Гардијан: Див исток- пет балкански земји кои треба да ги откриете - Канал 5

Гардијан: Див исток- пет балкански земји кои треба да ги откриете

Гардијан објави листа од пет балкански земји, меѓу кои и Македонија, кои треба да бидат, посетени и „откриени“ од турстите.

Гардијан: Див исток- пет балкански земји кои треба да ги откриете

Црна Гора

Со Јадранот на југ и планинските масиви на север, Црна Гора е одлично место за комбинирање на одмор на плажа со поактивен одмор. Сцената на плажата е сконцентрирана на средновековниот град Будва, кој има 22-милји долго песочно и камено крајбрежје. Скадарското Езеро, најголемото во јужна Европа, е оддалечено околу еден час возење, совршено за пловење меѓу вода лилјани и далматински пеликани.

Во текстот се споменуваат и заливот Котор кој е на листата на УНЕСКО, налик на фјорд, опкружен со планини, тврдината Свети Иван, Острошкиот манастир изграден во карпа, кањонот на Тара...

Косово

Кога станува збор за Косово од Гардијан пишуваат дека тоа е главно неотркиена туристичка дестинација за Британците, кои можеби сè уште го поврзуваат со едногодишната војна во 1998 година.

Но е опишано како безбедно место за патување, со малку гужви и ниски цени. Косово, кое нема излез на море, опфаќа две големи рамнини опкружени со планини со 50 врвови над 2.000 метри.

Оваа земја е опишана како одлична локација за планинање, јавање коњи и скијање.

А се споменува и ноќниот живот во Приштина и Призрен.

Тука се и четири манастири и цркви од листата на УНЕСКО- Дечани, Пеќ, Грачаница и Љевиш, Засолништето за мечки, дом на европски кафеави мечки спасени од заробеништво од добротворната организација „Four Paws“ и пештерата Гадиме, полна со кристализирани сталагмити и сталактити.

Словенија

Словенија е претставена како земја со шармантен главен град, планини, езера и шуми, фини вина, па дури и краток дел со излез на море.

Во северозападниот дел на земјата, како врвни знаменитости се претставени спектакуларните езера Блед и Бохињ на Јулијанските Алпи. Од другата страна на планините, помалку посетената долина Соча нуди планинарење, рафтинг и кајак во лето, а скијање и сноуборд во зима.

На југот, како место што мора да се посетат се наведени Постојна и Шкочјан и замокот Предјама, како и градот Пиран кој е преставен како најубав град на словенечкото крајбрежје, со италијанска архитектура која го одразува вековното венецијанско владеење.

Од истокот на СЛовенија се издвоени Марибор и најстариот град во оваа земја Птуј.

Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина е претставена како земја поврзана со војните во 1990-тите. Главниот град Сараево е спореден со минијатурен Истанбул или Ерусалим, со неговиот стар град, Башчаршија, џамии и ресторани.

Споменат е и Историскиот музеј и музејот на тунелот кои ја раскажуваат приказната за четиригодишната опсада во која загинаа 10.000 луѓе во 1990-тите.

Од југот на оваа земја се издвојува Мостар кој е познат посвојот Стар мост

Други значајни градови се Травник, поранешниот османлиски главен град и Јајце, со спектакуларен водопад.

За периодот од март до октомври се препорачува рафтинг на Бела вода.

Други активности вклучуваат повеќедневни пешачење во националниот парк Сутјеска, ноќевање во планински колиби...

Македонија

Нашата Македонија е претставена како планинска, но зелена балканска држава.

За Македонија е напишано дека иако е без излез на море, е благословена со езера: најпознатото Охридско, едно од најстарите и најдлабоките во Европа, но и Преспа, Дојран и повеќе од 50 помали глацијални езера.

Охридското Езеро кое е на листата на УНЕСКО е главната атракција, опкружено со антички манастири, барови на плажа и ресторани со морска храна. Како интересни активности за Охрид се издвоени часови за готвење покрај езерото, велосипедизам, патувања со брод и параглајдерство. Истоимениот град е полн со цркви и споменици, а покрај езерото распространети се живописни рибарски села.

Скопје, главниот град е преставен како помалку привлечен, но спомената е византиската тврдина и османлиски центар, модерните додатоци како што е Музејот на современа уметност.

На листата се најде и националниот парк Маврово, кој е дом и на живописниот манастир Свети Јован Бигорски од 11 век.

Споменати се и другите национални паркови Галичица, помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и Пелистер, планина со две глацијални езера.

Извор: Гардијан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер