ЖивотГалуп: Мнозинството Американци веруваат дека ОН е неопходна, но ја критикуваат неефикасноста Мнозинството Американци веруваат дека Обединетите нации играат неопходна улога во светот, но ја критикуваат неефикасноста на светската организација, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење на Галуп.Анкетата, објавена денеска, покажува дека 60 проценти од Американците веруваат дека ОН е неопходна, што е помал процент во споредба со претходните анкети спроведени во последната деценија, објавува американскиот портал „Политико“. Сепак, 63 проценти од испитаниците веруваат дека ОН лошо ги решава глобалните проблеми. Поддршката за Обединетите нации беше поголема во минатото кога, според анкетата од 1997 година, 85 проценти од Американците рекле дека глобалната организација има неопходна улога. Мнозинството Американци го поддржуваат финансирањето на Обединетите нации од страна на САД, при што 35 проценти од испитаниците сакаат да се задржат сегашните нивоа на финансирање, 25 проценти сакаат зголемување, додека 37 проценти веруваат дека финансирањето треба да се намали. Големо мнозинство - 79 проценти од нив - веруваат дека САД треба да останат членка на ОН, додека 17 проценти веруваат дека САД треба да се повлечат од членството. Според партиската припадност, 59 проценти од републиканците веруваат дека ОН не игра неопходна улога, додека само 19 проценти од демократите се согласуваат. Додека повеќето демократи и независни веруваат дека САД треба да останат членка на ОН, републиканците, според Политико, се многу посклони да кажат дека САД треба да се повлечат. Само четири проценти од демократите го делат ова мислење, во споредба со 17 проценти од независните и 36 проценти од републиканците. Анкетата е спроведена преку телефонски интервјуа од 1 до 20 август со случаен примерок од 1.094 возрасни Американци.Тагови: Обединетите нации Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евраАвтопатот ќе го гради градежната компанија Гранит со рок на комплетирање од четири години.За изградбата на автопатот, денеска во Владата договор потпишаа ЈП Државни Патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни Европски коридори - 8 и 10, што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираат од Владата. -Наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници. Покрај оваа којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе и Тетово и Гостивар, Гостивар со местото Букојчани, го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата којашто треба да го поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие 6 автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија.- Христијан Мицкоски, претседател на Влада -Изградба на автопатско решение кое што треба да оди по Трансевропската рута 6 која ќе ги поврзе Скопје и Приштина и да продолжи понатака на Запад до Тирана и Драч и исто така северозападно да продолжи со поврзување со Бар преку што за Скопје се отвара уште едно пристаниште, уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот.- Александар Николовски, министер за транспорт и врски Автопатот ќе го гради градежната компанија Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од Инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР, информираа од ЈПДП. -Парите за грантот се од рамката за инвестиции на ЕУ за Западен Балкан, грантот е 30,8 милиони евра а кредитот т.е заемот е 167,6 милиони евра (од ЕБОР). - Коце Трајановски, директор на ЈП Државни патишта -Горди сме што имаме 41 милион евра во грантови што вклучува 37 милиони евра за изградба и надзор и заедно со заемот од ЕБОР и националниот придонес, оваа инвестиција од повеќе од 235 милиони евра е еден од најважните проекти за транспорт на земјата.- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија Со целосната изградба на овој автопат значително ќе се намали и времето на патување од Скопје до Црна Гора, но и целокупно значително ќе ја подобри и регионалната поврзаност на Западен Балкан, посочи евроамбасадорот во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец поради предизвикување пожар во Долно ОризариНа 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. А.О. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Долно Оризари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Го пуштивме во употреба „Безбеден град“ – проект што спасува животи и гради побезбедна иднина„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните.Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите – туку неодговорното возење. Продолжуваме со неговата имплементација низ целата држава, затоа што нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите. „Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter