираат инцидентот што се случи за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово.

Свесен за чувствителноста на моментот и за важноста секој збор да биде внимателен и обединувачки, денес сакам да им се обратам на сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на етничка, јазична или политичка припадност:

Навредливите извици и говорот на омраза што се слушнаа таа вечер не го претставуваат духот на спортот, ниту духот на нашите граѓани, а пред сè не ги претставуваат вредностите врз кои е изграденa нашата држава.

Општество што тежнее да биде дел од европското семејство мора да се гради врз основа на почит, достоинство и еднаквост за сите граѓани.

Остро ја осудувам секоја форма на говор на омраза, особено онаа што има цел да раздели луѓе поради нивната етничка или национална припадност. Република Северна Македонија е мултиетничко општество и Албанците се државотворен народ.

Ги повикувам сите институции, сите политички партии, сите граѓани, да застанеме заедно против омразата.

Да се издигнеме заедно за поправедна, почесна и пообединета иднина. Тоа треба да биде нашиот пат. Тоа е наша должност.“

Африм Гаши

Претседател на Собранието на Република Македонијa

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер