РакометГалевски на местото на Томовски за денешниот натпревар со ЛитванијаСелекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи една измина во составот во однос на средбата со Естонија. За денешниот меч со Литванија Лазаров одлучи на местото на Мартин Томовски во составот да биде Иван Галевски. Младиот голман на Алкалоид натпреварот со Естонија во Скопје го следеше од трибините, па попладне во Вилнус ќе чека шанса за деби во националниот тим. Покрај Галевски, Лазаров на располагање ќе ги има: Марко Кизиќ, Мартин Велковски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Филип Кузмановски, Александар Петковски, Валентин Карасманакис, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов и Павле Атансаијевиќ. Натпреварот Литванија – Македонија од второто квалификациско коло за Европското првенство во 2026 година почнува во 17 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЈамал конечно откри зошто секогаш носи завој на ракатаЕден од најдобрите фудбалери на светот, ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, конечно ја реши мистеријата за завојот што постојано го носи на раката. Јамал кој моментално се подготвува за Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација, откри дека сè започнало со несреќа додека играл видео игри, а продолжило како почит кон легендата на Реал Мадрид, Карим Бензема, објавува Goal.com. Несреќа со PlayStation и почит кон Бензема Јамал стана едно од најпрепознатливите лица во светскиот фудбал, но многу фанови се прашуваа зошто тој постојано излегува на теренот со дебел завој на раката. Во искрено интервју на својот YouTube канал, чудото од Ла Масија објасни како сè започнало со болна несреќа. „Го завиткувам затоа што еднаш, додека играв PlayStation, го удрив телевизорот и ги скршив прстите. Беа многу отечени“, призна Јамал. Тој објасни дека откако отокот се смирил, решил да го задржи завојот како почит кон поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема. „Оттогаш ги завиткувам, а завојот навистина ми одговараше, како да бев Карим Бензема. Се шегувавме за Карим Бензема, а јас едноставно го задржав завојот. Мислам дека изгледа одлично, па затоа сè уште ја носам.“ Додека Шпанија се подготвува за Светското првенство во 2026 година во Северна Америка, Јамал им даде интересно ветување на фановите ако „Ла Роха“ оди до крај и го подигне трофејот. „Ветувам, ако го освоиме Светското првенство, ќе пуштам брада и мустаќи три недели“, рече играчот на сезоната во Ла Лига пред турнирот. И покрај неодамнешните загрижености за неговата физичка подготвеност, тренерот Луис де ла Фуенте има позитивни вести за навивачите на Шпанија. Тој потврди дека ѕвездата на Барселона и неговиот партнер во нападот, Нико Вилијамс, ќе бидат подготвени за почетокот на натпреварувањето. Веста дојде како огромно олеснување и потврда дека најсмртоносниот напаѓачки талент на Шпанија ќе биде достапен за нивниот прв натпревар против Капо Верде.Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПремиерата на „Идеален маж“ во ХНК Загреб дочекана со долги аплаузи и одлична реакција од публикатаСо голем успех и исклучителен интерес од публиката, на 5 јуни во HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб се одржа премиерата на претставата „Идеален маж“ според драмата на Оскар Вајлд, во режија на Александар Поповски и со музика на Кирил ЏајковскиПремиерата беше проследена со долги аплаузи и одлични реакции од публиката, која ја исполни големата сала на HNK до последно место. Претставата уште пред премиерата привлече огромно внимание и сите пет закажани изведби во текот на јуни се целосно распродадени. Претставата доби одлични критики, па така Večernji list пишува„ Пофалби за оваа продукција, која верувам дека ќе живее на сцените на нашиот национален театар уште долго време, бидејќи освен што ќе ве насмее, оваа драма ќе ве воодушеви со својата екипа, сценографија, костими, музика, светло или, едноставно кажано, со сите нејзини делови.“, додека 24sata.hr напиша дека „ Режисерот Александар Поповски донесе модерно, хумористично и многу проникливо читање на една од најпознатите драми на Оскар Вајлд. Не штедеа зборови ниту хрватски Telegram, ниту Jutarnji list каде наведоа дека претставата ја одушеви публиката и дека покажа како класиците, со квалитетна глума, можат силно да комуницираат и со денешните гледачи. „Идеален маж“ претставува ново остварување на долгогодишната и исклучително успешна соработка меѓу Александар Поповски и Кирил Џајковски, авторски тандем кој повеќе од две децении создава значајни театарски проекти на сцените низ Европа. Нивниот препознатлив уметнички јазик уште еднаш беше потврден преку современото читање на класичното дело на Оскар Вајлд, во кое темите за моќта, моралот и општественото лицемерие добиваат силна актуелност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државатаКузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси.Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој, борбата против корупцијата и европските вредности преку поширок Фронт за вистина и правда, порача портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција. Кузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси. „Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско - општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители“, рече Кузеска. Воедно, на прес-конференцијата Кузеска посочи дека со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ ја започнува новата етапа на политичко дејствување. „Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија.Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е вреднуван, а младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома.Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики“, рече Кузеска. Скопје, 08.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter