Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи
1Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи
3Министерот Мисајловски на отворањето на централниот Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
РакометГалевски и Петковски по победа во Атина: Бевме психички, физички и тактички подготвениВисокото ниво на психичката, но и физичката и тактичката подготвеност на РК Алкалоид во синоќешниот прв натпревар од Европскиот куп против АЕК во Атина, го истакнаа крилото Александар Петковски и голманот Иван Галевски.Високото ниво на психичката, но и физичката и тактичката подготвеност на РК Алкалоид во синоќешниот прв натпревар од Европскиот куп против АЕК во Атина, го истакнаа крилото Александар Петковски и голманот Иван Галевски, јави дописничката на МИА од Атина. Алкалоид славеше со 25-29 на гостински терен и за помалку од една седмица ќе го игра реваншот во Скопје, а двајцата млади ракометари, кусо по историската победа, во изјава за македонските новинари кои во Атина го следеа натпреварот, не го криеја нивното задоволство од резултатот. -Пред сè да им честитам на момците за нашата борбеност и мислам дека тоа беше доста пресудно во овој натпревар. Имавме време, доста се подготвувавме, ги анализиравме. Влеговме максимално уште од стартот и тоа се одрази на нашата игра и на крај кога беше најпотребно да водиме со поголема разлика, рече Петковски додавајќи дека темпо на играта се промени при крајот на првиот дел и тоа ја донесе победата. Со низа одбрани, голманот на Алкалоид и на репрезентацијата, 20-годишниот Иван Галевски остави свој белег на натпреварот, а посочи дека освен подготвеноста, важна улога има и тимската хемија. -Мислам дека пресуди нашата психичка подготвеност, но и физичка и тактичка. Можам да кажам дека добро бевме подготвени за натпреварот, влеговме со ладни глави, максимално и тоа донесе до ваков исход на натпреварот, рече Галевски. За чувството да се одбранат толку пенали, истакна дека е непроценливо и дека „едноставно е уживање“ и објасни дека без разлика на противникот, за секој натпревар се подготвува максимално концентрирано и фокусирано, додавајќи дека „анализата кај еден голман е најважна“. -Со 20 години играм европско финале што ми е голема чест и задоволство. Гинеме тука еден за друг имаме голема тимска хемија, сплотеност, амбиција, желба и ете дојдовме до ова. Но, ништо не е готово, имаме уште 60 минути да се одиграат во Борис Трајковски. Ја повикувам целата македонска јавност да ја наполниме салата на голем спектакл, европско финале. Момент што ќе остане запаметен и за навивачите на АЕК е кога Галевски, по одбранет пенал, прославувајќи, се сврти кон трибината на која беа домашните навивачи. -Вртењето кон навивачите беше премногу емоција, експлозија не беше ништо со лоша намера, истакна Галевски. За инцидентот предизвикан токму од навивачите на АЕК, крилото Петковски посочи дека уште пред патувањето во Атина, биле подготвени за можни провокации. -Искусна екипа, не им е првпат да прават инциденти, но уште од Скопје имавме на ум дека ќе има простор за такви работи, така што можам да кажам дека бевме подготвени да останеме смирени во таа ситуација, изјави Петковски. Тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров, како што вчера објави МИА истакна дека биле психолошки подготвени и за ова сценарио. -Ние бевме подготвени на тоа, очекувавме и полошо сценарио, бевме психолошки подготвени за ваква атмосфера. Можеби малку грешката е кај нас, не требаше да реагираме на публиката, но не понесе емоцијата, водевме три гола. Требаше да се смириме. Сакаат да направат фора за да го свртат натпреварот. Им реков смирете се ова е фора, сакаа да го свртат натпреварот, објасни Лазаров во изјавата по натпреварот. За постигнатиот успех им честиташе на ракометарите, рече дека одиграле онака како што биле договорени, да бидат храбри и мудри и да не паднеме на ниеден притисок, исполниле 90 отсто од договореното. -Голманите беа на одлично ниво. Мислам дека сите придонесоа, но тие придонесоа многу за да биде ваков резултатот. Четири разлика е голема разлика, но мора да знаеме дека имавме вкупно 18 одбрани. Да не беше така можеби и резултатот нема да беше тој, истакна Лазаров. Ракометарите ќе добијат неколку дена за да се одморат, а потоа и ќе продолжат со подготовките за реваншот во Скопје, а Лазаров вели дека потребно е да бидат внимателни иако ќе бидат мотивирани. - Овие момци ја направија горда нацијата, бидејќи ова не е каква било победа, победа во главниот град на Грција. Треба да се одмориме малку и добро да се подготвиме, затоа што ќе биде огромна желбата, индивидуална кај поединци и ќе сакаат да се докажат пред 7.000 гледачи во Борис Трајковски и тоа ќе биде мојата работа и на стручниот тим да направиме стратегија, како да не го прокоцкаме она што го направивме овде. Ова е искусна екипа, огромна е предноста, ќе бидеме мотивирани и ќе бидеме претпазливи. Секоја чест за момците Македонци, истакна Лазаров. Алкалоид синоќа оствари голема и историска победа за клубот, совладувајќи го АЕК во Атина, иако домаќините имаа огромна и силна поддршка од навивачите, кои речиси ја исполнија олимписката сала и 7.800 гледачи го бодреа АЕК што воедно е и рекордна посетеност на ракометен натпревар во Грција. Реваншот од финалето во Европскиот куп ќе се одигра в недела на 25 мај во салата „Борис Трајковски во Скопје“.Тагови: алкалоид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови.Венко Филипче деновиве почна да зборува за криминал во редовите на СДС, конкретно пратеничката група. Зошто почна да зборува или од што е охрабрен може само да се сомневаме. Филипче во јавноста излезе со сомнеж за криминал поврзан со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана, а сега дел од платформата 12.05 која иницира промени во СДС. Според Филипче, Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука. Внимавајте, ни помалку, ни повеќе Филипче сега открива дека постои сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра. Филипче треба да одговори од кога знае за ова, зошто молчел ако сомнежот и информацијата датираат од претходно. Јавното обвинителството пак, без исклучок мора да постапи, односно да отвори предмет за овој сомнеж, а Филипче до истото да достави информации и да биде повикан од обвинител да ги презентира информациите врз кои го основа сомнежот за овој криминал. Го повикуваме Филипче доколку има информации и сомнежи за други вакви случаи да ги пријави, затоа што веруваме дека има уште такви случаи во неговите редови. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледиЈавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот.Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед. Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски раст, умереното ниво на јавниот долг и одржливите трошоци за сервисирање на долгот ги ублажуваат ризиците поврзани со високите фискални дефицити. Агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,6% во 2026 и 2027 година, поттикнат од високото ниво на јавни инвестиции и отпорната домашна потрошувачка и покрај негативните економски прелевања од војната на Блискиот Исток, пред сè преку повисоките цени на енергијата. Како клучни двигатели на растот, „Стандард и Пурс“ ја издвојува забрзаната реализација на големите инфраструктурни проекти, особено Коридорите VIII и Xд, кои придонеле за раст на инвестициите од над 9% во првата половина на 2026 година. Слично високо ниво на инвестициска активност се очекува и во втората половина на 2026 година. Растот според Агенцијата дополнително ќе биде поддржан од отпорната приватна потрошувачка, поттикната од подобрувањата на пазарот на трудот, растот на платите и пензиите и зголемувањето на расположливите приходи на домаќинствата. „Стандард и Пурс“ очекува инвестицискиот циклус да продолжи и во наредните години, при што просечниот економски раст во периодот 2027–2029 година се проектира на околу 3,3%. Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ очекува постепена фискална консолидација во периодот 2027–2029 година, при што буџетскиот дефицит во просек би изнесувал околу 3,4% од БДП. Високото ниво на јавни инвестиции, финансирањето на инфраструктурните проекти и обврските поврзани со државните претпријатија според Агенцијата ќе влијае на нивото на долгот кој би бил на ниво од 57% до 2029 година. Истовремено, трошоците за сервисирање на долгот се оценуваат како одржливи. Во извештајот се нотира и непречениот пристап на Владата до меѓународните пазари на капитал, при што се посочува издавањето на две еврообврзници од по 500 милиони евра во јануари 2026 година. „Стандард и Пурс“ посочува дека трајното подобрување на фискалните перформанси, одржливото намалување на нето јавниот долг и посилниот економски раст според Стандард и пурс ќе имаат позитивно влијание на кредитниот рејтинг на земја Агенцијата ја нотира и посветеноста на Владата кон процесот на европска интеграција, кој го оценува како важен двигател на структурните реформи на среден рок. Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Мисајловски на отворањето на централниот Меморијален турнир во чест на загинатите бранителиMораме да го чуваме споменот за оние кои го дале животот за татковината.Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (3 октомври) во салата „Борис Трајковски“ го отвори 26. традиционален меморијален турнир во мал фудбал ко-организиран од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и здружението „Херои на Македонија 2001 – 2015.“ Турнирот се организира во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година. Министерот Мисајловски пред директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев и членовите на екипите од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и македонската Армија истакна дека мораме да го чуваме споменот за оние кои го дале својот живот за државата и да го пренесеме тој спомен на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, на сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот. Ќе дадеме сè од себе да покажеме почит и да покажеме дека секоја една генерација треба да го пренесе тоа на идните поколенија, рече Мисајловски и додаде – „да не се заборави оној што дал сè за татковината.“ Директорот на БЈБ, Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16