Габриел: Не се само уставните измени услов за ЕУ - Канал 5

Габриел: Не се само уставните измени услов за ЕУ

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел ги посочи трите поврзани инструменти кои се дел од компромисот меѓу Скопје и Софија. 

Габриел: Не се само уставните измени услов за ЕУ

„Имаме и многу јасна позиција на Народното Собрание“, потсети бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел за Дојче веле.

„Не се само уставните измени, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола. Ние имаме три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година, Уште повеќе, пак, ние имаме и многу јасна позиција на Народното Собрание“.

Ова е дел од одговорот на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел, на прашањето - што се случува со преговарачкиот процес на Република Македонија за присоединување со ЕУ, дали земјата го почитува тоа што е побарано од неа, и каков е ставот на Бугарија?

Габриел го даде одговорот на седница на собраниската комисија за прашања на Европската унија, Шенген зоната и еврозоната.

„Тоа на што инсистираме што јас и мојата екипа во секакви формати, тоа што е важно за нас, е да видиме - ако има тешкотии со уставните измени, каков е напредокот по останатите теми? Вистината е дека направивме две технички средби - една во јули во Софија, една во октомври во Скопје - и за жал, утврдуваме дека по нив нема напредок“, рече Габриел.

Таа уште на почетокот потсети на заклучоците по минатонеделниот самит ЕУ - Западен Балкан. Како што е познато, во Декларацијата издадена по тој самит не се спомнува Македонија, но наведено е значењето од спроведување на два билатерални договори.

„Спроведувањето на билатералните договори со добра волја и конкретни резултати останува значајно, вклучително Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Сѐ уште се неопходни одлучни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања меѓу партнерите, вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи (...) ЕУ исто така ги повикува партнерите да ги гарантираат правата на припадниците и еднаквиот третман на припадниците на малцинства“, се вели во овој дел од Декларацијата.

Во контекст на последното, Габриел наведе дека Бугарија изразила многу јасна позиција пред целата Европска Унија, и дека заштитата на малцинствата е критериум за почеток на преговори, на исто рамниште со критериумите за административна и судска реформа.

„Ние сме државата-членка на Европската Унија, и како држава-членка со нашите барања кон Република Македонија кажуваме дека - кога сакаш да бидеш член на ЕУ треба да ги исполниш обврските што ти самиот си ги презел. Во јули 2022 двете (земји - н.з.) заедно одлучиле да ги имаат своите обврски. За мене тоа што е важно, а можеби навистина е ново бидејќи пак се појавија неколку интерпретации, сакам никој да нема никакво сомнение - Бугарија нема да дозволи што и да е да биде направено, за да бидат отворени преговори. Во врска со писмото на шпанското претседателство јас сакам само да кажам дека стратегијата во последните шест месеци - јасно и конструктивно да говориме каква е нашата ролја како држава-членка на ЕУ, а Република Македонија сака да стане - е дека планот за дејствување за заштита на малцинствата е веќе критериум за почеток на преговори на исто ниво со административната и судската реформа“, наведе Габриел.

Нема билатерален проблем

Потенцирајќи го прашањето за заштита на малцинствата како европски критериум за преговори и членство, таа нагласува дека Бугарија нема билатерален проблем со Македонија.

„Бугарија има интерес навистина да продолжува да биде поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан. Да не забораваме дека темата суштестува во европскиот дневен ред, блогодарение на бугарското претседателство во 2018 година. Тоа значи дека ние треба да си ја вратиме позицијата на лидер во регионот, и за да бидеме лидер ние треба изразуваме јасно заедничкиот европски интерес и тоа е она што се обидувам во овие шест месеци да го направам. Бугарија нема билатерален проблем со Република Македонија. Бугарија во име на заедничкиот европски интерес му кажува на Скопје што значи да сакаш да бидеш членка на ЕУ“, одговори Габриел.

Ваквите пораки од Софија доаѓаат во време кога во Скопје се разменуваат жестоки обвинувања меѓу власта и опозицијата за блокираниот европски пат на земјата. За СДСМ виновници за тоа се ВМРО-ДПМНЕ и нивните политики, а за опозицијата - криминалот и корупцијата на власта.

Премиерот Ковачевски деновиве уште еднаш повтори дека не се можни промени во Преговарачката рамка за нашата земја.

„Некои сакаат да извлечат паралела со Србија. Србија има прифатено Поглавје 35 кое се вика Косово и во тоа поглавје влегуваат сите прашања поврзани со Косово. За среќа, ние не дозволивме да има посебно поглавје за прашања со соседите во нашата Преговарачка рамка“, рече Ковачевски.

Според премиерот, заклучоците на Европскиот совет за Македонија се кристално јасни: земјата успешно го завршила скрининг-процесот што е нотирано од Европската комисија, а откако ќе ги спроведе уставните измени веднаш и без одложување ќе биде свикана втората меѓувладина конференција за отворање на преговарачките поглавја.

Извор: https://www.dw.com/mk/gabriel-ustavnite-izmeni-ne-se-edinstvenata-obvrska-na-skopje/a-67752957?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство

Вчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на  проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“

Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство

Вчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница.

