Галичка Свадба 2019: Традиција и обичаи преточени во атракција

И оваа година, од 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација Галичка свадба.

Неколкуте илјади посетители од земјава и странство кои се очекува да пристигнат на оваа автентична манифестација, одново ќе имаат можност да уживаат во уникатните свадбарски обичаи и ритуали, проследени со богатиот колорит на народните носии и изворните песни иора карактеристични за овие краеви од Македонија. Во центарот на вниманиетои на годинешната најпозната македонска свадба ќе бидат галичката невеста Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.

„Како организатори на оваа манифестација сме особено задоволни што и годинава на најдобар можен начин ја продолжуваме вековната традиција на Мијаците, како дел од македонското културно богатство.Галичката свадба е светски позната и признатакултурна и туристичка манифестација, која придонесува за промоција на нашата земја и на сите нејзини убавини. Тоа, како и сѐ поголемиот број посетители на оваа манифестација, за сите нас претставува дополнителен мотив да продолжиме да вложуваме максимални напори да ја одржиме и постојано да ја збогатуваме“, вели Александар Костиќ одорганизацискиот тим на Месната заедница Галичник.

Од витално значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на оваа автентичнаманифестација е поддршката што ја обезбедуваат големиот број нејзини партнери и помагатели. Еден од нив е компанијата „Пивара Скопје“, која е партнер на манифестацијата од нејзините почетоци и која, и оваа година, покрај финансиска поддршка, обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио за сите учесници восвадбeната церемонија.

„Горди сме што веќе 46 години во континуитет сме неизоставен дел од оваа уникатна манифестација која е огледало на нашата богата традиција и културно наследство. Им честитам на младенците и во оваа пригода би сакал да наздравиме за нивната љубов, среќа и бериќет, како и за пријателството и заедништвото коинѐ поврзуваат и зближуваат“, вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.

Покровител на годинешната Галичка свадба е ПретседателотСтево Пендаровски.

Како и секоја година, почетокот на годинешната Галичка свадба ќе биде означен в сабота, на 13-ти јули, со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши в недела, во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Новите полицајци му ја запеаја на мин. Тошковски - Бисер Балкански!

На денешната промоција на новите припадници на МВР во Идризово се обрати и тех. премиер Џафери на албански јазик.

За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Саши Тасевски.

Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави мин. Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна - легендарната Бисер Балкански.

Конте седнува на клупата на Наполи

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, се согласил да застане на чело на Наполи, пренесува денеска Раи Спорт.

Според истиот извор, 54-годишниот Италијанец ќе потпише тригодишен договор.

Неговата плата ќе изнесува 6,5 милиони евра годишно.

Конте својот последен тренерски ангажман го имаше на клупата на лондонски Тотенхем, од 2021 до 2023 година.

По 33 кола Наполи е на 8. место во Серија А со 49 бодови.

Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев

Со откривање на спомен биста на патронот во ОУ „Никола Карев“, во Кочани почна одбележувањето на 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република.

На свеченоста на која присуствуваа ученици, вработени, граѓани и претставници од централната и локалната власт, беше нагласено дека по три децении од преименувањето, училиштето добива соодветно спомен обележје што ќе го краси училишниот двор.

- Во 1993 година нашето училиште се одделило од друго основно училиште со кое заеднички носеле име на револуционер од југословенското минато. Во таа учебна година го добило сегашното име и имало многу време и простор да се постави обележје на патронот, но токму денеска, нам ни припадна честа да ја реализираме иницијативата. Бистата ја изработи и ја донираше скулпторот Борче Србиновски, за што упатуваме голема благодарност, истакна Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.

Учениците и наставниците од ОУ „Никола Карев“ организираа свечена програма со која го одбележаа патрониот празник, а признанија им беа оддадени на сите соработници, поддржувачи и вработени кои во изминатиот период дале придонес во унапредувањето на условите за настава.

Во рамки на одбележувањето на годишнината, денеска претставници од општините од регионот и од граѓански здруженија го посетија спомен паркот во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани, каде загинал револуционерот. Исто така, почит на великанот му беше на оддадена со положување свежо цвеќе на спомен обележјата во Паркот на Револуцијата во Кочани и кај селото Тркање.

притисни ентер