Кавга на две тинејџерки доведе до масовна тепачка на нивните семејства- „летаа“ лопати и мотики (ВИДЕО)
1Кавга на две тинејџерки доведе до масовна тепачка на нивните семејства- „летаа“ лопати и мотики (ВИДЕО)
ЗдравјеГАК го демантира Фокус ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во целост ги демантира наводите изнесени во неделникот ФОКУС под наслов “При спонтано породување, раката на бебето ја извадиле од анусот наместо од вагиналниот отвор”,стои во соопштението од ГАК.Мора да истакнеме дека се презентирани неточни информации преку кои се нарушува угледот на клиниката и нејзините вработени, а притоа вешто се доведува во заблуда јавноста на една многу сензитивна тема. Притоа да истакнеме дека целосно го почитуваме правото медиумите слободно да известуваат и ја информираат јавноста, но сепак треба да се запазат новинарските стандарди. Акушерството е една од најсложените клинички гранки за работа, во континуитет поврзано со ненадејни и непредвидливи компликации, за кои современите протоколи за менаџмент нудат успешни процедури за третирање. Случајот, кој притоа е злоупотребен, е пациентка која спонтано се породи на клиниката, а она што се манипулира во новинарскиот текст е всушност ретка перинатолошка компликација, која по разгледување од стручни конзилиуми и детално презентирање на пациентката, со заедничка одлука се третираше мултидисциплинарно. Пациентката и нејзиното бебе во добра општа состојба беа испишани од клиниката,а акушерската историја беше детално разгледана од клиничката комисија за контрола на квалитет и притоа не беа констатирани никакви пропусти во стручното постапување. Значи не се потврдени никави злоупотреби во случајот, а пацинката е во добра здравствена состојбва. Апелираме да се внимава во иднина при изнесувањето на непроверени информации бидејќи истото е на штета на пациентите и се нарушува и онака малата доверба на граѓаните во јавното здравство, пишува во соопштението од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКавга на две тинејџерки доведе до масовна тепачка на нивните семејства- „летаа“ лопати и мотики (ВИДЕО)Кавга меѓу две тинејџерки може да биде повод за брутална семејна тепачка што неодамна се случи во Монор, Унгарија.Тинејџерките можеби се карале поради дечко, по што голем број роднини на едната од нив го нападнале семејството на другата. Неколку лица се повредени, а според некои извештаи, некои од нив завршиле во болница. Маж од нападнатото семејство изјавил за „Блик“ дека седеле на терасата кога пристигнала втората група. Според него, на почетокот дошле само неколку луѓе, но набрзо се појавиле уште десетици други. „Дојдоа со нивниот татко и браќа и сестри, беа четири или петмина. Додека втрчаа тука, веќе имаше околу 50 или 60. Можете да ги видите, нели? Можете да ме видите и мене како доаѓам и го заштитувам мојот свекор. Мојот зет веќе беше соборен од нешто. Се браневме, но немавме подготвено никакво оружје ниту алатки“, рекол мажот. Тој додал дека во времето на нападот во куќата биле и жени и деца. „Седевме, разговаравме, таму имаше жени и деца. Едвај успеавме да ја испратиме жената што трчаше внатре со мало дете“, рече тој. Градоначалникот на Монор, Калман Дараши, исто така, разговараше со Блик за инцидентот. Според него, ваквите судири од големи размери не се вообичаени во овој град, но конфликтот меѓу две семејства сега довел до сериозен инцидент. Се споменуваат лопати и мотики Според сè уште неофицијални информации објавени од Фејсбук страницата „Somewhere It Happened“, која прва го објави инцидентот, наводно за време на конфликтот биле користени лопати и мотики. Во објавата се наведува дека неколку лица се повредени, а дека некои од нив можеби морале да бидат хоспитализирани. Според тврдењата на социјалните мрежи, едно лице претрпело исклучително сериозна повреда на главата и било подложено на неколкучасовна операција.Тагови: семејства тинејџерки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаРезервите на плин во европските складишта се на најниско ниво од 2013. годинаРезервите на природен гас во подземните складишта во Европа моментално се на најниско ниво за овој период од годината од 2013 година, објави денеска ТАСС, врз основа на пресметки базирани на податоци од Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ).Европските складишта на гас моментално се исполнети со 63,28 проценти, што е за 17,24 проценти помалку од петгодишниот просек за овој датум и во споредба со 76 проценти исполнетост една година претходно. Агенцијата вели дека околу 69,2 милијарди кубни метри гас се наоѓаат во складиштата во Европската Унија, или 14,3 милијарди кубни метри помалку од минатата година и најниско од 2013 година. Нето инјекциите на гас во складиштата во земјите од ЕУ, или разликата помеѓу количината на складиран и повлечен гас, овој месец е исто така на најниско ниво во последните шест години. Од почетокот на април, европските земји инјектирале околу 39 милијарди кубни метри гас во складиштата, што е само 57 проценти од количината потребна за претстојната зимска сезона. Европската комисија бара од земјите-членки на ЕУ да ги полнат своите складишта за гас до 90 проценти помеѓу 1 октомври и 1 декември секоја година, со исклучок од 10 проценти во случај на тешки услови на полнење, објави ТАСС. Според пресметките на руската агенција, најмалку 68 милијарди кубни метри гас би требало да се внесат во европските складишта до почетокот на зимската сезона 2026/27 година за да се исполни потребниот стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЖивотГерманец го измерил лебот- поради 10 грама помалку, пекарот морал да плати 15.000 евра (ВИДЕО)Жалбата на еден купувач за недостиг од десет грама леб го чинела баварскиот пекар 15.000 евра, кои морал да ги инвестира во нова опрема за мерење за сите свои филијали. Случајот од Пфафенхофен на Илм, мал град северно од Минхен, го привлече вниманието на германската јавност, објавува Euronews. Спорот бил предизвикан од е-пошта Пекарот Матијас Брајтнер продава полувекна леб со децении, но проблемот се појавил кога еден купувач го контактирал преку е-пошта. Во пораката, тој тврдел дека измерил половина од лебот дома и открил дека е десет грама полесен од пропишаната половина тежина на целиот леб. „Понекогаш победуваш, понекогаш губи. Следниот пат ќе биде десет грама повеќе“, одговорил Брајтнер. Сепак, купувачот потоа ги контактирал надлежните служби. Локалната метролошка служба го информирала Брајтнер дека повеќе не може да продава полувекна без претходно да ги измери пред купувачот. Овие правила се засноваат на германската уредба за пакување (Fertigpackungsverordnung), која ги спроведува европските и националните прописи. Брајтнер објасни дека не сака да продава претходно спакувани половини, што значи дека мора да ги мери парчињата исечени по нарачка на лице место. Поради ова, тој морал да инсталира нови ваги во сите свои пекари, а вкупната цена била околу 15.000 евра. Тој додаде дека некои други пекари целосно престанале да продаваат полулеб поради овој случај бидејќи се плашат од слични жалби и инспекции. 🇩🇪🕵🏻♂️🍞Wegen 10g weniger Brot schwärzt ein Kunde den Bäcker beim Eichamt an. Folge: 15.000€ für Hightech-Waagen in allen Filialen. Jetzt zahlen Kunden statt runden Preisen krumme Cent-Beträge. Deutsche Bürokratie und Blockwart-Mentalität in Perfektion. Danke für nichts! 🤡🥖 pic.twitter.com/nfUqhbY2rp — Der Prophet (@AldousHuxIey) August 25, 2026 Германските судови под зголемен притисок Случајот со пекарницата од Баварија се случува во време кога германските судови бележат нагло зголемување на бројот на судски постапки. Некои службеници веруваат дека една од причините може да биде вештачката интелигенција, која им олеснува на граѓаните да состават обемни судски поднесоци. Според извештаите од Tagesschau и Suddeutsche Zeitung, Судот за труд во Берлин примил повеќе од 16.000 жалби до август. Ова е бројот што овој суд нормално го евидентира во текот на целата година. Властите наведуваат дека една од можните причини за ова зголемување е зголемената употреба на алатки за вештачка интелигенција како што се ChatGPT и Gemini. Овие алатки им овозможуваат на корисниците брзо да составуваат долги и сложени правни документи. Сепак, нема докази дека во тужбата против пекарницата „Брајтнерс“ е користена вештачка интелигенција.Тагови: леб пекар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook