3ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лвче“ добија современ систем за загревање - почист воздух и поздрава училишна средина
ФудбалГалтие: Згуснатиот распоред виновен за повредата на Нејмар„Ова не е несреќа. Секогаш постојат причини за повреда, а во овој случај тоа е густиот распоред, односно серијата натпревари“, изјави Галтие.Причина за најновата повреда на Нејмар е згуснатиот распоред натпревари, изјави денеска тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, ден откако бразилскито напаѓач предвреме го напушти натпреварот против Лил (4-3) во рамки на 24. коло во француското првенство. Нејмар го повреди скочниот зглоб при дуел со противничкиот играч Бенјамин Андре и на носилки беше изнесен од теренот на почетокот на второто полувреме. „Ова не е несреќа. Секогаш постојат причини за повреда, а во овој случај тоа е густиот распоред, односно серијата натпревари“, изјави Галтие. Од ПСЖ најавија дека Нејмар во следните два дена ќе биде подложен на дополнителни прегледи за со се утврди степенот на повредата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЦените на нафтата пораснаа по напад врз нафтено поле во Саудиска АрабијаЦените на нафтата се зголемија по напад со беспилотно летало врз нафтеното поле „Шајбах“во Саудиска Арабија, при што загинаа две лица. Цената на нафтата од типот „Брент“ надмина 110 долари, додека „WTI“ се приближи до 98 долари. Инцидентот ги зголеми стравувањата од нови прекини во снабдувањето со енергенси, во услови на ескалирачки конфликт на Блискиот исток. Беспилотно летало изврши напад врз нафтеното поле „Шајбах“, кое е во сопственост на државната компанија „Сауди Арамко“. И покрај тоа што загинаа две лица, производните активности на локацијата не беа нарушени. Истовремено, соединетите држави наредија евакуација на дел од вработените во нивните дипломатски претставништва во Саудиска Арабија, како и на членовите на нивните семејства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаГрадоначалникот Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија”На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“.На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“, вредни домаќини кои со своето разбирање и соработка дадоа значаен придонес за решавање на еден децениски проблем. - Заедно покажавме дека со искрен разговор, меѓусебна почит и волја, се наоѓа решение. Претходно постигнавме договор за експропријација и овозможивме да се доврши булеварот кој цели 30 години беше синоним за застој, неизвесност и секојдневна голгота за граѓаните. Им благодарам од срце за довербата, трпението и подготвеноста да бидат дел од оваа голема промена. Зад овие стопанственици стојат години труд, многубројни вработени и семејства чија егзистенција зависи од успешното работење на нивните компании. Нивниот придонес за Скопје е голем и наша обврска е да внимаваме на нивните потреби, да ги слушаме и да создаваме подобри услови за работа и развој. Во мене секогаш ќе имаат пријател и партнер, а во Град Скопје поддршка на која можат да се потпрат – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека по само пет месеци посветена работа, булеварот „Борис Трајковски“ е во финална фаза и дека она што со децении остануваше недовршено, се завршува пред ветениот рок до Нова година. - За повеќе од 100.000 граѓани тоа значи безбедно движење, полесно секојдневие и достоинствено враќање дома. За стопанствениците - подобар пристап до нивните објекти и подобри услови за работа. Ова е силата на дадениот збор кога зад него стојат одговорност, работа и соработка со народот. Скопје се сака со дела – нагласи Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лвче“ добија современ систем за загревање - почист воздух и поздрава училишна срединаОпштина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови.Општина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови, што денеска беше официјално пуштен во употреба. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс. Со поставување топлински пумпи, автоматско управување со греењето и модернизација на котларницата, училиштето доби поефикасно и поеколошко загревање. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс. Проектот се реализира во рамките на иницијативата „EU for Clean Air – ЕУ за чист воздух“, со инвестиција од околу 180.000 долари, обезбедени преку проектот. Со оваа инвестиција, Општина Аеродром продолжува да создава подобри услови за учениците и наставниците, вложувајќи во енергетската ефикасност, заштитата на животната средина и почистиот воздух. Нашата цел е јасна - современи училишта, еколошко загревање и поздрава иднина за сите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00