За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски. Брошурата е посветена на историјата, културното значење и идентитетот што го претставува традиционалната облека на овие заедници.

Настанот го водеше Здравко Нечофски, активист на македонската заедница, додека присутните беа поздравени од претставници на државни и локални институции, организации на граѓанското општество и разни заедници.

Во своето поздравно обраќање, Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“, ја истакна важноста на соживотот меѓу заедниците и потребата од зачувување на културниот идентитет на секоја од нив.

„Округот Корча е пример за соживот на различни заедници, кои со векови го делеле истиот простор, создавале општествени односи и придонесувале за развојот на овој регион. Овој соживот е вредност што мора да ја чуваме и уште повеќе да ја зајакнуваме“, изјави Стерјовски.

Тој нагласи дека вистинскиот соживот не значи само да живееме еден покрај друг, туку и да ги познаваме и почитуваме идентитетите на другите, гарантирајќи дека секоја заедница има можност да ги зачува својот јазик, култура и традиции.

Според Стерјовски, демократско и европско општество е она во кое секој граѓанин се чувствува еднаков, каде што секоја заедница може да го зачува својот идентитет и каде што културната разновидност се вреднува како извор на богатство и развој.

Тој исто така подвлече дека зачувувањето на културното наследство не е само одговорност на здруженијата или на ангажираните поединци, туку заедничка должност на институциите, организациите, училиштата, семејствата и целото општество.

На настанот се обратија и Петрика Толкучи, претседател на Советот на Округот Корча; Лирика Појани, костимограф; Пали Колефски, градоначалник на Општина Пустец; Мухамет Рапи, претседател на здружението „Заедница за младинска интеграција“; Даниела Стоица, во име на здружението „Власите од Албанија“; Енџи Костури, во име на здружението „Дисутни Албанија“; Бурбуќе Нграчањ, во име на Народниот правобранител, и Хасим Кеци, потпретседател на Комитетот за национални малцинства.

Проектот има за цел да придонесе кон зачувувањето, повторното создавање и промоцијата на етнокултурното наследство на националните малцинства во Округот Корча, пренесувајќи ги на помладите генерации вредностите наследени од нашите предци и зајакнувајќи ја соработката, разбирањето и почитта меѓу заедниците.

На крајот беше пренесена пораката дека културното наследство е заедничко богатство и дека почитувањето на идентитетот на секоја заедница е важен услов за соживот и за заедничка европска иднина.

Македонското друштво „Сонце“ изразува благодарност до Комитетот за национални малцинства, Советот на Округот Корча, локалните институции, партнерските здруженија и сите учесници кои придонесоа за реализација на оваа активност.

На настанот беа присутни и претставници од верските заедници, Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос на улиците во Германија: Молотови коктели врз полицијата,ограбени продавници

По претежно мирните демонстрации на млади луѓе во Германија, синоќа во неколку големи градови изби насилство. 

Видео: Хаос на улиците во Германија: Молотови коктели врз полицијата,ограбени продавници

Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа Молотовлеви коктели врз полицијата, а повеќе од 200 лица беа уапсени.

Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург, пренесува „Шпигел“.

Во Франкфурт, ситуацијата ескалираше доцна вечерта, кога демонстранти провалија во продавници и украдоа стока. Полицијата уапси околу 30 лица, а при интервенцијата беше запленето и оружје.

Насилство изби и во Келн, каде што демонстранти фрлаа шишиња и велосипеди кон полициските службеници. Нападот се случи на плоштадот кај катедралата, во близина на главната железничка станица, при што едно лице беше повредено. Пет лица беа приведени.

Шефот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс, изјави дека од маскирани демонстранти биле одземени молотови коктели и чекани за итни случаи. „Целта поради која ги носеле овие предмети е очигледна“, рече Херманс.

Во Берлин, демонстрантите фрлале петарди, пиротехнички средства и јајца кон полицајците и новинарите. На протестите биле присутни и поддржувачи на пропалестинското движење. Портпаролот на берлинската полиција соопшти дека се уапсени 56 лица, додека речиси 30 полицајци се повредени.

Најголем број учесници во протестите имало во Хамбург, каде што, според податоците на полицијата, на улиците имало околу 6.700 луѓе.

Некои од демонстрантите, облечени во црно и со маски на лицата, ги запалиле барикадите.

Полицијата ја растерала толпата со употреба на бибер-спреј, а пожарот бил изгаснат со водени топови.

Уапсени се околу 120 изгредници.

Демонстрациите во 34 германски града биле организирани од иницијативата „Генерација З решава“ („Gen Z regelt“), која, според сопствените изјави, се огради од насилството.

Протестите првично биле замислени како мирни собири, со барања за поголеми финансиски средства за училиштата, подобра поддршка за луѓето што се соочуваат со зависности и подостапна психотерапија. Учесниците, исто така, побарале конкретни мерки за справување со порастот на трошоците за живот, поголема социјална правда и посилна заштита на климата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“.

Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.

Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер