МакедонијаГ.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазикБлагодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги.Нема поприлично место од Охрид и македонската светиња над светињите - црквата „Света Софија“ за празнување и одавање почит на Светите браќа Кирил и Методиј, на оние кои не учеа на единство во верата, на оние благодарејќи на чие дело се удостоивме да го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги. Тоа го истакна Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан во обраќањето пред присутните на Свечената академија што се одржа во Охрид. - Овие избледени фрески на „Света Софија“ чиниш ја шепотат сета наша историја и сиот наш помин, и се показ пред светот за тоа кои сме и од кога сме...И навистина природно и прекрасно е што овој настан се одржува овде, во една од највеличествените базилики во православието, во храмот посветен на Премудроста божја, посветен во слава на Словото божјо, во древниот Охрид, градот на Свети Климента, најнадарениот ученик и продолжувач на светото кирилометодиево дело, рече архиепископот Стефан. Тој потсети дека неслучајно византискиот император Михаил, еден од најмоќните луѓе во тоа време, ги одбрал токму солунските браќа Кирил и Методиј да ги воведат словенските народи од преисториско во историско време, од неписменост во писменост, од духовна непросветеност во цврста закотвеност во пристаништето на нивната вера... - Светите браќа Кирил и Методиј создале дело од исклучително значење и од историски и во географски конекст, дело кое и 12 столетие по нивното заминување останува живо и делотворно и кое веруваме ќе остане до крајот на вековите.., рече поглаварот на МПЦ. Тој рече дека и по толкаво временско растојание, од нивното мисионерско дело, пораката и начинот на делување се поучни и за овие денешни, не помалку немирни и не помалку предизвикувачки времиња...Непријателствата меѓу народите, судирите меѓу културите и разните немири во нашите дни, како што рече, не би биле такви и не толкави кога во светот би имало повеќе луѓе со богољубие и човекољубие какви што имале солунските браќа... - Тогаш кога посилните империи и поетаблираните народи сакале културна и јазична превласт над Словените, Светите Кирил и Методиј не наметнувале туѓ јазик и култура, туку сакале Христовото име и неговата наука да допрат до срцето на секој човек на разбирлив, мајчин јазик...Тие секаде оделе како сејачи на Евангелието, со слово а не со меч, градејќи мостови, делувајќи за Славата божја...рече поглаварот на МПЦ. Македонците како народ и како Црква, додаде, треба да се особено благодарни на Светите Килил и Методиј што јазикот говорен во солунско беше јазик на нивната проповед, а тој наш јазик стана и остана богосложбен јазик за бројни народи. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, од своја страна своето обраќање го искористи за да потсети дека Кирил и Методиј со создавањето на глаголицата на словенските народи им дадоа не само алатка за писменост, туку и можност да го слушнат и разберат Божјиот збор на својот мајчин јазик. - За Македонија делото на светите браќа има посебна тежина - тие се симбол на духовна светлина, на културна независност и вековната борба за зачувувањена нашиот јазик, писмо и идентитет. Преку нивната мисија, македонската почва стана мост меѓу Истокот и Западот, меѓу верата и науката, меѓу старото и новото, тие се темелите на нашата писменост...рече меѓу другото таа. Ангелова истакна дека сеќавањето на Светите Кирил и Методиј не значи само да се поклонува на минатото, туку обврска да се чува јазикот, културата и духот на слободата. Таа уште истакна дека во духот на мисијата на браќата Кирил и Методиј во Моравија, се роди и УКИМ, првиот државен и државотворен универзитет во земјата, основан далечната 1949 година. - Од своето основање со три факултети, денес УКИМ прерасна во најголема и најзначајна високообразовна институција во земјата, со 23 факултети, пет научни институти, Православен богословски факултет и седум придружни членки...Со над 25 илјади студенти во прв циклус, повеќе од 2800 вработени, со што претставува столб на образованието и науката во земјата, рече Ангелова. На Академијата и претходеше и тематска Изложба на досега необјавени ракописи и старопечатни книги од 13, 14 и 16 век, како и промоција на Тројазичниот речник од Ѓорѓија Пулески кој годинава слави 150 години од првото издание, како и делото „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков.Тагови: МПЦ -ОА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВеќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансферДали фудбалерите навистина вредат толку многу? Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот. Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид. Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра. Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл. Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано. Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери. Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона. Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра. Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи. Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц. Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра. Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид. Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо. Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера. Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери. На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони. Трансфери над 100 милиони евра: 1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ) 2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ) 3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул) 4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи) 5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити) 6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид) 7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул) 8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи) 9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона) 10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона) 11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити) 12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи) 13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид) 14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи) 15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус) 16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем) 17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед) 18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона) 19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид) 20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид) 21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)Тагови: милиони Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09