Г. г. Стефан: Велигден е серадосно сретение со оној во кого нашето срце се успокојува - Канал 5

Г. г. Стефан: Велигден е серадосно сретение со оној во кого нашето срце се успокојува

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост,.

Г. г. Стефан: Велигден е серадосно сретение со оној во кого нашето срце се успокојува

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: Христос воскресна!, истакнува во велигденското послание поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископоот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Христос воскресна! - Навистина воскресна!, наведува г.г. Стефан, е поздрав на животот што Бог ни го подари не само преку тајната на Неговото воскресение и преку победата над гревот и смртта, туку и преку радоста на овој настан што ни ја дарува со неизмерливото смирение, со примерот на своето снисходење, простување и пожртвуваност за секој човек и за секое создание.

Во продолжение Велигденското послание:

Возљубени празникољупци,

Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме празникот над празниците - Велигден! Исполнети со веселие, кое извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме целата суштина и смислата на нашата вера, која, како што вели апостолот, ќе беше празна ако Христос не воскреснеше.[2] По тагата од Неговите страдања на Голгота, еве, ја примаме спасителната благодат од Неговото воскресение и од љубовта со која нè исполнува Неговата порака: Радувајте се![3]

Оваа победа на животот над смртта, овој разгорен ога, кој го проголта гревот, и оваа светлина која темнината на адот не може да ја опфати, не ни се дарувани само нам, кои сме крстени во името на воскреснатиот Господ - кoj e коренот на нашата вера, туку за целото човештво и за сиот свет.[4] Во оваа свештена велигденска радост ние христијаните имаме голема одговорност бидејќи сме должни да ја сведочиме победоносната вест за воскресението за и другитe да ја чујат, видат и познаат, па да поверуваат и да влезат во радоста на Христа воскреснатиот. Па, така, и тие, заедно со нас и со сите созданија да ги прослават радоста и правдата на Царството Божјо, кое во воскреснатиот Спасител не ќе има крај.

Возљубени чеда во Христа воскреснатиот,

Одново и одново се поздравуваме воскликнувајќи: Христос воскресна! - Навистина воскресна! Ова е поздрав на животот што Бог ни го подари не само преку тајната на Неговото воскресение и преку победата над гревот и смртта, туку и преку радоста на овој настан што ни ја дарува со неизмерливото смирение, со примерот на своето снисходење, простување и пожртвуваност за секој човек и за секое создание. Со Неговото доброволно вкусување на смртта, пак, ни ја покажа Неговата неизмерна љубов, со која чинот на скончанието во овој свет стана врата низ која сите минуваме за да преминеме и да влеземе во бесконечната радост на воскресението и животот во идниот век.

Возљубени во Господа,

Дојдете и видете[5] ја оваа живоносна велигденска радост во Христа Богочовекот, кој доаѓа и ни се дава во Неговото славно и победоносно присуство. Тој доаѓа и ни се дарува во светите тајни и во молитвите, за и ние, растејќи во Него, да достигнеме воскресенска вера, та пазејќи ги Неговите заповеди, да се удостоиме да влеземе во Неговата радост. Живеејќи таков живот, пак, можеме да го посведочиме она што повеќе од два милениума се потврдува: дека Христос е жив и дека и ние сме живи во Него. Затоа Велигден е серадосно сретение со оној во кого нашето срце се успокојува.

Возљубени црквољупци и родољупци,

Нашиот богољубив народ отсекогаш живеел со воскресенската надеж. Маките и неправдите од овој свет секогаш ги поднесувал утешувајќи се со споменот за Велигден, а во победата Христова ја гледал Божјата правда на Царството небесно, кое ќе дојде во слава. Како христоносен народ, по целата македонска земја, секогаш сме ја љубеле воскресенската убава вера, која го прославува Велигден не само еднаш годишно, туку постојано - секоја недела. Повикот на псалмопејачот: Ова е денот што го создаде Господ; да се зарадуваме и да се развеселиме во него[6] бил повик и за нашиот верен народ да се црквува и во секојнеделното воскресение да празнува примајќи го Христа и поучувајќи се да живее богољубиво и човекољубиво.

И не само оние наши црквољубиви и родољубиви предци, за кои имаме жив спомен од фреските, иконите и житијата, туку и оние за што дознаваме од песните и преданијата на нашиот македонски народ, ни се доказ дека нашите претходници од воскресенската вера не се откажувале ни по цена на страдања бидејќи биле утврдени во вистината за воскресението Христово. Нивниот крстоносен начин на живеење, исполнет со воскресенска радост во живиот Бог - нам, на нивното потомство - ни остана светол пример како се исповеда и како се брани темелот на православната вера - Христовото воскресение.

