Гал Гадот: Филмот „Снежана“ пропадна затоа што многумина се против Израелците - Канал 5

Гал Гадот: Филмот „Снежана“ пропадна затоа што многумина се против Израелците

 Израелско-американската глумица Гал Гадот тврди дека тоа што многу нејзини колеги говореле против Израел, и тоа што таа е Израелка одиграло улога во неуспехот на играниот филм „Снежана“ на „Дизни“ од оваа година. 

Гал Гадот: Филмот „Снежана“ пропадна затоа што многумина се против Израелците

Таа смета оти „многу такви работи се случиле“ и во други различни индустрии, па и во Холивуд.

- Бев сигурна дека овој филм ќе биде голем хит, а потоа се случи. Но, постои притисок врз познатите личности да зборуваат против Израел. Секогаш можам да објаснам и да дадам контекст на она што се случува тука, и секогаш го правам тоа, но на крајот на краиштата, луѓето донесуваат свои одлуки, рече таа.

YouTube video

Гадот додаде дека е разочарана што тоа „навистина влијаело на филмот“ и затоа не минал добро на бокс-офисот.

Од друга страна, пак, еден од најгласните противници е еврејско-американскиот конзервативец Бен Шапиро, кој како и бројни други Јутјуб-критичари, вели дека овој филм е „воук“ и „претерано левичарска пропаганда“. Некои други одат дотаму што го нарекуваат и „прокомунистичка“ пропаганда, поради општествениот поредок на идеализирана колективна сопственост откако „лошата кралица“ е детронирана во приказната.

Други извори претходно објавуваа дека Гадот и нејзината колешка Рејчел Зeглер биле во расправија на снимањето на филмот. Зeглер, имено, редовно ги потсетува своите следачи дека Израелците вршат геноцид врз Палестинците, a oд друга страна, Гадот служела рок во израелската војска и ги брани позициите на својата земја.

YouTube video

Просечната оценка на „Снежана“ на ИМДБ е 2,1 /10, од засега вкупно 386.000 гледачи кои го оцениле филмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП со доказ од Правобранителот: Изговорот „не сме надлежни“ доминира

Изговорот „не сме надлежни“ доминира – притисокот ги натера институциите конечно да го исчистат Вардар.

ЛДП со доказ од Правобранителот: Изговорот „не сме надлежни“ доминира

Либерално-демократската партија (ЛДП) до јавноста го презентира официјалниот одговор од Народниот правобранител, кој претставува класичен доказ за тоа како институциите во Македонија прво бегаат од одговорност со изговорот „не сме надлежни“, но под силен јавен и политички притисок се принудени да почнат да дејствуваат.

По виралното видео на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, во октомври 2025 година, каде што беше алармирано за еколошка катастрофа и илјадници пластични шишиња кои течат по коритото на Вардар, дежурните критичари и институциите реагираа со дефетизам и префрлање на топката. Сепак, официјалниот документ од мај 2026 година докажува дека упорноста на граѓаните и ЛДП вродила со плод.

„Документот јасно го соголува лошиот систем на координација. Замислете, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на барањето на Правобранителот писмено се изјаснил дека 'не постапувал по случајот поради ненадлежност'. Ова е тој хроничен институционален пинг-понг кој со децении ја уништува државата – сите земаат плата, а никој не е надлежен кога отпадот ни тече пред очи,“ се вели во реакцијата на ЛДП.

Сепак, благодарение на поведената постапка и цврстиот став на Зајкова, Народниот правобранител успеа да го лоцира проблемот во горниот тек на Вардар, односно во Полошкиот регион. Како директен резултат на овој притисок, општините Сарај, Јегуновце и Желино конечно беа принудени да излезат на терен, да направат меѓусебна координација и да го расчистат наталожениот пластичен отпад во своите територии. Дополнително, во истрагата се вклучи и Полициската станица Тетово за да ги лоцира сторителите кои ги создаваат дивите депонии.

Самиот државен советник и Народниот правобранител во својот заклучок отворено признаваат дека состојбата со отпадот во Скопје и другите општини е хронично лоша и „сè уште не е надмината“, со што директно се потврдуваат критиките на ЛДП дека на државата ѝ се потребни итни системски решенија, а не ПР-театар.

„Овој случај е лекција за сите граѓани. Кога институциите ви велат 'баталете, ништо не функционира', тие всушност бараат изговор за сопствената мрзеливост. Секој притисок вреди. ЛДП покажа дека нема да молчи пред екоцидот и дека со правилна, упорна и правна борба, институциите можат и мораат да се натераат да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните. Мораме да продолжиме да бидеме гласни, и ќе бидеме гласни - заедно,“ порачуваат од ЛДП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини позира во градник и боксерки- доби над 1,6 милиони лајкови (ВИДЕО)

Сидни Свини претстави нова колекција за својот бренд за долна облека и облека за одмор Syrn. 

