Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
2Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
ФудбалГардијан: Евертон може да ја тужи Премиер лигата по казната на Челзи Евертон размислува за правна постапка поради санкциите на Премиер лигата против Челзи за финансиски малверзации, објавува Гардијан.Според британскиот медиум, претставниците на Евертон се подготвуваат да побараат објаснување на суд зошто Челзи избегна сериозни спортски казни, ако што тоа беше случај со нивниот клуб. Челзи беше казнет со 10,75 милиони фунти и доби условна забрана за трансфери откако доброволно откри претходно непријавени плаќања кон играчи и агенти во вкупен износ од 47,5 милиони фунти помеѓу 2011 и 2018 година. Евертон бара правен совет и сите опции моментално се разгледуваат. Челзи се согласи на спогодба со Премиер лигата, но ова предизвика широка загриженост кај ривалските тимови. Во минатото, на Евертон му беа одземени осум бода за сезоната 2023/24 поради кршење на Правилата за профитабилност и одржливост (PSR) на Премиер лигата. Панелот што го разгледуваше тој случај експлицитно ја наведе спортската предност стекната преку пречекорување на трошоците. Во пресудата за Челзи не се појави таква формулација, и покрај тоа што тимот од западен Лондон постигна значителен успех во годините за кои станува збор. Токму оваа наводна недоследност е причината зошто Евертон сака да поднесе жалба на одлуката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветНовите украински ракети можат да стигнат до Москва-Новите украински ракети можат да стигнат до Москва: „Напредуваме многу брзо, погодуваме важни цели во Русија“!Украина би можела да ги изведе првите напади врз Москва уште оваа есен, користејќи балистички ракети од домашно производство, изјави Денис Штилерман, сопственик и главен конструктор на одбранбената компанија „Фајр поинт“ (Fire Point). Штилерман наведе дека компанијата е во завршна фаза на тестирање на новиот ракетен систем и дека, штом ќе завршат пробните лансирања, ракетите би можеле да почнат да се користат против цели во внатрешноста на Русија. „Армијата ќе одлучи каде да удри, но верувам дека тоа веднаш ќе бидат значајни цели“, рече Штилерман. Штилерман додава дека временската рамка за распоредување на ракетите зависи од резултатите од тестирањата на моторот, вклучително и од финалното испитување на перформансите на моторот на пробната платформа. „Ќе го поставиме моторот на платформата, ќе спроведеме пробно пуштање во работа и ќе видиме како се однесува. Доколку се појават какви било проблеми, ќе ги отстраниме. Но, напредуваме многу брзо“, рече тој. Овие најнови изјави уследија по претходното интервју со Штилерман, во кое тој наведе дека компанијата „Фајр Поинт“ (Fire Point) се подготвува за сериско производство паралелно со процесот на тестирање. Имено, компанијата планира да произведе меѓу 10 и 20 ракети за пробни лансирања, при што обемот на производство би можел да се зголеми на десетици единици откако ова оружје ќе добие официјална кодификација и одобрение за набавка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЖивотРускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долариРускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави нето-добивка од 78,4 милијарди рубљи – што е приближно една милијарда долари – за првата половина на 2026 година. Ова претставува значителен пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба. Во првите шест месеци од минатата година, „Гаспром“ книжеше загуба од 10,76 милијарди рубљи, односно 137 милиони долари. Оваа година, приходите на компанијата пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, а бруто-добивката за 15 отсто, додека добивката пред оданочување остана стабилна. „Гаспром“ и понатаму е еден од најголемите светски производители на природен гас, но изгуби значителен дел од европскиот пазар по руската инвазија врз Украина. Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи, а ЕУ планира целосно да го укине увозот на руски гас до 2027 година. Пред инвазијата, во 2021 година, Европа набавуваше околу 50 отсто од својот природен гас од Русија, главно преку гасоводи. Истовремено, приходите на Русија од енергенти не се целосно прекинати. Во првата половина на 2026 година, Европа увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот погон „Јамал ЛНГ“, со кој управува „Новатек“, а не „Гаспром“. Според податоците на „Кплер“ (Kpler), увозот од „Јамал“ достигна 9,89 милиони тони, што претставува зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во последните месеци, Русија исто така најави планови за пренасочување на испораките на гас од европскиот пазар кон Азија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
БалканРоманија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централаНивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години. Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа. Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење. Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството. Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider). „Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата. Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи. Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор. Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20