Возљубени чеда на Македонската црква,

Ова лето Господово, во кое повторно преку благодатта Божја ни е даден вечноживиот дар за прославување на Велигден, ќе одбележиме и годишнини од нашето минато, кои, како во татковината така и насекаде до каде што нè има како народ, ќе ни овозможат повторно да го оживееме споменот за тие светли настани од нашата црковна и национална историја. Така, во оваа година се навршуваат 1.140 години од враќањето во Македонија на светите Климент и Наум од Моравската мисија, со што се организирал црковно-литургискиот живот на Охридската црква и се поставиле темелите на Охридската книжевна школа. Годинава се навршуваат и 1.110 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски, патронот на нашата света црква, кој во радоста на вечниот живот е наш постојан молитвеник и закрилник. Се навршуваат и 150 години од Разловечкото востание, како и 80 години од донесувањето на првиот Устав на НР Македонија, со кој се потврди возобновената македонска државност. Еве, овие незаборавни настани, врежани во нашата црковно-национална самосвест, нека ни бидат поттик за да го чуваме споменот за нашите достојни претшественици, кои се вградиле во основата и во обновата на нашата татковина Македонија и на нашата Македонска црква. Но тие нека ни бидат и порака да ги сочуваме придобивките што ни ги оставиле, а потоа и да ги надградуваме давајќи нови плодови.

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик:

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

† СТЕФАН,

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод

на Македонската православна црква - Охридска архиепископија

† ПЕТАР, митрополит преспанско-пелагониски

† НАУМ, митрополит струмички

† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски

† ЈОВАН, митрополит крушевско-демирхисарски

† МЕТОДИЈ, митрополит американско-канадски

† ПИМЕН, митрополит европски

† ИЛАРИОН, митрополит брегалнички

† ЈОСИФ, митрополит тетовско-гостиварски

† ГРИГОРИЈ, митрополит кумановско-осоговски

† ГЕОРГИЈ, митрополит дебарско-кичевски

† НИКОЛА, митрополит австралиско-новозеландски

† ЈОАКИМ, епископ дељадровско-илинденски

† МАРКО, епископ делчевско-каменички

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно

Хуманоидните роботи наскоро би можеле да станат вообичаена глетка во фабриките и магацините, а нивното производство во Соединетите Американски Држави би можело да достигне дури 1,5 милиони единици годишно до 2035 година. 

Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно

Ова го предвидува инвестициската банка JPMorgan, која очекува индустријата за хуманоидна роботика брзо да се развива во текот на следната деценија.

Според анализа објавена од Ројтерс, американското производство на хуманоидни роботи би можело да достигне помеѓу 300.000 и 400.000 единици годишно до 2030 година. Пет години подоцна, тој број би можел да биде речиси четири пати поголем.

Најголема побарувачка се очекува во производството, логистиката и магацините, каде што роботите би можеле да преземат повторувачки рачни задачи. Недостатокот на работна сила и сè поповолните оперативни трошоци дополнително го стимулираат интересот на компаниите за оваа технологија.

JPMorgan проценува дека трошоците за ангажирање хуманоидни роботи веќе се приближуваат до трошоците за човечки труд. Според нивните пресметки, користењето роботи во повеќе смени би можело да им заштеди на некои компании околу 100.000 долари годишно.

Сепак, масовното производство е сè уште далеку од едноставно. Аналитичарите предупредуваат дека роботските раце, актуаторите, системите за вештачка интелигенција и производствениот капацитет претставуваат најголеми пречки за понатамошен развој. Роботите мора сигурно да манипулираат со предмети, да се движат низ сложени средини и да извршуваат задачи без постојана човечка помош.

Повеќето американски производители, со исклучок на Тесла, моментално планираат да произведуваат помеѓу 10.000 и 30.000 хуманоидни роботи годишно. Меѓу компаниите што JPMorgan ги издвојува се Тесла со својот робот Оптимус, Бостон Дајнамикс со својот Атлас, Фигура АИ, Агилити Роботикс и Аптроник.

Се очекува силен раст и на пазарот на компоненти. JPMorgan проценува дека пазарот за клучни делови за хуманоидни роботи, вклучувајќи мотори, актуатори и системи за машински вид, би можел да достигне речиси 30 милијарди долари до 2035 година.

Доколку предвидувањата се остварат, хуманоидните роботи би можеле да станат важен дел од индустриското производство во следната деценија. Сепак, колку брзо ќе преминат од демонстративни видеа до секојдневна работа ќе зависи од нивната сигурност, цена и способноста на производителите да ги произведуваат во големи количини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат

Граѓаните се соочуваат со растечки трошоци и намалувања на јавните услуги, додека федералната влада троши милиони евра за мебел, осветлување и декорација, тврди Германското здружение на даночни обврзници.

Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат

Од почетокот на тековниот мандат на Бундестагот во мај 2025 година, федералната влада потрошила околу 5,8 милиони евра за нов мебел, опрема за простории и декорација. Бројките беа објавени во одговорот на владата на пратеничко прашање од пратеничката група на Алтернатива за Германија (AfD) во Бундестагот.

Бројките предизвикаа остри критики од Германското здружение на даночни обврзници.

Претседателот на здружението, Рајнер Холцнагел, особено го критикуваше она што го опиша како несовпаѓање помеѓу повиците до граѓаните да штедат и трошењето во рамките на државниот апарат.

„Наводно нема простор за намалување на финансискиот товар врз граѓаните, но кога станува збор за самиот државен апарат, ременот е доста лабав - кога станува збор за декорација и такви работи“, изјави Холцнагел за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“.

Министерствата за надворешни работи, одбрана и финансии се меѓу најголемите трошачи

Шеснаесет федерални министерства потрошиле вкупно околу 5,8 милиони евра од мај 2025 година. Оваа сума вклучува не само класичен мебел, туку и ламби, теписи, завеси, слики, скулптури и украсни растенија.

Министерството за надворешни работи издвоило пари специјално за мебел и декорација. Од почетокот на тековниот мандат, потрошило вкупно 840.062 евра за мебел, ламби, теписи и декорација. Само во 2026 година, околу 256.000 евра биле издвоени за ламби, теписи и завеси.

Министерството за одбрана е на второ место со околу 813.000 евра. Федералното министерство за финансии, исто така, евидентирало значителни трошоци. Одделот предводен од министерот за финансии Ларс Клингбеил (SPD) инвестирал повеќе од половина милион евра во мебел, опрема и декорација од мај 2025 година.

Министерството за финансии е на врвот на листата по трошоци за декорација

Податоците за трошоците за декорација се особено интересни. На прво место е Министерството за финансии, кое од мај 2025 година издвои вкупно 45.077 евра за оваа намена. Ова значи дека овој оддел учествува со повеќе од една четвртина од вкупните трошоци за декорација на федералната влада.

Министерството за финансии, исто така, евидентираше значителни трошоци за опремување на канцеларии на највисоко ниво на управување. Само во 2026 година, досега се потрошени 47.737 евра за реновирање и повторно опремување на овие канцеларии.

За Здружението на германски даночни обврзници, овие бројки се причина да се преиспита политиката на трошење на федералната влада. Холцнагел смета дека оние кои бараат заштеди од граѓаните мора да ги применуваат истите стандарди и во своите институции и министерства.

Според него, Комитетот за буџет на Бундестагот има посебна одговорност, што сега може да покаже колку сериозно политичарите ги сфаќаат најавените мерки за штедење.

Оваа контроверзност повторно го отвора поширокото прашање за одговорноста на федералната влада во ракувањето со парите на даночните обврзници. Особено во време кога јавните финансии се под притисок, граѓаните внимателно ќе следат на што политичарите ги трошат своите пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најпопуларниот Јутјубер на светот одигра тајбрејк со Серена, доби предност од 6:0 (ВИДЕО)

Серена Вилијамс се врати на теренот по пензионирањето. 

Најпопуларниот Јутјубер на светот одигра тајбрејк со Серена, доби предност од 6:0 (ВИДЕО)

Една од најголемите, а според многумина и најголемата тенисерка на сите времиња, одигра еден натпревар на Вимблдон, го загуби, а сега се врати на теренот во интересен судир.

Американската тенисерка го прифати предизвикот и ги вкрсти рекетите со најпопуларниот стример и јутјубер во светот, „Спид“. Американскиот јутјубер имаше и голема предност во тајбрејкот што го одиграа. Тој доби предност од 6:0, па му требаше само еден поен за победа.

Дуелот започна, „Спид“ го имаше првиот сервис, меѓутоа, Серена освои осум последователни поени со прилично бавно темпо и славеше. Беше многу јасно дека дури и со 10% од нејзината сила во играта (можеби и помалку) Серена немаше проблем да го добие овој необичен натпревар. „Спид“ беше нервозен, фрлајќи го својот рекет, ништо не помогна. Легендата е легенда на крајот на краиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер