СветГалушченко: Русија ги напаѓа енергетските објекти низ Украина Русија нападна капацитети за производство и пренос на електрична енергија на целата територија на Украина, објави на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко.-Во тек е уште еден масовен ракетен напад врз енергетската инфраструктура. Непријателот ги напаѓа капацитетите за пренос и производство на електрична енергија низ целата земја. Операторот на системот пристапи кон итно итно исклучување на напојувањето, посочи Галушченко. Тој додаде дека каде што е можно, екипите за итни случаи и спасување и енергетските тимови вршат увид за да се проценат штетите и последиците од нападите. Како превентивна мерка поради нападот, претходно беше пријавен итен прекин на електричната енергија во главниот град Киев, регионите на Киев, Доњецк и Дњепропетровск. Зеленски: Русија ја нападна енергетската инфраструктура на Украина со околу 120 проектили и 90 дронови Русија лансираше околу 120 проектили и 90 беспилотни летала во „масовен“ комбиниран воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Целта на непријателот беше нашата енергетска инфраструктура низ Украина. За жал, има оштетувања на објектите од ударите и паѓањето на остатоците, напиша тој во изјавата на социјалните мрежи. Рускиот воздушен напад во Украина во раните утрински часови денеска предизвика „сериозна штета“ на опремата на термоцентралите на најголемиот приватен снабдувач со енергија во Украина, ДТЕК, соопшти компанијата. Во објавата на ДТЕК на социјалните мрежи се додава дека тимовите на компанијата работат на поправка на оштетената опрема, но не е прецизирано што точно било погодено. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига на социјалната мрежа „Х“ напиша дека синоќешните масовни удари на Русија се одговор на рускиот претседател Владимир Путин на сите оние кои му се јавуваат и го посетуваат. -Русија изврши еден од најголемите воздушни напади - беспилотни летала и проектили против мирни градови, заспани цивили и критична инфраструктура. Ова е вистинскиот одговор на воениот злосторник Путин на сите оние кои неодамна го повикаа и го посетија. Ни треба мир преку сила, а не преку политика на отстапки, нагласи Сибига. Претходно денеска руската војска истрела крстосувачки ракети „Калибр“ од Црното Море. Стратешките бомбардери истрелаа крстосувачки ракети, придружени со роеви камикази беспилотни летала Шахед. Министерот за енергетика Герман Галушченко објави дека Русија ги нападнала капацитетите за пренос и производство на електрична енергија. Германскиот канцелар Олаф Шолц на 15 ноември го имаше својот прв телефонски разговор со Путин по речиси две години. Ова предизвика остра реакција од украинската страна, вклучително и од претседателот Володимир Зеленски. Министерството за надворешни работи во Киев посочи дека какви било разговори со Путин му даваат само надеж на рускиот претседател за излез од меѓународната изолација. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговараПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка,за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаниФилипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста. „СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси. Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника. Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара“, посочи Филипче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листаКанал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите.Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите за ставањето на 35 светски организации на листата на терористички организации од страна на Египетскиот кривичен суд. Без никаква намера да се нарушат угледот и репутацијата на здружението, а поради пермутација на зборовите во називот на арапски јазик, Канал 5 ненамерно го употреби името на Исламскиот младински форум Скопје, поради што искрено жали. Канал 5 синоќа го објави демантот на организацијата, а и во денешното издание на вестите пренесува дел од него. „Категорично ги отфрламе сите обвинувања и неосновани наводни поврзувања со нашата организација. Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата. Ги повикуваме сите медиуми и други субјекти да покажат професионална одговорност, да ги проверуваат изворите и да избегнуваат непотврдени поврзувања што можат неправедно да го нарушат угледот на организацијата“, се вели во демантот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБлокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата, должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана. Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација. Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата. Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари. Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена. Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација. Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година. Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден. Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември. Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители. Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката. Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook