3ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ЗдравјеФЗО: Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенцииФондот за здравствено осигурување (ФЗО) врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи.Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи и информира дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции. Во однос на неодамнешните тврдења за наводни непотребни медицински интервенции, изнесени во јавноста, ФЗО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на транспарентноста, почитувањето на законите и заштитата на правата на пациентите. Од ФЗО нагласуваат дека „со должно внимание“ ги следи сите прашања поврзани со квалитетот, безбедноста и законитоста на здравствените услуги што им се обезбедуваат на осигурениците и апелира до сите чинители во здравствениот систем, како и до јавноста, „за одмерена и аргументирана комуникација заснована на проверливи факти, со цел зачувување на довербата во здравствениот систем и избегнување на генерализации што можат да предизвикаат сензационализам“ -Фондот ја истакнува важноста на придржувањето кон професионалните стандарди, медицинската етика и принципите на медицина заснована на докази, кои претставуваат темел на здравствениот систем. Во рамки на своите законски надлежности, ФЗО врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи, со цел да обезбеди здравствените услуги да се изведуваат во согласност со законските прописи и склучените договори. Во сите установи се вршат редовни годишни контроли, а Фондот постапува и по поднесени претставки на пациенти или по сопствен наод. Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, додека по сопствен наод Фондот има извршено девет контроли за приватно наплатени средства, се вели во соопштението од ФЗО. ФЗО, сепак посочува дека нема законска надлежност да ја оценува медицинската оправданост на изведените интервенции, ниту да врши инспекциски надзор врз стручната работа на здравствените установи, укажувајќи дека овие надлежности се во доменот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат или на специјални комисии формирани од министерот за здравство. Фондот, во рамки на своите овластувања, посочува дека ќе продолжи да работи на спречување на евентуални неправилности во користењето на финансиските средства и дека останува посветен на заштитата на правата на осигурениците и на обезбедувањето квалитетни здравствени услуги. Министерството за здравство, претходно соопшти дека веќе се координира за проверка на тврдењата споделени во јавноста за можни непотребни медицински интервенци, како и спроведување на итни и вонредни надзори со цел добивање на целосната слика, откако кардиологот Сашко Кедев по гостување на Канал 77, изјави дека во приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел да се стекне поголем профит. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаСтерјовски на Самитот за мир во Тирана: „Нашите идентитети треба да бидат мостови, а не ѕидови“Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“.На меѓународниот собир, Стерјовски се обрати како претседател на МАЕИ и политички претставник на македонската заедница во Албанија, истакнувајќи дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество која треба да се зачува и да се пренесе на идните генерации. Во своето обраќање, Стерјовски нагласи дека Албанија претставува значаен пример за соживот меѓу припадниците на различни верски заедници. „Овде, луѓето од различни вероисповеди живееле рамо до рамо, ги делеле радостите и тешкотиите, граделе семејства, заедници и заедничко општество. Овде научивме дека различноста не е закана, туку богатство“, истакна Стерјовски. Говорејќи за македонската заедница во Албанија, тој посочи дека Македонците со векови живеат во хармонија со албанскиот народ и активно придонесуваат во општествениот, културниот, образовниот и јавниот живот на земјата. Посебно го издвои примерот на големиот писател Стерјо Спасе, со македонско потекло, кој преку своето творештво оставил значаен белег во албанската литература. „Ова е пораката што сакаме да ја пренесеме: нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“, порача Стерјовски. Во продолжение на своето излагање, претседателот на МАЕИ говореше и за важноста од зачувувањето на мирот и меѓуверскиот и меѓуетничкиот соживот. Тој истакна дека мирот и соживотот не се дадени еднаш засекогаш, туку бараат постојана грижа, дијалог и одговорност. Стерјовски предупреди дека политичките, националистичките и геополитичките интереси можат да придонесат кон создавање недоверба меѓу заедниците, нагласувајќи дека на обидите за инструментализација на етничкиот и верскиот идентитет треба да се одговори со дијалог, транспарентност, меѓусебна почит и зајакнување на демократските институции. „Ние веруваме во Албанија каде црквата и џамијата не се гледаат како симболи на поделба, туку како дел од еден заеднички општествен мозаик“, истакна тој. Во својот говор Стерјовски се осврна и на европската иднина на Албанија, нагласувајќи дека Европската Унија претставува заедничка иднина и простор на мир, правда, човекови права и почитување на различностите. Тој порача дека МАЕИ силно ги поддржува европските и евроатлантските интеграции на Албанија и изрази надеж дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија ќе заврши што е можно поскоро, со поддршка од европските и американските партнери. Меѓународниот самит во Тирана беше посветен на промовирањето на мирот, меѓуверскиот дијалог и почитувањето на верската и етничката разновидност како основа за стабилно и демократско општество.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ТехнологијаПовеќе од милион користени телефони продадени како нови: Штета од 300 милиони евраПолицијата спроведе рации во 19 европски земји поради сомневања за измама со мобилни телефони продавани преку интернет, со која е предизвикана штета проценета на околу 300 милиони евра, соопштија обвинителите на ЕУ.Европското јавно обвинителство (EPPO) наведе дека криминални организации продале повеќе од милион користени мобилни телефони претставувајќи ги како нови, се вели во соопштението за јавноста објавено во вторникот. Од саботата, низ Европа се спроведени повеќе од 160 претреси, што резултираше со апсење на седум осомничени лица во Австрија, Германија и Шпанија – вклучително и двајца водачи на организацијата – извести EPPO. Според извештаите, измамата предизвикала и загуба на приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ поголем од 30 милиони евра за неколку земји од ЕУ. Азвор: АвазТагови: ЕУ мобилни телефони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканШтрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобусШтрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони. Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните. Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо. Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook