ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село
1ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
РакометГарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектенРакометарите на Еурофарм Пелистер се претставија добро во дуелот со европскиот великан Барселона во ракометната Лига на шампиони, но не успеаја да обезбедат позитивен резултат на домашен терен (30:34).Шпанецот кој го предводи битолскиот тим се согласи дека подобриот тим победи, но е задоволен од напредокот во играта на неговите избраници. - Игравме против можеби најдобриот тим во светот. Да ја победиш Барселона мора да си перфектен, ние имавме добар меч, но не и перфектен. Правевме некои лесни грешки, не најдовме решение да ги сопреме во одредени ситуации. Вториот дел беше многу подобар, видов борба. Имавме мала шанса на крајот на мечот, но не можевме да победиме. Мислам дека напредуваме секој ден и сме подобри, мора да го ставиме фокусот дури и на најмалиот детал во играта. Мора да го држиме фокусот, да бидеме паметни во најситните моменти. Знам дека некогаш не е лесно да се прави тоа, но мора да работиме на таквите работи за да дојдеме до нови победи, изјави Рубен Гарабаја. Еурофарм Пелистер со два бода од пет натпревари се наоѓа на претпоследното, 7. место во Б-групата. Тагови: БАРСЕЛОНА Гарабаја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново СелоНово Село продолжува да се развива. Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации. Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село. Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување. Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните. По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија. Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура. Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите. Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура. Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места. Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓанитеСо новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации. За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, половина од вкупниот долг од независноста до денеска. Но тие пари не се за граѓаните туку за криминални тендери. Граѓаните арамијата ги остави сами. Секој месец нови поскапувања, а платите остануваат недоволни за живот. Од јануари трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ја покриваат основната потрошувачка кошничка. Работникот работи цел месец, а не може да ги плати основните потреби на семејството. Околу 180.000 работници примаат плата под 31.200 денари, додека минималната останува на 26.000 денари. За нив Мицкоски нема пари. Се најавуваат и нови поскапувања на струјата и парното, во Европа се кројат планови поради ризикот од поскапување на храната. Само арамијата Мицкоски ништо не прави. Цела година ги остави граѓаните сами да се справуваат со кризата, одбивајќи ги мерките што ги предложи СДСМ. Ова е свесен избор на Мицкоски: за работниците нема, за партиските тендери има. Долг врз долг, ребаланс по ребаланс, а сметката секогаш кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Андоновски на панел-дискусија за дигитализација на приватниот секторВо среда ќе биде промовирана Ем услугата со која граѓаните ќе може личната карта и возачката дозвоја да ја имаат во дигитална форма.Ова го најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој утринава учествуваше на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter