МакедонијаГаниу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот Ганиу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон ЈП „Комунална хигиена“.Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вечерва пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што претходно денеска го собрале од Старата скопска чаршија. Дел од медиумите објавија дека целта на оваа акција, како што изјавил Ганиу, е да испрати порака за негрижата и несоработката од страна на градските власти кон Чаир. Тој обвинил дека општината со месеци се соочува со проблеми околу одвезувањето на отпадот и одржувањето на јавната чистота, а дека барањата упатени до Град Скопје останале игнорирани. Доцна вечерва градоналачалничката на град Скопје Данела Арсовска, пак, ја осуди ваквата, како што стои во соопштението, герила акција на Ганиу, која ја оцени како притисок и обид да се пресмета со неа, по објавувањето изминативе денови, на негови наводни криминални зделки со дивоградбите. Таа меѓу другото наведува и дека општината Чаир на ЈП „Комунална хигиена“ му должи седум милиони денари. -Ти фативме низ општина Чаир со камиони како градежниот и кабаст отпад ги фрлаш во и околу наши контејнери, за да не напаѓаш, за што МВР и инспекциските служби ти го конфискуваа камионот. 7 милиони му должиш на Комунална хигиена! Ќе те чекам и во град Скопје со сите докази за дивоградбите, стои во соопштението. Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЏебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост билЏебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември.Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември, се очекува да достигне цена од речиси 80.000 долари. Тогаш 32 годишната Мери Манган сопственичката на часовникот, била патничка во трета класа на бродот, кој потонал во април 1912 година – катастрофа во која животот го загубиле 1.500 луѓе, пренесува DPA. Манган, која била родена во Ирска, патувала со поголема група патници од округот Мајо во западна Ирска – група што денес е позната како „Адергул 14“ (Addergool 14). Во нејзината група биле и Кетрин Мекгован, братот и сестрата Џон и Мери Бурк, како и поранешната сопруга на Бурк, Кетрин. Манган се преселила во Соединетите Држави, но се вратила во Ирска на почетокот на 1912 година за да го посети своето семејство; таа се качила на „Титаник“ во Квинстаун (денес Коб) во јужниот дел на земјата. Џебниот часовник од жолт метал, на кој се врежани иницијалите „ММ“, е силно кородиран поради времето поминато во водите на Северниот Атлантик. Телото на Мери Манган било извлечено од бродот за поставување кабли „CS Mackay-Bennett“, а потоа, на 22 април 1912 година, било погребано во морето. Часовникот бил пронајден на нејзиното тело и, заедно со други лични предмети, им бил вратен на нејзиното семејство. Во текот на неколку недели, часовникот бил изложен – како дел од збирка посветена на Манган – во „Titanic Belfast“, туристичка атракција во Белфаст, Северна Ирска. На барање на семејството, аукциската куќа „Henry Aldridge & Son“ ќе го понуди часовникот на продажба на аукција во Девајзис, Вилтшир, во сабота, на 21 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Bugatti“ ги праша клиентите дали сакаат електричен автомобил: Одговорот е изненадувачкиНајновите информации покажуваат дека автомобилската компанија „Bugatti“има распродадено сè до крајот на 2027 година, а купувачите стануваат сè помлади. Кога се спомнува типичен сопственик на „Bugatti“, многумина замислуваат постар милијардер кој со децении го градел своето богатство и во својата гаража чува колекција од скапи автомобили. Сепак, купувачите на овој француски производител на хиперавтомобили стануваат помлади; нивната просечна возраст е намалена од 52 на само 42 години. Овој податок го откри Саша Деринг, директорот на Bugatti за американскиот пазар, во интервју за ABC News. Според него, постои зголемен интерес од помлади, исклучително богати купувачи. Сепак, овие нови купувачи не мора нужно да ги заменуваат постојните колекционери. Дури 35 отсто од клиентите поседуваат најмалку два автомобили од марката Bugatti, додека речиси 70 отсто од оние што го нарачале новиот модел „Tourbillon“, претходно веќе поседувале возило од овој бренд. Еден неименуван колекционер од Северна Америка во својата гаража чува дури 14 автомобили од марката „Bugatti“. Можеби најинтересното откритие е тоа што помладите купувачи не инсистираат на електрификација. На прашањето дали некој побарал целосно електричен Bugatti, Деринг даде краток одговор: „Не“. Новиот Bugatti Tourbillon комбинира 8,3-литарски V16 мотор без турбополнач – развиен во соработка со Cosworth – со електрични мотори. Хибридниот систем испорачува вкупна моќност од 1.800 КС. Јасно е дека купувачите сè уште ги посакуваат звукот, карактерот и емоцијата што ги нуди еден голем мотор, дури и во автомобил што вклучува електрификација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРежисерот Кустурица на интервју со Путин: „Москва е третиот Рим. Четврти нема да има“Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна, порачувајќи им дека тоа е „вистинската страна на историјата“. Тој го изјави ова во интервју со српскиот режисер Емир КустурицаРускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна, порачувајќи им дека тоа е „вистинската страна на историјата“. Тој го изјави ова во интервју со српскиот режисер Емир Кустурица, кое Кремљ го објави во целост. Разговорот бил снимен за документарен филм насловен „Нашето крштевање: Поглаварот“, посветен на 80-тиот роденден на патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква. Путин во интервјуто зборува за војната во Украина, односите со Западот и улогата на православието во Русија. „Што се однесува до украинските војници, не сакам да кажам дека треба да се предадат, бидејќи тоа звучи донекаде понижувачки. На крајот на краиштата, тие се борат – продолжуваат да се борат“, рече Путин, одговарајќи на прашање од Кустурица во врска со односот меѓу Русите и Украинците. „Би сакал да им порачам да преминат на наша страна, бидејќи тоа е нашата заедничка страна – и вистинската страна на историјата“, продолжи рускиот претседател, кој уште еднаш нагласи дека Русите и Украинците треба да се стремат кон единство. Во овој контекст, Путин изјавил дека не се залага нужно за повторно обединување на Русија и Украина во една држава. Тој појасни дека мисли на единство во поширока смисла, како и на соработка меѓу двата народа за постигнување заеднички цели. Путин тврди дека Западот се обидува да ги ослаби и Русија и Украина. Рускиот претседател ги обвини западните земји дека ѝ даваат поддршка на Украина за да ги остварат сопствените интереси. Според него, нивната цел не е да му помогнат на украинскиот народ, туку да ја ослабат Русија и да посеат раздор меѓу народите што тој ги смета за историски поврзани. Притоа, Путин се повика на античкиот римски принцип „раздели па владеј“, тврдејќи дека оваа политика се применува против Русија со векови. Како примери ги наведе инвазијата на Наполеон, како и Првата и Втората светска војна. Според него, западните земји се стремат да ја ослабат Русија, да ја направат попослушна и да ја потчинат на сопствените интереси. Тој им ги припиша истите намери и на земјите кои во моментов ѝ пружаат воена и финансиска помош на Украина. Путин во разговорот со познатиот режисер тврди дека Украина изгубила голем дел од својата индустрија и население по распадот на Советскиот Сојуз. За таквиот развој на настаните тој го обвини украинското политичко раководство, кое го нарече националистичко. „Патриотите ја сакаат својата земја, додека националистите ги мразат другите народи“, рече Путин, тврдејќи дека со Украина управуваат националисти, а не патриоти. Тој уште еднаш ги повика Украинците да размислат за заедничка иднина со Русија. „Русија може да биде арка што ќе ги спаси луѓето“. Голем дел од разговорот бил посветен на православието. Кустурица го прашал Путин дали руската цивилизација би можела да стане еден вид арка што ќе ги заштити христијаните и традиционалните вредности од промените што се случуваат во западните општества. „Може. Апсолутно“, одговори Путин. Тој објасни дека, според него, Русија би можела да понуди засолниште за луѓето кои сакаат да ги зачуваат традиционалните религиозни и семејни вредности – вклучително и оние што доаѓаат од европските земји. Во тој контекст, Путин се осврна на концептот за Москва како „Трет Рим“, според кој руската престолнина е наследник на Рим и Цариград како центар на христијанството. Тој нагласи дека Русија нема намера да ги штити само православните христијани. „Москва е Третиот Рим. Четврти нема да има“, рече Путин, на што Кустурица одговори со насмевка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook