„Хамас експлицитно го прекрши договорот што го постигнавме со САД, Египет и Катар“, рече Галант.
Примирјето меѓу Израел и Хамас пропадна откако Хамас вети дека ќе ги врати преостанатите 15 жени и две деца, но не го исполни, рече Галант.
Галант се осврна и на тврдењето на Хамас во средата дека две мали деца - 4-годишниот Ариел и 10-месечниот Кфир Бибас - биле убиени во израелски воздушен напад, наведувајќи дека претходно биле фотографирани живи, објави Си-Ен-Ен.
„Хамас вети дека ќе донесе жени и деца; останаа 17. Ни требаат сите 17, две деца од семејството Бибас и 15 жени“, рече Галант.
„Ова е нивна обврска бидејќи се договоривме“, рече тој.
Си-Ен-Ен претходно објави дека преговорите меѓу Израел и Хамас пропаднале, откако Израел продолжил да инсистира на ослободување на група жени, а Хамас одбил, според извор запознаен со разговорите. Како што преговорите застанаа во ќорсокак околу жените, Хамас се заложи за почеток на преговори за ослободување на мажите - веројатно за различен сет на услови, според изворот. Израел ја отфрли таа идеја, инсистирајќи дека е императив прво да бидат ослободени сите жени.
Израелските и американските власти веруваат дека Хамас продолжува да држи како заложници голем број жени на возраст од приближно 20 до 30 години - многу од нив киднапирани од музичкиот фестивал Нова - претходно објави CNN.
Хамас инсистираше на тоа дека некои од преостанатите жени што ги држеле како заложници се сметаат за дел од израелските одбранбени сили, што Израел го негира.
Министерот за одбрана додаде дека операциите на израелските одбранбени сили во Газа ќе продолжат.
„Градот Газа е повеќе од половина од моќта на Хамас“, рече Галант. Имаме уште работа таму. Ќе продолжиме да дејствуваме насекаде околу Појасот Газа“.
На прашањето дали израелското бомбардирање на Газа може да влијае на преостанатите заложници, Галант изрази дека „агресивната акција“ преземена од ИДФ е неопходна.
„Ние земаме сѐ во предвид“, рече тој.