Сидни Свини позира во градник и боксерки- доби над 1,6 милиони лајкови (ВИДЕО)

Актерката објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои позира во комплет градник и боксерки во боја на морска пена.

Новата линија, наречена „Small Town Girl“, е опишана како колекција од лежерна и разиграна облека дизајнирана за опуштени моменти.

Таа претстави нови парчиња

На фотографиите, Свини носи градник „First Base Scoop Neck“, кој чини 39 долари, и боксерки со висок струк „Back For More“, кои се продаваат по цена од 16 долари. Таа ја комплетираше комбинацијата со унисекс панталони со широк струк „Better On You“, кои се продаваат за 79 долари.

„Дали си девојка од мал град? Новата колекција е достапна на @syrn“, напиша таа покрај објавата, која собра 1,6 милиони лајкови за само 14 часа откако беше објавена.

Во друго видео за промоција на лансирањето на колекцијата, актерката танцува во истата комбинација.

„Ден на лансирање за @sydney_sweeney. „Девојка од мал град“ е официјално достапна на SYRN“, пишуваше во описот на објавата.

Свини активно го промовира својот бренд

Актерката претходно ги користеше своите социјални мрежи за да го промовира Syrn. Минатата недела објави фотографија од зад сцената од снимањето на која го носи бодито од чипка „Fantasy“, кое се продава за 89 долари.

Порано овој месец, таа покажа и некои од своите омилени парчиња од брендот, во кои инвестираше и Џеф Безос. „Од закачалките на Сид. Од нејзините гради до вашите, купете ги нејзините омилени комбинации на SYRN.com“, напиша таа во описот на објавата.

На фотографиите, 28-годишната актерка носи парчиња од четирите категории што ги издвоила за својот бренд: „Заводничка“, „Романтична“, „Разиграна“ и „Удобна“. Меѓу нив се и модели од чипка, вклучувајќи корсет што го носеше во приватни пригоди, но и за време на снимањето на серијата „Еуфорија“.

Џеф Безос, исто така, инвестираше во брендот

Свини го лансираше брендот Syrn во јануари и е вклучена во неговото јавно претставување уште од самиот почеток. Таа често се појавува во кампањи и промотивни материјали, поврзувајќи го со тоа својот актерски профил со модниот бизнис.

Минатиот месец, таа беше поддржана од нејзиниот партнер Скутер Браун, кој присуствуваше на промоцијата на брендот во Лос Анџелес што се одржа како дел од продавницата за замрзнат јогурт Bigg Chill.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации во Киев, се бара враќање на фукцијата на сменетиот министер за одбрана Федоров

Незадоволството во Киев расте по одлуката на Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михаил Федоров. Демонстрантите веќе втор ден по ред бараат тој да биде вратен на функцијата.

Демонстрации во Киев, се бара враќање на фукцијата на сменетиот министер за одбрана Федоров

Илјадници луѓе во петокот вечерта протестираа во Киев против разрешувањето на популарниот министер за одбрана Михаил Федоров – потег што претседателот Володимир Зеленски го повлече како дел од владината реконструкција, а кој предизвика поделби во земјата. Демонстрантите втор ден по ред се собраа во главниот град на Украина, носејќи знамиња и транспаренти, пренесува „Франс прес“.

„Вратете го Федоров!“ – пишуваше на еден транспарент, додека друг повикуваше на „почит и внимание кон луѓето“.

Третиот ја оцени одлуката за промена како „само саботажа“.

Протестите избија во четвртокот по разрешувањето на Федоров, 35-годишен технолошки експерт кој сакаше да ја преобликува украинската војска во поефикасна борбена сила.

Зеленски минатата недела најави дека планира реконструкција на владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери. Сепак, смената на министерот за одбрана предизвика необични протести во главниот град и во неколку други градови во услови на воена состојба. Во четвртокот, на улиците излегоа главно млади демонстранти.

Федоров, млад реформатор и застапник за употреба на висока технологија на бојното поле, ја напушти функцијата помалку од шест месеци откако стана министер за одбрана.

Популарен меѓу граѓаните и почитуван од западните сојузници на Украина, Федоров објасни дека дошло до судир меѓу него и главнокомандувачкиот на украинската војска, Александар Сирски, кој се залага за потрадиционален пристап кон воените операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер