Г.г. Стефан: Нашиот патрон, светиот Климент Охридски советува да оставиме добар спомен на земја

 Нашиот патрон, светиот Климент Охридски советува да оставиме добар спомен на земјата, за да пристапиме добро кон небесата.

Нашиот патрон, светиот Климент Охридски, преку чие учество во Божјата благодат и преку чие молитвено сеќавање и застапништвото за нас ние постоиме како Црква и како народ, советува да оставиме добар спомен на земјата, за да пристапиме добро кон небесата. Црковно-народното чествување на светиот Климент Охридски, патронот на мајката Македонска pравославна cрква, и годинава, веќе по традиција, со сношната Празнична вечерна и со духовната академија во Богословијата започна, за, еве, денес да продолжи на Богословскиот факултет, со научен симпозиум, чијашто средишна тема овојпат е христијанското учење за сеќавањето, за помнењето, за споменот.

Ова денеска го истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на отворањето на петтиот Светиклиментов научен собир на тема „Сеќавање (па́мѧть)", што се одржува онлајн во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски" во Скопје.

– Тој наш црковен и народен великан, вам ‒ на учесниците на собирот, нека ви биде поткрепа при излагањата и при дискусиите. Впрочем, гледајќи ги имињата на учесниците на академскиов собир и читајќи ги насловите на приложените теми, сигурен сум дека симпозиумов ќе биде не само настан за паметење во нашата богословска наука, туку и дека ќе биде ден што ќе послужи имињата на неговите еминентни учесници да бидат уште посилно спомнати од Господа во Неговото Царство. И самото објаснување, коешто ја придружува поканата за собиров, ја истакнува неусогласеноста меѓу христијанското и секуларното разбирање на сеќавањето, неусогласеност што е последица на различното сфаќање на тоа кому му е упатена прозбата, односно, кој е оној што се сеќава на човекот, рече г.г. Стефан.

Таа разлика, потенцира архиепископиот охридски и македонски, е последица на тоа што човекот на постхристијанското општество ја заслабнал својата заедница со Бога.

– Престанувајќи горе да ги има срцата – да ги има кон Господа, тој го загубил дарот за божественото. Затоа неретко, дури и верните, знаат прозбата за „вечно сеќавање" („вечнаѧ па́мѧть") погрешно да ја толкуваат само како молба за вечен спомен на упокоениот овде, на земјата, верување кое е далеку од правилното христијанско разбирање и учење. Посакувајќи нечиј спомен да биде вечен на овој свет, чијшто лик е минлив, таквите посакуваат ништовно ‒ овоземно и минливо сеќавање. Оттаму е и трагичноста на секуларната крилатица: „Додека луѓето се сеќаваат на покојникот – тој живее!", зашто, не човекот, тој земјен прав кој во земјата повторно ќе се врати, туку Бог, преку Кого живееме, се движиме и постоиме, е Оној што се сеќава на нас. Следствено, таа молба не е за нечие продолжено постоење во човечката меморија, туку е израз на нашата увереност дека оние коишто во Христа се облекле, ќе останат облечени во Него и тогаш кога ќе им се соблече земното тело, истакна г.г. Стефан.

Инаку, потенцира архиепископот охридски и македонски, правилно сфаќање на христијанското учење за сеќавањето е можно само во христоцентричен и во евхаристоцентричен светоглед. Посочи дека на литургијата се сеќаваме не само на времиња и настани минати, туку и на идните, конечни настани.

– Ова е највидливо на евхаристиската анамнеза, кога, спомнувајќи си за сè што стана заради нас: Крстот, гробот, тридневното Воскресение, вознесението на небесата, седењето оддесно…, ние не се сеќаваме само на минатото, туку си спомнуваме уште и за второто и славно доаѓање. И токму ова литургиско сеќавање на есхатонот е предуслов за нашето земање удел во него, зашто Господ Христос ни вели: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене. Во таа смисла е и молењето во евхаристискиот дел од Василиевата литургија: дај ни, дури до последното наше издивнување, достојно да примаме дел од Твоите светињи, за попатнина кон вечниот живот. Ете, затоа човекот е должен да се облече во Господа, за да би можел да учествува во Неговата вечна радост, не заборавајќи дека дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ, како што апостолот им објаснува на Римјаните, рече г.г. Стефан.

Единствено во Црквата, нагласи архиепископот, човекот се учи на средствата преку кои се постигнува духовно совршенство, зашто Црквата е столб и тврдина на вистината и единствено преку неа, преку Црквата, човекот расте со Христа и во Христа, и се соединува со Бога за сета вечност.

