Мисајловски во посета на артилерискиот баталјон и увид на градежните активности во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп
2Мисајловски во посета на артилерискиот баталјон и увид на градежните активности во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп
ФудбалГарсија со хет-трик го предводеше Реал до триумф над БетисРеал Мадрид вечерва го победи Бетис со 5:1 на свој терен во натпревар од 18. коло на шпанската Ла Лига.Фудбалерот на домаќините, Гонзало Гарсија, постигна хет-трик, додека Раул Асенсио и Фран Гарсија постигнаа по еден гол за мадридскиот тим. Кучо го постигна единствениот гол за гостите. Реал Мадрид е втор на табелата во шпанското првенство за сезоната 2025/26 со 45 бода од 19 натпревари. Бетис е шести со 28 бода од 18 натпревари. Бетис ќе го игра својот следен натпревар од Ла Лига на 10 јануари, на гостински терен против Овиедо. Реал Мадрид ќе го пречека Леванте на 17 јануари. Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСејдини излегува од притвор: Гаранција од 1,15 милиони евра за да се брани од слободаПо три месеци поминати во притвор, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода.По три месеци поминати во притвор, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода. Скопскиот кривичен суд ја прифатил гаранцијата во вредност од над 1.150.000 евра, обезбедена со хипотека на недвижен имот, по што му е укинат притворот. Одлуката е донесена откако обвинителството дало позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата. Истовремено, одземена му е патната исправа и му се определени мерки за обезбедување на неговото присуство во постапката. -По поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција и добиено позитивно мислење од Јавниот обвинител, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја прифати понудената гаранција, а со оглед дека против решението не беше изјавена жалба, истото стана правосилно, по што осомничениот е пуштен да се брани од слобода,- -Основен Кривичен суд Скопје. Сејдини беше уапсен на 23 април годинава во истрага што ја води скопското обвинителство. Во првиот предмет е осомничен за проневера на околу 700 илјади евра средства од УЕФА, наменети за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Во овој слуачј тој е осомничен за проневера во службата. Во меѓувреме, истрагата беше проширена и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Во новиот предмет се опфатени 18 физички и 8 правни лица, меѓу кои и Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и други лица. Според обвинителството, преку стотици фиктивни исплати и договори била предизвикана штета од над 180 милиони денари, односно речиси три милиони евра. Осомничените се товарат за проневера во службата и перење пари. Иако при отворањето на истрагата петмина осомничени беа недостапни за органите на прогонот, Обвинителството во меѓувреме ги обезбеди сите лица опфатени со постапката, која се води против 18 физички и 8 правни лица. Од ОЈО ГОКК велат дека истрагата за овој случај е се уште во тек. Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски во посета на артилерискиот баталјон и увид на градежните активности во касарната „Мирче Ацев“ во ПрилепMинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и извршија увид на градежните активности, кои во моментов се реализираат во касарната. Мисајловски порача дека Министерството заедно со Генералштабот континуирано работат на подобрување на инфраструктурата во касарните и посочи дека со реконструкцијата се обезбедуваат услови за соодветно сместување и складирање на новонабавената опрема и возила, хаубиците, Страјкерите и лесните оклопни возила (JLTV), како и за останатата артилериска опрема. „Оваа инвестиција е од 10.5 милиони денари, но значи многу, бидејќи на овој начин опремата ќе биде целосно заштитена. Како што можете да видите, целосна нова челична конструкција, а направена е нова електрика, заштитен објект, целосно под видео надзор со хидрантска мрежа“, рече Мисајловски и додаде дека во моментов се работи на различни проекти низ касарните во државава во висина од над 850.000 евра. Мисајловски од прилепската касарна уште еднаш потенцира дека инвестициите во одбраната се инвестиции од македонските граѓани за македонската Армија, која е секогаш подготвена да им помогне на своите сограѓани и во служба на државата. Во рамки на денешната работна посета на касарната, министерот го посети и Одделението за одбрана на Министерството во Прилеп. Министерство за одбранаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата бара решение за проблемот со Бугарија и откочување на европските интеграцииПостои позитивен имплус за изнаоѓање механизам за деблокада на евроинтеграциите и земјава континуирано преговара и со европските претставници и со официјална Софија.Постои позитивен имплус за изнаоѓање механизам за деблокада на евроинтеграциите и земјава континуирано преговара и со европските претставници и со официјална Софија, но конкретно решение засега нема, посочи шефот на дипломатијата Муцунски. Вели разговорите ќе продолжат и натаму и уште еднаш потенцираше дека Македонија нема да остапи од националните интереси – јазикот и идентитетот, а на сите досегашни средби се укажувало и на ризикот од билатерализација на процесот. „Содржината на тие разговори и деталите не ги претставуваме поединечно пред јавноста, бидејќи тогаш би воделе преговори и разговори пред јавноста и тоа не би донело до никакво решение. Сум кажал дека ние немаме алтернатива освен да бараме решение, но тоа што ја уверувам македонската јавност е дека било кое решение ќе биде во рамките на принципите и постулатите коишто владата јавно ги има кажано. А дали работиме за решение, секако дека работиме и не сме престанале да работиме за изнаоѓање на праведливо и одржливо решение во изминатите две години“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи. Ставот на Муцунски е дека протоколите потпишани со Бугарија не се дел од преговарачката рамка и дека во неа нема експлицитна одредба која се однесува на моментот на влегување во сила на уставните измени. Не прецизираше дали како опција на маса во разговорите повторно се и уставни измени со одложено дејство. Македонија вели ќе продолжи да инсисистира и на целосно и доследно спроведување на пресудите од Стразбур за непочитување на правата на Македонците во Бугарија. „Согласно моето толкување како министер и како правник протоколите не се дел од преговарачката рамка. Преговарачката рамка нема ниту експлицитна, ниту имплицитна одредба според која влегувањето во сила на уставните измени претставува некаква одредница за одблокирање на преговарачкиот процес. “– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи. Во однос на евентуални можи закани од Иран поради поддршката која земјава ја дава на воените акции на САД во Заливот, Муцунски вели дека такви закани во моментот нема, а во случај да има безбедносните институции и НАТО ќе ги превенираат истите. Иран пред некој ден упати директно предупредување до Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook