Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен - Канал 5

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во планинските подрачја.

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Чистењето на патот може да биде оневозможено доколку се остварат најавите за нови врнежи и зголемување снежната покривка.

Претседателот на месната заедница. Александар Костиќ-Мијак за МИА информира дека по апелите од минатиот викенд да се обезбеди проодност на патот пат од Маврово до селото никој не се одзвал, но за два дена сепак бил отстранет дефектот и нормализирано снабдувањето со струја. Многумина сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап.

- Во селото има 230 куќи, во кои сопствениците не можат да дојдат, а има и тројца постојни жители. Очекуваме да ни се овозможи проодност до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден, вели Костиќ.

Од месната заедница очекуваат соодветна и навремена реакција на надлежните институции и нормализирање на состојбата, бидејќи како што посочува Костиќ, проодноста на патот не е само од важност за Галичник, туку по него се обезбедува и пристап за сервисирање во случај на дефект до 110 киловолтниот далновод

- Проодноста на овој патен правец не е само за Галичник. Покрај патот поминува и стратешкиот 110 киловолтен далновод, врската помеѓу централите Шпиље и Вруток. Во вакви услови и непроодност, поправката на дефектот би се оддолжила на подолг рок, па и од таа причина е важно да се обезбеди проодност и да се исчисти снегот, вели Костиќ и напомнува дека со најавите за нов, чистењето на стариот снег треба да биде интервентно.

Дефанзивецот Тео Ернандез блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, се согласи со личните услови

Шпанскиот тим Атлетико Мадрид е блиску до договор за дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез, објави „Гол“, а клубот од Ла Лига наводно ја зголемил својата понуда од 15 на речиси 20 милиони евра.

Дефанзивецот Тео Ернандез блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, се согласи со личните услови

Францускиот репрезентативец се согласил со личните услови со Атлетико и е блиску до потпишување нов договор со шпанскиот гигант. Дефанзивецот неодамна одби трансфер во Ал-Хилал од Саудиска Арабија, одлучувајќи да ја продолжи кариерата во Европа.

Ернандез (27) помина низ младинските формации на Атлетико Мадрид пред да се пресели во градскиот ривал Реал Мадрид во 2017 година, а сега се чини дека е подготвен да се врати во шпанската престолнина.

Дефанзивецот освои два трофеи за време на неговиот престој во Милан - Скудетото во сезоната 2020/2021 и Суперкупот на Италија во 2024/2025 година. Тој беше прогласен и за играч на сезоната на Милан во 2019/2020 година и четири пати беше избран во тимот на годината во Серија „А“.

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше проекти на СДСМ, овој пат обновата на патот Охрид-св Наум

Средствата за овој проект, во вредност од 11,7 милиони евра, беа обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и истиот беше планиран, одобрен и започнат од претходната влада на СДСМ со реализација од околу 50%.

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше проекти на СДСМ, овој пат обновата на патот Охрид-св Наум

Проектот за реконструкција на патниот правец во охридскиот регион е започнат од СДСМ уште во август 2023 година, како дел од сеопфатниот план на Владата предводеа од СДСМ за раст и развој на регионот, унапредување на туризмот и подобрување на патната инфраструктура кон граничните премини со соседните земји.

Средствата за овој проект, во вредност од 11,7 милиони евра, беа обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и истиот беше планиран, одобрен и започнат од претходната влада на СДСМ со реализација од околу 50%.

До летната сезона во 2024 година комплетно се заврши реконструкцијата на патот од Св. Наум до пред селото Пештани и заради туристичката сезона имаше мал прекин на работите. (фото во прилог)

Претходно, во 2019 година беше започната и завршена реконструкција на патот од бензиската Билјанини извори до с. Коњско.

Дополнително и цела Туристичка како главна магистрална трансверзала во градот во должина од 5,6 км по 60 години беше реконструирана исто така од страна на СДСМ.

Токму во време на СДСМ беа рехабилитирани и обновени и патните правци кон граничните премини Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Меџитлија.

Ја поздравуваме довршувањето на проектот, но до кога власта ќе се кити со проекти на СДСМ?

Кога ќе промовира Мицкоски некој проект од неговата Влада? Или тоа не може да се случи затоа што таков проект нема.

СДСМ

Мицкоски: Од денес е пуштен во употреба патот од Охрид до Св. Наум

Пуштен во употреба патот од Охрид до Св. Наум во вредност од 11,7 милиони евра.

Мицкоски: Од денес е пуштен во употреба патот од Охрид до Св. Наум

„Драги охриѓани,

Дами и господа,

Денес, овде од брегот на Охридското Езеро, испраќаме силна и јасна порака- Македонија се гради.

Го пуштаме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум- пат кој беше заборавен. Пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите. И сега, конечно, го добиваме.

Со инвестиција од 11,7 милиони евра, реконструиравме 24,3 километри современ магистрален пат. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување нова на сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше.Направени се и заштитни интервенции на ризичните косини- и сето тоа е со една цел: безбедност, сигурност и долготрајност.

Но ова денес не е само пуштање на пат. Ова е уште една потврда за определбата на Владата- да се гради, без многу врева. Без партиски и бизнис спектакли. Со план, со јасна визија и многу работа.

Во моментов, паралелно се градат неколку клучни патни правци. Автопатот Кичево- Охрид силно се забрзува, делниците Тетово - Гостивар и Гостивар - Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани- Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во Западна Македонија. И тука не застануваме.

Нашата стратегија е јасна- инфраструктурата не е трошок, таа е инвестиција во иднината на државата. Инфраструктурата ги отвора вратите за туризам, за економија, за регионално поврзување, за работни места, за живот со достоинство. Кога сме кај туризмот, сакам да кажам дека во оваа година април месец е успешен со повеќе од 20% поголем број на странски туристи споредено со минатата година во Април, а истото тоа и во првите четири месеци од годината споредено со првите четири месеци од минатата година. Исто така и бројот на преноќувања во првите четири месеци посебно во Април е повторно со 20тина % поголем со оној кој што беше за минатата година истиот период.

Овој пат, што денес го пуштаме, не поврзува со еден од најголемите духовни и туристички центри на Балканот - манастирскиот комплекс Св. Наум.

Тој ги поврзува и сите плажи и туристички капацитети на јужниот дел од Охридското крајбрежје. И не само тоа- тој е и дел од регионалната врска со Република Албанија.

Охрид, градот под заштита на УНЕСКО, полека, но сигурно, го добива ликот на посакувана и пристапна европска дестинација. Го поврзавме со светот преку нови авио линии, преку Истанбул, Меминген, Виена, Белград. Денес, преку обновени патишта, овозможуваме да дише слободно и да се развива како што му прилега.

Почитувани пријатели,

Ова не е политика на ветувања, туку политика на испорака.

Граѓаните гледаат резултати- не нацртани проекти, туку изведени, пуштени и функционални.

Татковината се гради таму каде што, за жал пред нас беше пустош, застој и многу корупција.

Додека некои зборуваа, ветуваа, ние изградивме патишта, проекти, доверба.

Ние не пуштаме само пат- пуштаме патека кон иднината.

Ова е Македонија која се движи напред. Тивко, упорно и со резултати.

Татковина која ја градиме со труд, чесност и одговорност.

И тоа го правиме за секој човек, за секое дете, за секој граѓанин.

Охрид заслужува. Македонија заслужува.

А ние сме тука- да го изградиме тоа што долго беше запоставено.

Со работа. Ќе повторам, без многу галама. Без бучава. Без привилегирани. Со срце и визија.

Нека е со среќа, и нека служи на доброто на сите граѓани!

Бог да ја благослови Македонија.

Ви благодарам.“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

притисни ентер