– Значи, христијанското сеќавање не е мисловно и сентиментално оприсутнување на минатото, туку е излегување надвор од просторно-временските граници и премин е во Божјото Царство каде Бог е сè во сè, а каде ние, бивајќи во Бога, сме во вистинско сеќавање на сите и на сè. Принесувајќи најобичен принос – лебот и виното, и сведочејќи го нивното станување Тело и Крв Христови, се присетуваме дека и ние, најобични среде луѓето, можеме да се принесеме на Бога и да станеме Негови причесници. Дотолку повеќе, увидуваме и дека, всушност, не можеме да се задоволиме со тоа да останеме најобични среде луѓето, зашто како што земните дарови се издвоени за да му се принесат на Бога, така и ние, благодарствено возвраќајќи му го на Бога Неговиот дар, треба да се издвоиме и да се осветиме, та самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме, додаде г.г. Стефан.

Деканот на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски" во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски рече дека повод за одржувањето на петтиот Светиклиментов научен собир е одбележувањето на денот на Свети Климент Охридски, патронот на Православниот богословски факултет, но и на целата Македонска православна црква.

– Ова е единствениот настан со кој факултетот го одбележува својот патрон Свети Климент Охридски, нашиот втемелувач на писменоста, литературата, јазикот, духовноста. Нашиот Богословски факултет е наследник на славниот Светиклиментов универзитет, додаде проф. д-р Ѓорѓевски.

Се помалку украински бегалци сакаат да се вратат во земјата

 26,2 отсто од украинските бегалци се убедени дека ќе се вратат дома, а уште 26,3 отсто веројатно планираат да го сторат тоа.

Повеќе од половина од украинските бегалци во странство и натаму планираат да се вратат во Украина, иако нивниот удел е намален за повеќе од 20 отсто во споредба со минатата година, покажа истражувањето на агенцијата за истражување на јавното мислење „Инфо Сапиенс“.

Така, 26,2 отсто од украинските бегалци се убедени дека ќе се вратат дома, а уште 26,3 отсто веројатно планираат да го сторат тоа, објави Униан. Меѓу нив, 61 отсто планираат да се преселат во Украина по завршувањето на војната.

За споредба, во ноември 2022 година, истражувањето покажа дека 49,7 отсто од украинските бегалци дефинитивно планираат да се вратат дома. Од нив 24,3 отсто се изјасниле дека планираат да го сторат тоа. Уделот на возрасните кои планираат да се вратат дома е поголем.

Кај децата овој процент е помал, 22 отсто од нив дефинитивно сакаат да се вратат, а 25 отсто веројатно сакаат. Повеќето од оние кои сакаат да се вратат се деца на возраст од 6 до 14 години и оние кои учат во украински училишта. Во исто време, расте бројот на Украинци кои претпочитаат да живеат во странство отколку во Украина.

Очекувано, подолгиот престој во странство е проследен со високо ниво на адаптација кон новиот живот. /MИА

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. 

Утре, во недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ појаснуваат дека согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Посочуваат дека редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време. /МИА

Србија доби нова Влада, премиер Милош Вучевић, 31 министер и 26 министерства

Собранието на Србија вечерва ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

За новата влада од 250 пратеници колку што има српското собрание, за владата гласаа 152 од 213 присутни пратеници, а 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници.

Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои пет се министри без ресор. Новата влада има третина од новите имиња во однос на претходната Влада на Србија предводена од Ана Брнабиќ.

Премиерот на новата српска влада Милош Вучевиќ во експозето на собраниската седница вчера најави дека владата ќе биде континуитет на политиката на досегашните влади и на претседателот Александар Вучиќ. За Северна Македонија кажа дека е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа.

Во новата влада Синиша Мали ќе биде вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин-вицепремиер, Ирена Вујовиќ-вицепремиер и министер за заштита на животната средина, Братислав Гашиќ-министер за одбрана, Марко Ѓуриќ-министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ-министер за евроинтеграции, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-министерка за рударство и енергетика, Златибор Лончар-министер за здравство, Томислав Момировиќ-министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ-министер за правда, Славица Ѓукиќ Дејановиќ-министер за образование, Немања Старовиќ-министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ, министер за култура, Андријана Месаровиќ, министер за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за администрација и локална самоуправа, Јелена Беговиќ-наука и иновации и Хусеин Мемиќ министер за туризам.

Милан Кркобабиќ е министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ е министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор. /МИА

притисни ентер